Прв бакнеж

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Имав 16 години, во еден момент беше грозно, замислете туѓ јазик во уста хахахахах ама после бесе и тоа како слатко : )
 
Еееее мојот прв бакнеж. Вчера по некоја случајност седна до мене во воз, од сите празни седишта :vozbud:
Може уште му се свиѓам и после толку време :pos:
Чудно е што не разговараме официјално, али кога ке се видиме вака, а се гледаме еднаш у година си прајме муабет :)
 
Крај на осмо, полу-матура во Охрид мислам дека бевме...бев многу нервозна, ама помина супер. Ми беше и прв дечко и најкратка врска до сега-не цели 24 часа :pos: Исто така првиот дечко за кој се утепав од плачење :icon_bigg
 
Во прва година средно. Одвратно! Си отидов дома да се измијам заби и ја потрошив пола паста
 
Не беше ништо лошо или гадно како кај некои луѓе што им се видело од прв пат, али некако, не беше нешто посебно како што очекував да биде... Си мислев „и шо е целава фама околу ова“... Истото до душа си го помислив и откако прв пат имав секс, не само за првиот бакнеж лол
 
на 14 години и не памтам...пијан бев:tapp:
 
Прв бакнез на 16 години со мојот најверен пријател кога ме замоли да пробаме..и пробавме со голема не=ност....
 
Како што гледам некој стандард е да биде тоа на некои си 15-16 години, па така и со мене. Се деси пред едно тазе време, да не се фалам, ама бев мртов ладен како и по обичај. Типката ми рече дека како да не ми е првпат, ваљда ради тоа што сум бил мртов ладен. И онака, без јазици, со едно мало потчукнување со забите. И се беше супер додека од рандом причина не почнав да се смеам додека сеуште бевме „конектирани“ (информатчари, јебеш га...). И од тогаш вечито си се смеам кога ќе ми текне дека почнав да се кезам на сред бакнеж.
 
Леле, кога ќе ми текне каква беше таа вечер :)
Беше сабота навечер и со другарки седевме на ѕдчето пред училиште. Тој пројде со свој другар и ни се придружи непланирано (не дека ми сметаше:D). Претходно си имавме флертувано и онака невино ми рече да му правам друштво да купи цигари (јеа рајт). Наместо во продавница отидовме позади школо. Знаев што следи и бев ептен нервозна, некоја несигурност и слабост во колена имав. Пошто он беше постар викам што сака нека прави, нека ме води он. И... бидна. Прво нелагодно ми беше, бев вкочанета, ама после ја совладав техниката. :pos:Имаше брада од 2-3 дена што пријатно ме боцкаше. За целото време не си ни рековме ништо, зафатеност шта ќеш:pos: Баш фино искуство на кое секогаш кога ќе ми текне ми измамува насмевка. Нормално дека врска не бидна, пошто ја си се сметав за мала (а и бев) ама си се мувавме некое време.
Он е крив што обожавам денес зелени очи оти ги имаше најубавите. :)
 
Одамна беше, 16 години имав. Се знаев со дечкото од претходно, но ете таа вечер некако ни се погоди муабетот па се тргнавме од друштвото и излегнавме на само. Се случи и тоа првиот бакнеж, кој јас толку го очекував и му придавав големо значење. Голем настан. Интересно беше, мислам ми се допадна, по првиот ајде бидна и вториот, третиот... и во еден момент дечкото ми вика ти некако чудно се бакнуваш, а јас лелее се затуфкав, се засрамив и правам така тужничка фаца и срмежливо викам па јас незнам да се бакнувам, мислам првпат ми е...хахха потоа се смеевме и двајцата. Во секој случај интересно беше.
 
прва средно.......јао Симоно....ако ми излежиш пред очи.........kad te uhvatim.......
it was good :)
 
У осмо оделение,со првата љубов :) на екскурзија,после првиот следеше уште цела вечер лигавење :pos: јебига интересно тогаш ептен беше.Али се на се одлично искуство.
 
Првиот бакнеж, најубавиот. :P Јас имав 14, тој 15 и двајцата неискусни т.е прв пат ни беше. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom