Поттик и мотив за живот?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Погрешен мотив. Не барај благодарност. Ако било што во животот правиш за благодарност, или да те запомни некој, или (скраја да е) на гроб да ти дојде - боље играј шах. Со комјутерот.
Не е тоа благодарност. Поентата е дека поттикот и мотивот се губат.

На крајот на краиштата главен поттик во СЕ во животот е стравот или желбата за слава. Или бегаш или ловиш, биолошки гледано нели.

Сеедно, сакав да кажам дека и да ја исплниш целта која ќе си ја зацрташ мислејќи дека помагаш некаде некому, и да си ја наполниш душичката, уште пред да умреш илјадници веќе тргнале по грдиот пат. А што смени ти?

well you tell me :(
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Сеедно, сакав да кажам дека и да ја исполниш целта која ќе си ја зацрташ мислејќи дека помагаш некаде некому, и да си ја наполниш душичката, уште пред да умреш илјадници веќе тргнале по грдиот пат.
А што смени ти?

well you tell me :(
Себе си. Стана надчовек.

А тогаш, се е поинаку :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Себе си. Стана надчовек.

А тогаш, се е поинаку :)
Не озбилно... надчовек нема, реално.

Ако мислиш посмртно... мислиш дека нешто има откако мозокот и срцето ќе престанат. Нема, и веќе ништо не е важно...
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Не озбилно... надчовек нема, реално.

Ако мислиш посмртно... мислиш дека нешто има откако мозокот и срцето ќе престанат. Нема, и веќе ништо не е важно...

Немој да си ја кудеш живеачката, со тоа стануваш себичен за љубовта која треба да ја дадеш на најблиските.
Bdw, не верувам дека товите мотиви за живот се исцрпени...не претерувај:wink:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Немој да си ја кудеш живеачката, со тоа стануваш себичен за љубовта која треба да ја дадеш на најблиските.
Bdw, не верувам дека товите мотиви за живот се исцрпени...не претерувај:wink:
Знам, и сам кога си ги читам постовите на темава сум си благо смешен, бидејќи тоа што го пишувам е глупаво, но најсериозно не можам да си најдам цел заради која живеам или ми дава поттик во животот.
Живеам затоа што морам, и секое утро кога се будам не си викам “Ајде денес да сториме чекор понапред до големиот пехар“... Не верувам дека било кој тоа го прави.
Како и да е, поентата на муабетот ми отиде во скроз погрешна насока, но сепак вистинита, реална и тажна. Дека секој мотив, и секој поттик е смешен кога ќе се сетиш какви апсурди се случуваат секоја секунда секаде во светот. Како капак не можеш да сториш ништо околу тоа, а ако се потрудиш да сториш нешто, ќе останеш само бледа дамка во историјата. Твоето ќе го завршиш а бедата ќе продолжи двојно посилно.
 
За да се појават твоите мотиви кои ќе те влечат напред, престани да филозофираш и да ја бараш поентата на живеењето....
Always, keep it simple and stupid:wink:
 
Narkos

...::enter my mind::...
Член од
12 април 2007
Мислења
677
Поени од реакции
5
ни мотив ни поттик неам,
едноставно си живеам, гледам шо повеќе да се забавувам, а во моменти и многу ладнокрвно и незаинтересирано за ништо
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Емоциите, фамилијата и самата јас... Она што го правам го правам во животот го правам првенствено за себе си и за моите. Успехот што го постигнувам е лично мој успех, чувството на задоволство и гордост кое се постигнува во тие моменти се рефлектира на фамилијата... Се окулу ме мотивира и поттикнува да продолжам понатаму.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
За да се појават твоите мотиви кои ќе те влечат напред, престани да филозофираш и да ја бараш поентата на живеењето....
Always, keep it simple and stupid:wink:
Се сложувам сосема :) :helou:
 
CuCeNcE

perfectly imperfect
Член од
19 јуни 2006
Мислења
1.878
Поени од реакции
7
Да, токму така, што е она што ве одржува секојдневно во форма?
Се надевам дека секој од нас има мотив и поттик за живот.
Што е она што ви преставува поттик и мотив да живеете, да создавате, работите...итн.Кои се оние работи кои секојдневно ве потсетуваат дека животот што го живеете не е залуден, и дека не живеете живот “на празно“? Дали се тоа луѓето кои ве опкружуваат, вашата фамилија, вашата работа инт.?

Дали е тоа некоја личност, или пак некој момент?

Кои се луѓето и моментите кои ве прават среќни и исполнети и уште повеќе ви даваат желба и мотив за нови победи и нови радости во животот, а со тоа уште поголема мотивација за живот?
Мотив сум си самата "јас"...Создавам, работам, донесувам одлуки за мене и за мојата иднина.Самата помисла дека животот е еден, ме тера да продолжам понатака и да уживам во секој момент што ќе ми се пружи, но исто така и да создавам и да се градам како личност. Тука се и луѓето што ми значат и што ги сакам највише. Самата помисла на нив, убавите моменти и нивната радост и насмевка ми даваат уште поголема мотивација за понатака...

И на крај што кога веќе нема ниту потик ниту мотив. сте биле ли некогаш во ваква состојба? Што тогаш?
Секој човек доживува разни падови во животот...Доста познато ни е дека ничиј живот не е совршен. Баш поради таа причина никогаш не смее да се изгуби мотивот за поубав живот...Напротив треба да се собере сила за да може да се продолжи понатака. И секој пад треба да го сфатиме како ново искушение и како една обична сопка која ни ја става животот. Сепак животот е само една обична игра!!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Има нешто што се вика инстикт за преживување, и тоа е единственото нешто што навистина не одржува во живот. Да, на некој му е побитна фамилијата, на некој кариерата, итн. али тоа се само филувања на нешто што е во суштина инстинкт поради кој одбираме да постоиме и тогаш кога животот ни сервира не-толку-убави нешта. И тој поттик и мотив за живот го делиме и со животните. Затоа што тие ниту се борат за слава, ниту бркаат кариера, ниту имаат особена поврзаност со партнери и слични ствари кои сметаме дека му се резервирани на човекот, а сепак постојат како и нас. На крајот од краиштата и ние пред се само постоиме, без да знаеме зошто. А сите нешта како успех, љубов, сигурност итн. се само дополнителни елементи кои ни го прават постоењето помалку или повеќе пријатно. И сакаме да веруваме дека ни се мотивот и поттикот. Но не се.Тие не се причина и последица сами по себе.
Мотивот е многу поедноставен и не толку индивидуален. И всушност, до ден денес никој не знае кој е точниот мотив и поттик.Може само да нагаѓаме.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.329
Да, токму така, што е она што ве одржува секојдневно во форма?

Се надевам дека секој од нас има мотив и поттик за живот.

Што е она што ви преставува поттик и мотив да живеете, да создавате, работите...итн.

Кои се оние работи кои секојдневно ве потсетуваат дека животот што го живеете не е залуден, и дека не живеете живот “на празно“? Дали се тоа луѓето кои ве опкружуваат, вашата фамилија, вашата работа инт.?

Дали е тоа некоја личност, или пак некој момент?

Кои се луѓето и моментите кои ве прават среќни и исполнети и уште повеќе ви даваат желба и мотив за нови победи и нови радости во животот, а со тоа уште поголема мотивација за живот?

И на крај што кога веќе нема ниту потик ниту мотив. сте биле ли некогаш во ваква состојба? Што тогаш?
Најмногу што ме одржува моментално (иако животот не ми е баш најсјаен) е љубовта. Ако ја немав ќе беше полоша ситуацијата.
Кои се моментите и луѓето у глобала? Па луѓето кои ми се најблиски - најмногу ги сакам и почитувам. За моментите не ми се важни многу. Тие се лесно менлива работа.
За крај сум бил и во оваа ситуација, (The Dark Ages) еден период во животот кога еден случај ми го поремети целиот тек. После тоа заклучив дека џабе ми е со тој пристап на мојот живот - монотон песимизам. И си реков life is too short to do those big mistakes. Life goes on.
 
Шмизличка

Let the good things roll
Член од
11 мај 2007
Мислења
355
Поени од реакции
4
Самиот копнеж на некои моменти кои сум ги проживеала да ги проживеам уште еднаш ме држи во живот. Надежта која последна умира. Надежта за подобар живот, повеќе љубов или поголем успех. И самиот тој факт дека сум сакана од некој, дека имам поддршка од некој и дека напредувам во нешто ме прави среќна и ме исполнува.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom