Поттик и мотив за живот?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, токму така, што е она што ве одржува секојдневно во форма?

Се надевам дека секој од нас има мотив и поттик за живот.

Што е она што ви преставува поттик и мотив да живеете, да создавате, работите...итн.

Кои се оние работи кои секојдневно ве потсетуваат дека животот што го живеете не е залуден, и дека не живеете живот “на празно“? Дали се тоа луѓето кои ве опкружуваат, вашата фамилија, вашата работа инт.?

Дали е тоа некоја личност, или пак некој момент?

Кои се луѓето и моментите кои ве прават среќни и исполнети и уште повеќе ви даваат желба и мотив за нови победи и нови радости во животот, а со тоа уште поголема мотивација за живот?

И на крај што кога веќе нема ниту потик ниту мотив. сте биле ли некогаш во ваква состојба? Што тогаш?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Зависи кој колку е амбициозен.........
На дебилниот единствен поттик му е јадењето........
На бизнисменот успехот.....
На емотивецот љубовта...........
На сиромавиот и богатиот парите.............
Значи секој има различен мотив за живеење, а кога го нема преживува:nesvest:

Мене лично ме мотивираат емоциите, фамилијата па успехот:salut:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Самиот живот ме тера да продолжам понатаму.Ако не е како што треба,ме фаќа инат и ќе ја оправам работата па што сака да биде и ќе се извлечам од било што што ми се случува во моментот.

Потоа,мојата фамилија ми е голем поттик,бидејќи секогаш биле покрај мене и ме подржувале и сум им бескрајно благодарна и самата љубов која што ми ја пружаат ми е доволна да се смеам и да бидам среќна.

Моите пријатели и луѓето кои ми се блиски.Луѓето кои без разлика дали мојот живот бил дождлив или сончев,секогаш биле покрај мене.Самиот факт дека имам на кого да се потпрам,со кого да се насмеам,ми дава храброст и поттик да бидам со крената глава и гордо исправена пред сите предизвици.

Љубовта,иако обично е невозвратена,е мојот основен двигател во животот.Кога сум заљубена обично имам повеќе елан и енергија и дури и работите кои најмалку ги сакам,ги правам со љубов.Максимум давам и вложувам во било нешто кое почнувам да го правам,едноставно целата цветам и се осеќам како да можам и карпа да подигнам.

Не ми се случило да немам никаков мотив или поттик во животот.Сум имала подеми и падови,но секогаш сум имала некоја причина да продолжам.Не би сакала да останам без поттик или мотив или желба бидејќи тоа би значело дека мојот живот е празен,а се додека ги имама горенаведените работи,мојот живот секогаш ќе биде исполнет и ќе знам дека мојот живот не го живеам залудно.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
успехот,фамилијата,пријателите,љубовта,емоциите....:wink:
 
С

Сатори

Гостин
Да, токму така, што е она што ве одржува секојдневно во форма?
Фактот дека имам можност да го живеам животот на начинот на кој сама сум избрала.
Што е она што ви преставува поттик и мотив да живеете, да создавате, работите...итн.

Кои се оние работи кои секојдневно ве потсетуваат дека животот што го живеете не е залуден, и дека не живеете живот “на празно“? Дали се тоа луѓето кои ве опкружуваат, вашата фамилија, вашата работа инт.?
Се.
Учам, но го правам тоа добро, имам родители кои ме обожаваат, пријатели, се што ми е потребно да бидам среќна.
Да имам причина да живеам и да го сакам тоа, да имам зошто да се борам.
Дали е тоа некоја личност, или пак некој момент?
Моментите како и личностите се неопходни.Едно без друго, ретко одат заедно.
Кои се луѓето и моментите кои ве прават среќни и исполнети и уште повеќе ви даваат желба и мотив за нови победи и нови радости во животот, а со тоа уште поголема мотивација за живот?
Луѓето кои веќе ги сакам, тие што ги запознавам и почнувам да ги засакувам, малите дечиња на улица кога се бркаат, братучед ми Стефан.
И на крај што кога веќе нема ниту потик ниту мотив. сте биле ли некогаш во ваква состојба? Што тогаш?
Да, еден мал временски период, кога апсолутно се ти е сеедно, за среќа тоа биле моменти, ништо повеќе.
Се побркуваат сите приоритети и шаблонот кој сме го зацртале повеќе нема смисла.
Обично иде после некое големо разочарување, трае само пола саат, потоа продолжуваме понатаму.
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Што е она што ви преставува поттик и мотив да живеете, да создавате, работите...итн.
Кои се оние работи кои секојдневно ве потсетуваат дека животот што го живеете не е залуден, и дека не живеете живот “на празно“?
Баш фактот што се плашам од тој "живoт на празнo". Не сакам да си признаам дека може да ми се случи нешто што не ми одговара, нешто што ќе ме повреди или ќе ми попречи во било кој мој план.
Прво, зашто сама себе си се убедувам дека мене нештата не ми се случуваат, туку јас ги иницирам и никој друг. Второ, сакам да верувам дека можам се`. А реалноста е толку, толку поинаква... Жално е што затворам очи пред тоа што не ми се допаѓа. Уште пожално што сум свесна дека грешам. Ќе се научам, кај и да е. Сега за сега ми е вид помошно средство (на кое му изминува рокот на траење).:jaj:

Имам големи амбиции, непроменети за долг временски период и немам намера да отстапам додека не ги остварам. Поентата е во тоа што сакам да биде лесно, а не сум жива ако не седнам и не анализирам се` до детали, колку сака нека е чисто. Можеби си комплицирам, но сум научила да не ги пикам работите под тепих и крај.
Друга работа, конкуренцијата. Немам овде што да елборирам, јасно е. И најмала закана дека некој друг ќе ми го собере тоа што треба да е мое... И збеснувам. :jaj:
Кои се луѓето и моментите кои ве прават среќни и исполнети и уште повеќе ви даваат желба и мотив за нови победи и нови радости во животот, а со тоа уште поголема мотивација за живот?
Луѓето што ми значат. Сите, до еден.
Оние кои (не)свесно ги повредувам и оддалечувам од себе, а сепак не можам без нив (и не можам ни да им` го кажам тоа), оние кои ги толерираат сите мои глупости, а НЕ заслужувам, оние со кои секојдневно комуницирам, па се толку многу присутни во мојот живот што заборавам да им` кажам колку ги сакам, оние кои не се повеќе покрај мене, оние кои ми заминале и се` уште чекам да се вратат, а ги нема, оние кои се грижат за мене и сакаат да успеам, а се толку сконцентрирани на тоа што забораваат на моите чувства...
Многу ги имало. Имаат мани, како и секој од нас, и јас перманентно влегувам во конфликти со нив. На различен начин ме перцепираат како личност, се случува сосема спротивно да ми ги интерпретираат постапките, различно реагираат на мене... Ама ме сакаат. Повторно, не ја манифестираат таа љубов сите исто, но не ми ни треба за да знам и бидам сигурна.
А моментите се последица од нив. Служат како потсетник - мотив (не ми текна ништо поарно :pos:), за кога не се покрај мене луѓето, да го имаат истиот ефект како оние кои го предизвикале тоа.
И на крај што кога веќе нема ниту потик ниту мотив. сте биле ли некогаш во ваква состојба? Што тогаш?
Си чекам да помине.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Најскапоцените мотиви во мојот живот, се малите ситници и задоволства што го исполнуваат животот, но и работите што ме прават среќна.

Мојата младост
- се обидувам максимално да ги искористам можностите што ми ги нуди и да созреам како личност борејќи се за успех во понатамошниот живот. Ги сакам овие денови што никогаш повторно нема да се вратат и ќе останат само траги од спомените што се запишани во моето срце.

Моите родители - луѓето кои се борат и живеат за мене.

Пријателите - иако се поретко се вистински сепак горда сум што сум една од ретките која може да се пофали со вистински другари што знаат да ги ценат моралните нешта во животот.

Спортот и музиката - она кое ме разведрува, го опушта мојот дух и ми дава сила да продолжам понатаму.

Книгите и читањето - дозволуваат да уживам во прекрасниот пишан збор и предизвикуваат желба и обиди и јас да придонесам во таа област, да се обидам да составам нешто самостојно, нешто чисто што излегло во најтешките моменти на површината на хартијата која секогаш пати поради моите чувства.

Изгледа дека баш имам зошто да живеам. :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во секој период од животот мотивите ми биле различни. Претпоставувам темата е за што не одржува и мотивира во овој момент.

Фактот дека годинава ќе дипломирам и ќе се чуствувам поубаво и поисполнето затоа што ќе завршам едно поглавје од мојот живот и сум се стекнал со голем фонд на знаење од едно поле кое што навистина многу ме интересира. Самиот тој чин ќе ги развесели многу моите родители а кога они се весели јас се радувам со нив.
Полека но многу полека почнувам да размислувам за градење на мојата деловна кариера и за предизвиците и моментите што го носи таквиот живот-знаете како оди поговорката"Работата го Краси Човекот". Ќе треба да најдам сериозна девојка после толку долго време на несериозност на тоа поле, подоцно следува оформување на семејство кое што е една од работите кој што навистина ги цена почитувам и искрено ги сакам. Исто така ме одржува помислата дека еден ден ќе имам деца и јас ќе бидам тој што ќе треба да ги учи и да им ги покажува убавите работи на овој свет, највќе од се се радувам што ќе ги сакам највеќе на свет. Помислата деке ќе треба да станам татко и сопруг ме исполнува и ме радува-тоа е една од оние обврски кои што само граматички се обрвска затоа што јас смета дека тоа е задоволство и привилегија која што не можат сите да ја имаат.

Контрадикторно на ова се радувам на сегашноста. На секој ден во оваа моја младост, на сите задоволства што ги пружа животот на еден млад човек. Неизвесноста што ќе се случи денеска и каде ќе заспијам вечерва исто така е еден поттик да си го сакам животов токму каков што ми е. Ја сакам Македонија ги сакам луѓето што живеат во неа си го сакам животот и се што ми дал и одзел.
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Поттик...хаха,мајка ми.Премногу и должам за да го завршам пред време животов.Да не беше она,досега хах,барем ке дознаев што има после ова...ке ми беше прекрасно.Ама ете...секако има и понекогаш моменти за кои вреди да живеам,ама,кога ке дојде депресијата тие се забораваат некако...
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
До пред некое време можев да кажам дека се осеќам исполнето, размислувајќи подлабоко незнаев ни сама зашто.. Луѓето околу мене беа само за забава, и мотивот за живот беше истиот.. Сега по подлабоко размислување можам да набројам повеќе работи..
Љубовта - Најубавото нешто е возвратената љубов, никогаш не размислував така можеби затоа што не ни имав почувствувано љубов. Сега сваќам дека баш тоа ме одржува во живот. А и нормално саканата личност за која што мислам дека би го дала животот. Сепак времето ќе покаже.
Пишаниот збор - Нешто што духовно го изградува, го издига човекот. Уживам кога пишувам и кога тоа што ми лежи на срцето го оставам на хартија, било дали е претопено во рап текст или во расказ.. Со секое пишано дело оставам на хартијата дел од себе.
Успехот - Сите се стремиме кон него. Гледајќи подлабоко што би правела понатака гледам дека всушност не сум на лош пат до успехот ако се потрудам малце, и за тоа вреди да се потрудам сепак.
Фамилијата - Конкретно мајка ми.. Личност што го дава животот за мене. Заслужува да и биде возвратено со иста мера. Секогаш била покрај мене кога најмногу ми требала.. И единствена што ме подржувала и кога ќе сум ги замачкала работите. :back: А од друга страна тоа што и јас би сакала да изградам фамилија еден ден, и да им пружам на мојте деца се што била разрушено во мојата фамилија. Сакам да пружам љубов на некој што е дел од мене и плод на мојата љубов. Сепак има време за тоа.

Сега за сега толку. Ако ми текне уште ќе допишам. Поздрав
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Секако дека имам причини поради кои го пречекувам секој нов ден...
Причина ми се сите оние драги личности кои ме опкружуваат,кои ме поддржуваат,сакаат,ценат...кои се до мене секогаш и му даваат поголема потпора на мојот живот.
Причина ми се моите соништа,цели...да си ги реализирам моите планови и желби за во иднина...Да имам свое семејство,солидна работа,да бидам успешна и цврста жена,мајка...
Денот кога би ги изгубила сите оние кои ми значат,кога би останала како на прав пат,изгубена,без ниедна идеја “каде сега“...тогаш можам да кажам дека мојот живот не вреди и нема смисла да продолжам да го живеам.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
па најголем потик и за мене е мајка ми!сваќам дека од сите луѓе таа најмногу ме сака!на моменти се чуствувам како животот да и го должам на неа!и најмногу ме боли кога ќе ја разочарам неа!
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Поттик за животот се моите најблиски дефинитивно, пошто тие ме подржуваат во сите мои замисли и остварувања. Ме бодрат и ми помагаат да одам до крај. Мотив ми е успехот, значи се трудам да го достигнам тој зацртан успех со помош на моите дома кои само они веруваат во мене. Поттик ми е и моментот, зборот од една особа на која и ветив дека ќе бидам подобра од неа. Желбата за успех ме води напред, а моите дома ми се поттик, се е тоа повржано. Без мотивот на живот ти неможеш ни да ја откриеш смислата на животот.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Мој мотив е мислава:Еден саат посветен по потрага по убавина и љубов,вреди исто толку колку цел век слава
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Семејството, желбата за успех, славата, луѓето околу мене... и се разбира, она што ме движи секогаш е мислата:
- Да си го изживеам животот, но и да оставам нешто по кое ќе ме паметат, нешто по кое ќе знам дека не сум бил само еден паразит, само еден од милијардите потрошувачите на кислород.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom