Поттик и мотив за живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Мотив за живот ми е самиот живот, и се` она што го прави да биде тоа што е, ни подобар, ни полош.
Мотив ми се сите оние на кои сум им помогнала, и оние на кои допрва ќе им помогнам. (првенствено кучиња :icon_lol:)
За блиските личности да не правам муабет, тие по дифолт ми се мотив.:)
 
Најголем мотив ми е животот како живот. Да знам дека сум жив, дека ми е даден подарокот наречен живот, ми е доволно и ми дава сила да протуркам низ се’. Потоа тука ми е семејството, за кое знам дека ќе ми даде безусловна поддршка и секогаш одличен совет. Last but not least, тука се личностите кои ги сакам и знам дека ме сакаат. Иако можеби се малку ти е што навистина ми значат, знам дека ми се доволни во секој момент. И секако, тука е и надежта, поубавото утре и позелената трева.
 
Секој моманет во животот ми дава поттик да живаем понатаму. Секој падеж, секоја веселост, ме тера напред и напред! Се уште немам доживеано нешто што би ме разочарало, па за да имам нешто посебно за поттик!
 
Life owes me everything... and I'm gonna take it..
 
Па секогаш наоѓам мотив во самиот себеси... Не дозволувам да ми снема мотив и поттик не само за живот туку и за било која друга работа. Некако задоволството кога нештото ке се заврши или среди и уживањето ми е најголем мотив.
 
Имам мотив , надежта за она што сакам да ми се деси во тој период ме одржува во форма и ми дава сила за да се борам за негова реализација :)
 
Успесите,кои навистина знаат да извадат задоволна насмевка од тебе.Падовите што те ставаат на искушение,на тест за издржливост.Во сета таа борба,најблиските за кои со сигурност можам да кажам дека никогаш нема да ме изневерат(а веројатно засега тоа сум само јас и уште некој,но ќе ги изоставам намерно)
 
neam motiv neam pottik, niiiiso. Samo nadezh koja sto posledna umira :wink:
 
Да знам како е да се умре, веднаш би се убил. Светот и животот е толку суров што секој свесен за околината би сакал да се убие веднаш од срам дека е човек.

Ама ај убиј се де...
 
Мотивот или поттикта за живот....
За мене мотив за живот е предизвикот кој ќе ме очекува утре...без разлика дали е тоа на љубовен план, деловен...едноставно неизвесноста за тоа што ќе биде утре и каков ке бидам јас и кои и какви ќе бидат луѓето што ме опкружуваат е поттик за да се продолжи понатаму.
 
Да знам како е да се умре, веднаш би се убил. Светот и животот е толку суров што секој свесен за околината би сакал да се убие веднаш од срам дека е човек.

Ама ај убиј се де...

Знам дека нема да се убиеш:smir: и знам дека си потполно во право. И јас би се претворила во пчелка (матица по можност) од што ми се згрозуваат тие со кои го делам видот.
Од друга страна, зар не е токму тоа одличен мотив да се продолжи да се живее и да се работи? Да го пробудиш најдоброто и најплеменитото во некого, барем во својата непосредна околина, барем кај еден човек.
 
За живот не знам, ама за да дипломирам мотив ми се штиклите на Manolo Blahnik, Cavalli i Armani
 
Знам дека нема да се убиеш:smir: и знам дека си потполно во право. И јас би се претворила во пчелка (матица по можност) од што ми се згрозуваат тие со кои го делам видот.
Од друга страна, зар не е токму тоа одличен мотив да се продолжи да се живее и да се работи? Да го пробудиш најдоброто и најплеменитото во некого, барем во својата непосредна околина, барем кај еден човек.

Не, кога тогаш ќе сфатиш дека и ти си само човек. Дека поседуваш омраза, љубомора, завист, злоба, желба за убав живот, дека си гладна и дека треба некому да му го земеш оброкот, дека си жедна....

На крајот, дека треба да се откажеш од се`... да бидеш трошка која ќе го даде животот залудно за нечие добро. И да успееш тој некој ќе биде благодарен само за миг, а потоа ќе исчезне и нема ни да доаѓа на твојот гроб откако ќе умреш.

Мајка ми ме убедуваше цел живот(со цел да направи добар човек од мене) дека човекот првенствено е добар длабоко во себе, јас тврдев дека е злобен. Злобен е по природа, а оние кои изгледаат добри само успеваат да одглумат за да ги придобијат нашите срца... Не сме различни ни ти ни јас.
Им завидувам... признавам. На сите оние кои немаат трошка време внимание и желба да помислат на сите проблеми кои луѓето во светот ги имаат.
 
На крајот, дека треба да се откажеш од се`... да бидеш трошка која ќе го даде животот залудно за нечие добро. И да успееш тој некој ќе биде благодарен само за миг, а потоа ќе исчезне и нема ни да доаѓа на твојот гроб откако ќе умреш.

Погрешен мотив. Не барај благодарност. Ако било што во животот правиш за благодарност, или да те запомни некој, или (скраја да е) на гроб да ти дојде - боље играј шах. Со комјутерот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom