Од трите мобилни оператори, кој има најдобар МАРКЕТИНГ?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
T-Mobile...посебно ми се бендиса онаа рекламата на зима шо ја даваја,кај шо се гушкаат сите,а и песната шо одеше во позадина ептен ми се бендисваше.Добро,и Cosmofon се добри,посебно за рекламни паноа,ама оние рекламите со калуѓерките ми се бљак.А VIP се катастофа,ужасни реклами,одвратни фаци...
 
T-Mobile...посебно ми се бендиса онаа рекламата на зима шо ја даваја,кај шо се гушкаат сите,а и песната шо одеше во позадина ептен ми се бендисваше.Добро,и Cosmofon се добри,посебно за рекламни паноа,ама оние рекламите со калуѓерките ми се бљак.А VIP се катастофа,ужасни реклами,одвратни фаци...

Еј да се согласувам со тебе, Т-Mobile со песната You and me and everybody we know ептен ми влезе во очи. Секогаш знаат да ги комбинираат актерите, музиката, текстот и времетраењето, бидејќи што подолго толко подосадно. Cosmofon со тие калуѓерки некако ме нервира незнам зашто ама ете рекламата не ми е до толку привлечна колку на Т-Mobile, додека на Vip ми е некако бледо многу не ме привлекуваат.
 
Кај ВИП ми се допаѓа што сите реклами им се во црно бела варијанта, не можам да се сетам дека некоја фирма искористила таков начин на рекламирање барем на нашиве телевизии, на Уан добра им е последната кампања - без финти, А на Т-мобајл рекламите се многу хармонични и интересни. Но сепак би се одлучила за Уан бидејќи најмногу работи на адвертајзингот, менува логоа, слогани кои се паметат и вметнува хумор до некоја пристојна граница.
 
Моментално дефинитивно Оне води, барем мене ми се впечатливи последниве реклами и баш ја доловуваат целта. Креативно, забавно, сите да ги разберат.
Т-мобиле прави светски реклами, многу труд, многу пари, она што ми се свиѓа кај нив е тоа што постојано организираат нешто ново интересно како ручеци, концерти, спортски натпреварувања... имаш премногу пари можеш многу да си дозволиш.
А ВИП уште треба да учат. Јес да имаат најдобри понуди на пазарот и најефтини се, ама маркетингот не им е најјака страна. Ама сепак водат во нови претплатници годинава:)
 
Дури не видам цицки разголени и газови во танги ништо не прифаќам за маркетинг. Тони Михајловски ич не ме привлекува вака како што би ме привлекла некоја со својот карактер опишан претходно за нивни претплатник.
 
напорни и нападни ми се сите три... незнаат да направат нешто привлечно и интересно, како кокакола на пример... сите едно те исто цело време верглаат... нај евтини сме, беспари ова беспари она и за сите важи едно исто правило... т.е има скриени трошоци...
 
ONE имаше малку кризен период со реклами во почетокот на годинава... ама мислам после последниве кампањи со „нулата“ и оние за BoomTV се вратија на врвот. :)
Од T-Mobile не гледам некои поинтересни реклами периодов, а VIP си тераат по истиот начин, ништо лошо, ама и ништо посебно.
 
ONE во последно време имааt добри промотивни активности, а ги имаат подобрено и условите за корисниците.
 
ONE имаше малку кризен период со реклами во почетокот на годинава... ама мислам после последниве кампањи со „нулата“ и оние за BoomTV се вратија на врвот. :)
Од T-Mobile не гледам некои поинтересни реклами периодов, а VIP си тераат по истиот начин, ништо лошо, ама и ништо посебно.

One имаат стварно примамливи и интересни понуди али коа ке отидеш у салон да се распрашаш прво ептен се неупатени тие вработените.. наместо да те третираат ко странка треба ти да ги молиш да ти завршат одредена работа поготово коа станува збор за купување на телефон.. ке се утепаш чекаји и на крај ке ти дојде и ке ти рече немаме во магацин дојдете утре и секој ден исто исто исто...

Т мобајл држат најголем дел од пазарот па така да кога ке видите и не им треба баш многу и многу рекламирање си имаат стари корисници кои несакаат да мењаат многу и многу оператори и ред руги работи.. а и квалитетни услуги даваат стварно

вип искрено се за жалење... како трет оператор на почетокот едвај успеаа да се изборат да опстанат.. ма да и денд енеска им се дешаваат срања и тоа највеќе ради мрежата.. кога ке видите и оне ги користи предавателите на т могајл па може да заклучите дека ги дупат од време на време... инаку вип мислам дека имаат најниски цени за било какви тарифи !!! а и добри понуди на телефончиња имаат 111
 
За маркетинг во моментов се вака

1. One
2. VIP
3. T-mobile
 
не знам,мене сите ми се интересни ама ај ќе кажам и јас како другарот погоре (ама ситници се во прашање)

1. One
2. VIP
3. T-mobile


Оне со новите се стварно интересни

ВИП со нивните реклами исто така (поготово оваа новата кога еден и се јавува на една женска и брзо и збора оти му е скапо а таа ништо не го разбира на крајот)

Т Мобиле со нивните светски реклами (поготово со рекламите пред нова година)


офф

исто така ми се интересни рекламите на Теле2 од хрватска со мафијашите
 
Некако според тоа што ги читам коментарите ја немате сфатено темата, пишувате за нешто што нема врска со насловот на темата, повеќето пишувате за рекламите на мобилните оператори, само за информација рекламите се мал дел од промоцијата а промоцијата е мал дел од маркетингот, е па сега видете колку сте далеку со одговорите, инаку да се вратам на вистинскиот наслов на темата, мислам дека во моментот Вип има најдобар маркетинг, промоцијата не им е толку добра како на ONE, меѓутоа затоа нудат интелегентни решенија како корисниците од другите мрежи да ги привлечат на своја страна и многу важно е тоа што имаат оргинални решенија и органални идеи, цените исто така се дел од маркетингот така да можам да кажам дека и тука се водечки ВИП, пред се затоа што имаат понуди со кои можат да ги задоволат потребите на сите типови на корисници, особено силна страна им се бизнис корисниците, слаба страна им е понудата на телефони и пакети со истите е тука T-mobile е водечки мобилен оператор, Т-mobile водечки е и со цената на мобилните и пакетите, но сепак факт е дека во моментот имаат најслав маркетинг пред се затоа што имааг голем број корисници и се одлични во техничкиот аспект (мрежа, корисничка помош и сл.). И да сумирам, според мене доколку би правел листа за маркетингот кај мобилните оператори би ги подредил во следниот редослед
VIP
ONE
T-Mobile
 
Според мене T-Mobile. Рекламите им се секогаш впечатливи и интересни за гледање, примамуваат едноставно корисници, а и понудите им се добри, или барем им се добро изрекламирани.
 
Според мене T-Mobile. Рекламите им се секогаш впечатливи и интересни за гледање, примамуваат едноставно корисници, а и понудите им се добри, или барем им се добро изрекламирани.

Најверојатно не го прочита постот над тебе, маркетинг не е само рекламата, маркетинг е пред се и цената, а цените на t-mobile, се најлоши високи цени и никакви спечијални понуди, никакви намалувања на цените со години, се уште стои истата понуда односно ако за 3 месеци немаш ставено 600 денари ти го исклучуваат бројот, е тоа е маркетингот, рекламите се еден мал сегмент, Маркетинг е и подржување на културните манифестации мислам дека во моментот VIP e најактивно на ова ниво. Има уште безброј сегменти што можат да се оценуваат и T-mobile во повеќето е многу поназад од останатите оператори.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom