Некако според тоа што ги читам коментарите ја немате сфатено темата, пишувате за нешто што нема врска со насловот на темата, повеќето пишувате за рекламите на мобилните оператори, само за информација рекламите се мал дел од промоцијата а промоцијата е мал дел од маркетингот, е па сега видете колку сте далеку со одговорите, инаку да се вратам на вистинскиот наслов на темата, мислам дека во моментот Вип има најдобар маркетинг, промоцијата не им е толку добра како на ONE, меѓутоа затоа нудат интелегентни решенија како корисниците од другите мрежи да ги привлечат на своја страна и многу важно е тоа што имаат оргинални решенија и органални идеи, цените исто така се дел од маркетингот така да можам да кажам дека и тука се водечки ВИП, пред се затоа што имаат понуди со кои можат да ги задоволат потребите на сите типови на корисници, особено силна страна им се бизнис корисниците, слаба страна им е понудата на телефони и пакети со истите е тука T-mobile е водечки мобилен оператор, Т-mobile водечки е и со цената на мобилните и пакетите, но сепак факт е дека во моментот имаат најслав маркетинг пред се затоа што имааг голем број корисници и се одлични во техничкиот аспект (мрежа, корисничка помош и сл.). И да сумирам, според мене доколку би правел листа за маркетингот кај мобилните оператори би ги подредил во следниот редослед
VIP
ONE
T-Mobile