Обично не гледам телевизија. За жал, вечера гледев, односно слушав од другата соба.
Пратеникот на ДУИ, Садула Дураки, кој го предизвика инцидентот на пузата беше министер (намерно мала буква) на Министерството за земјодество шумарство и водостопанство. Две години. Две години мрак и агонија. Неписмено, безобразно и некултурно створење. Можеше да се очекува ваква работа од него.
Јасно ми е дека влаедачката коалиција мораше да прави компромиси во распределбата на одговорните функции. Јасно ми е дека ДУИ и не располагаше со соодветен кадар. Ама сепак, не можам да им простам на СДСМ како тогашна владеачка партија што дозволија да се прокоцка во претпристапниот период една така важна стопанска гранка.
Истово го замерам и на сегашната владеачка гарнирура. Една до две ластовици не ја чинат пролетта, поготово ако се остатокот птици стари орлишта или лицемерни кукавици.
Ако се овие парламентарци, и сите пред нив, претставници на народот - тогаш народов ни е за плачење. Бидејќи знаеме дека не се и дека изборите уште неколку децении ќе бидат такви какви што се, неопходно е да се воспостави додатна селекција на кандидатите за парламент, базирана на тестови за интелегенција, општи познавања и конечно здравствена (со акцент на ментална) состојба.
До тогаш - ќе продолжам со негледањето телевизија.