Затоа што минатиот пост на темава ми забега малце и се осврнав само на онаа партнерска љубов, еве како јас ја дефинирам љубовта.
Љубовта е сила, сила која го движи секое битие и која е појака од истото. Љубовта е потреба, сечива потреба, нешто повеќе и поинакво од нагон и страст. Љубовта е причина за да се разбудиш утрово и за да останеш буден ноќва. Љубовта е овде и сега, љубовта е таму и тогаш, љубовта е безвременска и ја има насекаде.
Уште нешто - Љубовта е повеќе од "Сакај за да бидеш сакан".