~*~
Охохо,значи сите што голтаат тепано млеко(вашата текуЌина) од љубов тоа го прават.
Аман љубов и страст не е исто.
Доста правевме муабет за неисцрпниот извор на млекце кој би можел да ја спаси нашава млечна пропадната индустрија. Поевтинете го јогуртот.
Не сум модератор да попувам,но редно е да се вратиме на дефинициите за љубовта. А не за текучината.
Поентата само по себе е дека нема дефиниција ... НО ајде да дефинираме.
*го вади жолтиот тефтер од првата фиока на бирото*
Д-р.Дин Орним
Љубовта и блискоста се наоѓаат во коренот на човештвото.Не познавам ниту еден друг фактор во медицината, ниту исхраната, ниту стесот, ниту наследството, ниту лековите, ниту хирургијата, што има поголемо влијание врз нашиот квалитет на живот.
Д-р.Клод Стајнер
Да се биде исполнет со страст и со рамнотежа е да се биде духовно освестен, значи да се биде моќен.
Ерих Фром
Да сакаш некого не е само силна емоција, тоа е одлука, суд, ветување.
Пауло Коелјо
Вистинската љубов е акт на целосно дарување, оној кој сакал, го победил светот.
Марк Леви
Љубовта е парче надеж, постојано обновување на светот кој води кон ветената земја.Смртта е само миг од животот за оној кој знаел да љуби и да биде љубен.
Халил Џибран
Кога љубовта ќе ти даде знак, следи ја, иако нејзините патишта се стрмни и тешки!
Анита Наир
Љубовта е безбојна, несигурна течност.Љубовта пали и согорува, љубовта заминува без трага-ни дим, ни пепел.Љубовта е отров, преправен во духот на виното.
Гете
Она што го претставува блаженството на човекот, подоцна станува извор на неговото страдање.Имаме толку многу, а чувствувањето за неа сето тоа го голтнува, имам толку многу, а без неа сето ова не ми претставува ништо.
Чарлс Буковски
Љубовта е добра за оние што излегуваат на крај со психичкото преоптоварување.Тоа е како да пренесуваш на грб канта полна ѓубре преку бучна река од моч.
... Доволно е или да продолжам да дефинирам?
После мал милион книги, философија и психологија, сите медицински трудови кои што некогаш ги имам прочитано, што е љубов, знам само кога ќе го погледнам него.
Дефиниција!