Стрелец
El Mariachi
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 910
- Поени од реакции
- 10
Не е подобрена состојбата во Македонија
Над 70 отсто од анкетираните одговориле дека политичката и економската состојба е непроменета, или влошена, од пред една година, покажуваат резултатите од истражувањето.
Подобрување во политичката состојба сметаат дека има 18 отсто од испитаниците, а 26 отсто тоа го сметаат за во економската сфера.
Мнозинството анкетирани сметаат дека нема подобрување и во сузбивањето на корупцијата и криминалот.
Близу 62 отсто од анкетираните одговориле дека има повеќе, или, исто криминал во споредба со пред една година, а близу 70 отсто сметаат дека корупцијата во земјава не е намалена.
Приказната не завршува тука...
Два часа откако Институтот за демократија ги објави овие податоци, ВМРО-ДПМНЕ свика брифинг и објави своја анкета која исто така ја реализирал Институтот за демократија на почетокот на септември. (!?)
На прашањето – доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале, 23,5 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 7,2 проценти рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 7 – за ДУИ, 5,5 – за ДПА. Сите други партии имаат рејтинг под еден процент. Речиси 42 процента не би гласале за ниедна партија, а околу 13 отсто не знаат која партија би ја поддржале.
На листата со доверба во политичарите предничи Никола Груевски со 27,7 проценти, следува али Ахмети – со 7,1 процент, па Бранко Црвенковски со 3,9 отсто доверба. Мендух Тачи ужива доверба кај 2,4 отсто од анкетираните, а Радмила Шеќеринска – кај 1,6 проценти. Сите министри во владата на Груевски имаат доверба под еден процент.
На прашањето – дали сте задоволни од работата на владата во првата година од мандатот, со „да“ одговориле 53,9 проценти, а со „не“ 36 отсто.
Најголемиот број испитаници во ова истражување одговориле потврдно и на прашањата – дали владата вложува доволно напори во борбата против корупцијата, дали сте задоволни од нејзините активности за приближување кон ЕУ и НАТО, дали добро ги води економската и надворешната политика. Во Институтот за демократија потврдија дека ја работеле и оваа анкета на барање и за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.
И ај после, верувај им на анкетите и на партиите!!!
Како и да е, мене ми падна во очи уште нешто...
И кога би биле точни податоците објавени на брифингот од ДПМНЕ, забележлив е голем пад во довербата на ДПМНЕ... Од 29-30% на претходните анкети, сега подршка имаат само од 23,5% од анкетираните.
Од друга страна, кај СДСМ нема никакво подобрување кај рејтингот, ама затоа... процентот на оние кои што не веруваат никому континуирано се зголемува!!!