Институтот за демократија

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
11
Веб-сајт
www.tj-hosting.com
Не е подобрена состојбата во Македонија

Над 70 отсто од анкетираните одговориле дека политичката и економската состојба е непроменета, или влошена, од пред една година, покажуваат резултатите од истражувањето.
Подобрување во политичката состојба сметаат дека има 18 отсто од испитаниците, а 26 отсто тоа го сметаат за во економската сфера.
Мнозинството анкетирани сметаат дека нема подобрување и во сузбивањето на корупцијата и криминалот.
Близу 62 отсто од анкетираните одговориле дека има повеќе, или, исто криминал во споредба со пред една година, а близу 70 отсто сметаат дека корупцијата во земјава не е намалена.

Приказната не завршува тука...

Два часа откако Институтот за демократија ги објави овие податоци, ВМРО-ДПМНЕ свика брифинг и објави своја анкета која исто така ја реализирал Институтот за демократија на почетокот на септември. (!?)

На прашањето – доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале, 23,5 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, 7,2 проценти рекле дека ќе гласаат за СДСМ, 7 – за ДУИ, 5,5 – за ДПА. Сите други партии имаат рејтинг под еден процент. Речиси 42 процента не би гласале за ниедна партија, а околу 13 отсто не знаат која партија би ја поддржале.
На листата со доверба во политичарите предничи Никола Груевски со 27,7 проценти, следува али Ахмети – со 7,1 процент, па Бранко Црвенковски со 3,9 отсто доверба. Мендух Тачи ужива доверба кај 2,4 отсто од анкетираните, а Радмила Шеќеринска – кај 1,6 проценти. Сите министри во владата на Груевски имаат доверба под еден процент.
На прашањето – дали сте задоволни од работата на владата во првата година од мандатот, со „да“ одговориле 53,9 проценти, а со „не“ 36 отсто.
Најголемиот број испитаници во ова истражување одговориле потврдно и на прашањата – дали владата вложува доволно напори во борбата против корупцијата, дали сте задоволни од нејзините активности за приближување кон ЕУ и НАТО, дали добро ги води економската и надворешната политика. Во Институтот за демократија потврдија дека ја работеле и оваа анкета на барање и за потребите на ВМРО-ДПМНЕ.

И ај после, верувај им на анкетите и на партиите!!!

Како и да е, мене ми падна во очи уште нешто...
И кога би биле точни податоците објавени на брифингот од ДПМНЕ, забележлив е голем пад во довербата на ДПМНЕ... Од 29-30% на претходните анкети, сега подршка имаат само од 23,5% од анкетираните.
Од друга страна, кај СДСМ нема никакво подобрување кај рејтингот, ама затоа... процентот на оние кои што не веруваат никому континуирано се зголемува!!!
 
Грешка си.Пред неколку месеци на Премиерот рејтингот му беше 29-30 %,а не на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Види контрадикторности народ задоволни од работењето на Владата а освен Груевски сите други министри имат рејтинг под 1 %.

Е тоа е ефектот на маркетингот, само на лагата и се кратки нозете
 
Не е подобрена состојбата во Македонија
Со ова се согласувам од целокупниот текст.
Иако звучам ептен мизерно депримирачки, вистината е таа. Состојбата е иста многу време. Не се случуваат промени, иако сите ги ветуваат пред избори, најверојатно Брисел ќе не искара, како што стојат работиве, заради некадарноста на нашиве т.н. политичари и владејачки и опозициони, народот осиромашува, смешни сме и надвор и внатре во државата...Та и сите сакат бугар-тапија да земат и да бегаат.
Затоа и не им верувам на анкетите, од било кој извор и да доаѓаат...
Леб и игри.
Е тоа е.
 
Абе секому може да му се случи грешка... Па дури и тебе... Читај подолу!

Пред неколку месеци на Премиерот рејтингот му беше 29-30 %,а не на ВМРО-ДПМНЕ.
"Со 30 проценти, наспрема 29, колку што имаше во месец март, ВМРО-ДПМНЕ е убедливо пред СДСМ."
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=81209

А еве што вели сега анкетата што самите од ДПМНЕ ја објавија:
На прашањето – доколку следната недела се одржат парламентарни избори, за која партија би гласале, 23,5 отсто се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ...
Има ли пад или не?
 
Со ова се согласувам од целокупниот текст.
Иако звучам ептен мизерно депримирачки, вистината е таа. Состојбата е иста многу време. Не се случуваат промени, иако сите ги ветуваат пред избори, најверојатно Брисел ќе не искара, како што стојат работиве, заради некадарноста на нашиве т.н. политичари и владејачки и опозициони, народот осиромашува, смешни сме и надвор и внатре во државата...Та и сите сакат бугар-тапија да земат и да бегаат.
Затоа и не им верувам на анкетите, од било кој извор и да доаѓаат...
Леб и игри.
Е тоа е.

Би бил среќен коба сега би ти реплицирал и би ти набројал еден куп добри работи(или барем една) се што беше лани и сега е исто само што зејтинот и лебот се поскапи.
А за корупцијата...... не се справува со неа само со факање џандари за 20 евра, туку пред се во својот табор (Чинговски, Камчев, Јанакиевски, секој ден што дели станови на сиромашни).

Ама што да правиме врти сучи тоа ти МАкедонија
 
Да де...тоа е Македонија. За жал... Таква каква што е а не би требало да биде. 17 години имаме алиби демократија...демек НИЕ работиме, а ТИЕ растураат, и никој досега не презел одговорност за сопствените постапки, да излезе и да каже згрешивме, ќе се потрудиме да ја оправиме, да му се извини барем на овој народ за се она што не фрустрира и ни се случува од 1991 па навака.
НИЕ и ТИЕ се рандом. Стави место нив која партија сакаш, исто ти се фаќа. Резултатите - ги гледаме.
И, на крајот, излегуваат демек независни институции кои вршеле демек објективни сондажи и демек нечиј рејтинг бил висок или низок, во зависност од потребите.
Лажење народ и духовна храна за партиските војници.
 
Moe mislenje:

[media]http://www.youtube.com/watch?v=4g_blO56_dI[/media]
 
Абе секому може да му се случи грешка... Па дури и тебе... Читај подолу!

"Со 30 проценти, наспрема 29, колку што имаше во месец март, ВМРО-ДПМНЕ е убедливо пред СДСМ."
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=81209

А еве што вели сега анкетата што самите од ДПМНЕ ја објавија:

Има ли пад или не?
Не дека сум некој ситничар ама анкетата на а1 е од ИРИ,а оваа сега е од Институт за демократија.како и да е who gives a f.ck
 
Не знам како е можно да се има голема доверба во премиерот, а доверба блиска до 0 во министрите. :lud: Значи зборам воопшто, не за имиња и презимиња - за било кој премиер со било кои министри, а важи и за сегашниве. :icon_roll
 
Навистина тоа е многу интересно!
Зошто е тоа така?
1. Сеуште меѓу народот владее култ на личност. Значи Владата се поистоветува со Премиерот, другите... не се битни.
2. т.н. независни институции се всушност зависни од политичките центри на моќ.
3. комбинација од 1 и 2.

Јас сум за она под бр.3

ЗАКЛУЧОК:

Партиите манипулираат со народот во сопствената алчност и болна желба за власт.
 
Со 1% на доверба во владата (зошто влада не е само премиер) јас не знам како имаат храброст да одржат прес конференција наредени како матуранти,па мене би ми било срам да се појавам на улица бе.:)
 
Па не знам зошто се чудите за довербата во министрите, кога претсателот на НАЈГОЛЕМАТА партија во опозиција има многу мал рејтинг. Мислите дека е во ред Шекеринска да има рејтинг близок на 1.

Па ако целата работа на Владата ја поистоветуваат со премиерот мене многу очигледно ми е дека целата работа на СДСМ сеуше ја поистоветуваат со Бранко Црвенковски? така?
Ако не е така зошто тогаш Шекеринска има толкав мал рејтинг, во кого веруваат оние 6% од граѓаните што ја подружуваат СДСМ, сигурно немаат доверба во Игор-шема, или во Јани Макрадули. Туку тие токму Бранко го гледаат како неформален лидер на партијата.
Токму поради ова и не треба многу да се чудиме за потезите што ги влече СДСМ, заради тоа што за нив не одлучува Шекеринска, туку лицето Б.Ц.
 
Па министрите не ги има поставено Шекеринска!? Што ако имаат скоро ист рејтинг со неа? Работата е што тој што ги поставил за министри (премиерот) има неспоредливо голем рејтинг во споредба со нив. Тоа е чудното.
 
Back
На врв Bottom