Вака на пример,како со ТЕЦ-Неготино,кој дури се рачуна и за "странска инвестиција" која како по логика се знае дека ќе мора да ја платиме дупло по некоја година,затоа да ги замолиме владите во иднина да не привлекуваат "странски инвестиции" како што имаат обичај да ги наречат:
Ладната резерва воопшто не била земена како фактор кога се одлучувало кој ќе го добие тендерот за ТЕЦ „Неготино“, велат членови на комисијата, иако таа би можела да биде пресудна во крајните сметки. Имено, досега МЕПСО му плаќал на ТЕЦ „Неготино“ 2,7 милиони евра за ладна резерва. Во светот обично таа се плаќа 1,2 милион евра месечно или 14,4 милиони евра годишно. Пресметките покажуваат дека ако по оваа цена се договориме со новите газди, тие за 5 години без никакви трошоци ќе си ги вратат парите што ги дале за термоцентралата, а објектот ќе им остане бакшиш.Во „Хач“ не знаат дека купиле термоцентрала на Балканот во која ќе требаат да инвестираат 500 милиони евра, додека во Владата не го знаат датумот кога ќе го потпишат договорот.