Пациент:Asus Notebook F5M, стар 4 години, искористен до максимум.
Проблем: Има проблем сам со себе.
Цел: да се користи уште толку.
Симптоми:На вклучување дава црн екран, не прави никаква бука и пали само една сијаличка.
Превземени чекори:
- Го отворив и видов дена не врти ни кулерот на процесорот.
- Му ја извадив меморијата, ја избришав со гумичка и пак ја вратив.
- Ја извадив батеријата.
- Го извадив напонскиот кабел.
- При извадена батерија и напонски кабел го држев power копчето преку 40 секунди.
- Го извадив хард дискот.
- Го извадив процесорот.
- Направив преку 274 комбинации на вадење и ставање на компоненти. Ниту еднаш не запиште, само еднаш ми успеа да го крене кулерот на процесорот (ваљда од жал).
- Седнав на интернет и читав 4 дена за тоа како да го решам проблемот. Многу го решиле со финтата со меморијата, со батеријата...
- Се молев.
- Седнав да ви пишам.

Секоја помош, совет, reply, изјава од искуство е добродојдена. На најуспешните, Дедо Мраз ќе им донесе еленчиња.