и љубовта и милоста и среќата ни ги подарил Бог, поради Него и верата во Него срцето исполнето е со уште повеќе милост и љубов за да верува во себе и во луѓето што ги сака, оние за кои живее и дише, за нив посилно отколку за себеси:sun:.
Љубовта и милоста,се загрозени видови особини,кои му припаѓаат единствено на човекот.
Поточно,љубовта е емоција,која е емоција,која се појавува уште од почетокот на човечката раса,една од нејзините уникатни особини,по која се изделува од останатиот животински свет.
Биолошки гледано,тоа е хемиска реакција во телото.Чувствуваме љубов,кога во телото е зголемено(енормно можеби),нивото на хормонот допамин,попознат како хормон на среќата и љубовта(нели коа сакаш и си среќен
).
Секако,едно такво грандиозно и прекрасно чувство како што е љубовта,е премногу комплексно за да се објасни само како обична хемиска реакција.Тоа би претставувало деградација.Затоа,постои и спиритуелната точка на гледање на работите.
Енергијата на едно човечко битие,се поврзува со онаа на некое друго(без разлика дали е тоа мајка,татко,девојка),или пак со енергијата на било какво друго суштество(животно,растение),бидејки се наоѓаат на иста фреквенција во свет,кој е многу непознат за нас.Конекцијата која настанува,верувам дека е нераскинлива.Дури и кога во нашата реалност таа ке се прекине,во некоја повисока димензија,врската сеуште останува.Затоа,љубовта останува засекогаш,дури и после смртта,иако додека сме живи имаме можност да го чувствуваме тоа.Веројатно би се префрлила и во наредната инкарнација.
Милоста е особина,предизвикана од љубовта.Еден човек се грижи за друг бидејки го сака на било каков начин.
Поентата е дека и двете не ни се дадени од никој,туку ги поседуваме од нашето раѓање и ги развиваме во текот на нашиот живот.Барем така би требало да биде.
Во сегашното општество,се се повеќе потиснувани,намерно,бидејки,според некои будали,тоа е слабост,која во даден момент би спречила потенцијални материјални добивки и би предизвикала пропаст на патетичниот нов начин на живот на модерниот човек,наречен-професионална кариера.
But the love will win,i`m sure...