Интересни одговори, ја доловија мојата поента.
Атеистите велат: "Да го видам Бог, па ќе поверувам.", но многумина од нив ни самите не знаат што сакаат да видат, за откако ќе го видат претпоставеното да речат: "Ете го видов Бог и сега верувам."
Природата на Бог е духовна, а не материјална. Човечкото око ги гледа само материјалните работи, оние кои рефлектираат светлина. Нашето око не може да ги види духовните битија.
За ние да го видиме Бог, потребно е тој да се материјализира, ограничи и емитира или рефлектира светлина која потоа би доспеала до нашите очи.
Бог, по дефиниција, е безграничен и се разбира дека Неговото ограничување би било невозможно, доколку Тој не се откаже од некои Свои атрибути (како што е сеприсутноста).
Бог може да ни се објави како што Тој сака.
Тој на Мојсеј му се објавил во грмушка што не согорува. Зошто така одбрал Бог, не е наше да анализираме и критикуваме.
На Лот Бог му се објавил во вид на тројца луѓе (ангели).
На Илија Бог му се објавил во едно обично тивко ветре. Итн.
Секако најголемата објава на Бог, според христијаните, е во личноста на Исус Христос, каде Бог на целото човештво му покажа и докажа дека Тој е вистинит, постоен, заинтересиран за човекот и со огромна пожртвовна љубов кон него. Бог се објави во Исус Христос преку Неговата надчовечна мудрост, преку чудата кои ги направи, преку власта над природните сили (стивнувањето на бурата, одењето по брановите итн), преку влста над смртта (воскреснувањето на Лазар, Јаировата ќерка и др) и секако, најважно од се, преку огромната ЉУБОВ која Исус Христос ја искажа на Голготскиот крст каде го принесе Своето тело како жртва за гревот на целото човештво.
Тоа е нашиот Бог. Тоа е вистинската објава на Бог. Не е бог некој обичен маѓеоничар кој ќе се обиде да не импресионира нас обичните смртници со некакви чуда. Не е бог оној кој само седи на небесниот престол и одвај чека некој да згреши па да го мавне со камшикот. Не е вистинскиот бог оној кој што само суди и пресудива, ти ваму ти таму.
Вистинскиот Бог и Небесен Татко е оној кој се грижи за Своето создание, кој нема да го гледа Своето чедо како се дави до гуша во калта на гревот, туку ќе му излезе во пресрет, ќе се заземе за него, ќе му се доближи, ќе му подаде Рака и ќе го извлече од калта нудејќи му реална надеж за повторно враќање дома, во Божјото Царство.
Тоа е нашиот Бог - Бог на Љубовта.