Ајде помош!
Сакам да инсталирам безжичен рутер на кабел кој што доаѓа од друг рутер на растојание од 40 метри.Да ли е изводливо и која ИП адреса ќе ја има новиот рутер.?
Да ли ќе функционира нормално или ќе се јави конфликт на адресите?
Ајде мајстори,
Веќе втор или трет пат поставувам прашање за помош, ама никој не одговара.
Дали прашувам на Кинески или никој овде на форумов незнае да одговори?!.
Ги гледам форумџиите, некои од нив се почетници (меѓу кои и јас), иако сум на форумов веќе една година, а некои големи мислители со огромен број на мислења иако многу подоцна зачленети не се сметаат за почетници.
Си размислувам така и доаѓам до заклучок дека мислителите делат совети за се и сешто, понекогаш дури и за банални работи се отворат длабоки полемики, а кога ќе се постави некое посложено прашање истите ги нема никаде да помогнат.
Ако сметате дека форумов служи за лично фалење,самореклама и надметнување кој има подобра машина и кој знае повеќе од другиот, јас не се согласувам со вас.
Прашањето го поставив во оваа рубрика пред повеќе од 6 1/2 часа и никој не најде засходно да одговори, па се двоумам или поточно сум во дилема дали и понатака да го посетувам форумот за ХАРДВЕР или никогаш повеќе да не се вклучам на него.?