А1 Македонија (VIP)

Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428
Па ги гледам и сега работите за тарифите. Т-Мобиле нема ни приближно толку добри понуди како ВИП.

Еве сега ќе пробам најдетално што можам да ти го презентирам мојот случај.

Последните 5 години патувам од југот до северот, над 200 километри. Таму каде што ми снемувало мрежа и кога сум бил на Т-М и на Оне и на ВИП е исто. Низ карпи, марпи, котлини и мотлини. Во Скопје често се наоѓам во „дупка“ каде што на ОНЕ за да направам една минута разговор ми требаа 3-4 повикувања. На ВИП ми се нема десено прекин на разговорот. Ај за Т-М нема да тврдам бидејќи не сум бил во можност да тестирам.
Исто често сум во дојран. И таму има критични точки, каде што Т-М често знаел да ме сецне, за ОНЕ да не правам муабет, па и ВИП знае да заебе.

Мене ми е многу јасно дека секогаш ќе има незадоволни корисници, за било каков производ. Сигурно некој му се гади од кока кола. Ама да ми кажат дека ВИП е толку послаб од Т-М кога не е, е тоа е малку ми паѓа на нерви. Да се инатам јас, сигурно не.

Значи јасно ни е на сите дека ВИП е послаб во квалитет, но само ако си ги направиме ташациве цитрони и да бараме детални споредувања.
ТОа е тоа.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Воспоставување повик не се наплаќа повеќе, порано скапо беше, зборувам за сега имаш претплата од 900 ден, и 1 ден кон тмобиле фиксна и мобилна мрежа во секое време, а во останатите оператори 2.9 ден минута, без воспоставување повик и како сакаш да користиш претплата. Поефтино здравје.

Која ти е таа тарифа од 3 ден минута, а плакаш помалку од 1500.
Си продужив договор у промоција, имам 885 денари претплата (50%) + гига интернет, па иде некаде околу 1200 денари, 3 ден минута и HTC гратис.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.467
Поени од реакции
250
Си продужив договор у промоција, имам 885 денари претплата (50%) + гига интернет, па иде некаде околу 1200 денари, 3 ден минута и HTC гратис.
Како HTC гратис??? кој модел.

Гледав Дизајр пред нова год, во Вип беше негде 17000 на претплата 900 50 % и со интернет.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Goran_D брат, гледаш дека сите сме против тебе и дека само тебе ти е поубаво од цел свет што ти е поскапо.

Нам ни е поубаво пошто вака ни е поефтино.

Најверојатно работиш или твој близок работи во T-Mobile. Пошто инаку упатен човек (каков што наизглед тврдиш дека си ти) треба да е ненормален за да тврди дека T-Mobile имал поарни цени и услови од VIP. Прашај ја цела VIP мрежа :)))))

Јас имам 16 саати челепур (безпари) да правам муабет со сите мои најблиски секој месец. А со останатиот дел од претплатата (тоест со цела претплата од 590 денари) правам шо сакам. За многу евтини пари - 4,5 минута и остатокот до трошам на шмизлање по интернет и SMS :). 17,5 денари (тука некаде мање битно навистина) интернет 1 МB.

Кога тоа ке ми го овозможат арамиите од T-Mobile што ги тужеше државата и што платија 800 000 евра казна пошто го крадеа народот со уклучување на мејли без известување на корисниците, дојди пак на форумот и ке правиме муабет.
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Како HTC гратис??? кој модел.

Гледав Дизајр пред нова год, во Вип беше негде 17000 на претплата 900 50 % и со интернет.
Тоа 17 000 за вас што пишувате лошо за ВИП:pos::pos::pos:, а за тие што ги подржуваат ГРАТИС HTC :zlo:
И на крај дај стварно доста опираш и спамираш со смешни фрази од типот , „а си ги видел сега тарифите на ОНЕ и Т-шит“ и „ефтина-скапа тарифа“ збориш на памет и се бламираш без ни еден факт во поткрепа на твоите ставови.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Како HTC гратис??? кој модел.

Гледав Дизајр пред нова год, во Вип беше негде 17000 на претплата 900 50 % и со интернет.
Друже...а бе ептен го тупиш. :)
Не можиш да излажеш заебани луѓе од т-мобајл дека СЕГА нив им дошол умот и дека се подобри и најефтини од конкуренцијата....смешно, не се труди. Се надевам дека бар некоја парица ти дале да пишиш за нив тука.:)
А за HTC-то...еве ќе ти објаснам како, мада не заслужуваш.
Пред истек на договорот шо го имав, одеше промоцијата 50% од претплата ако продужиш. На претлата од 1770 50% ти е 885. Плус еден гига претплата интернет околу 350 денари, телефончето (wildfire) ми дојде без пари.

Треба ли уште да цртаме? :)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
657
Поени од реакции
541
Јас мобилен телефон користам скоро 9 години, сум бил во сите можни комбинации, освен во Оне постпејд... Дефинитивно најзадоволен сум од последново, ВИП постпејд, за 600 денари, имам 1000 мин кон вип и околу 120 минути кон другите мрежи (4.5 ден/мин)
Кога бев на Т-Мобиле, се тресев дури да видам колку ми скинало за еден повик, колку ќе дојди месечната сметка и слично, и секако цените до небо високи... Дури беше татко ми на ТМобиле, сметката испод 1500 не идеше, сега 3 пратплати на ВИП коштат 1200... Има разлика во секој случај, плус, сите драстично земаат ВИП бројчиња и кон нив е бесплатно. Сега гледам, многу се крена паника со наплаќањето на проверка на сметката, мене само ме заплашува дали ќе почнат полека полека да се зафркават и со други работи, иначе, 4 денари за проверка на сметка не е болка за умирање, не мора па 3 пати дневно да се проверва, плус има онлајн проверка, а скоро секој еден има интернет...

Во врска со телефоните, па мислам дека во вип се најскапи, и секако ги нема на лагер. За то голем минус. Ама во мојот случај, за среќа го најдов на залиха и си го зедов.
Исто така малце му е глупо со новите тарифи за бесплатни разговори во странство, зошто поголемиот дел, вервам, дека немат потреба од то, а со ова претплатата не можат да ја искористат за смс,нет и слично. сега, на ова новата тарифа, не би потпишал договор во вип... сепак, корисник на вип постпејд сум 6 месеци, и прилично задоволен, ако и вака продолжи, без размислување во април 2012 би го продолжил договорот на уште 2 години
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Мене ме интересира дали во ВИП салоните може да се извади сметка за вспоставени повици за одреден месец (потоно месец декември) и тоа од при=пејд бројче?
 
Член од
11 септември 2009
Мислења
323
Поени од реакции
55
Мене ме интересира дали во ВИП салоните може да се извади сметка за вспоставени повици за одреден месец (потоно месец декември) и тоа од при=пејд бројче?
Мислам дека неможеш од припејд бројче..
Инаку за минатиот месец на сметката ми пишува дека два пати сум пратил кредит на припејд бројче, а всушност само еднаш имам пратено.. Да се јавам во контакт центар да пријавам, или да не губам само нерви да си ги платам тие 100 ден?
 

Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Мислам дека неможеш од припејд бројче..
Инаку за минатиот месец на сметката ми пишува дека два пати сум пратил кредит на припејд бројче, а всушност само еднаш имам пратено.. Да се јавам во контакт центар да пријавам, или да не губам само нерви да си ги платам тие 100 ден?
Јас досега на два пати сум пратил приговор за нешто такво слично и двата ми беа уважени и добив извинување и рефундирање, така да пиши си приговор чим сметаш дека неправилно ти одзеле пари.
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
И јас сакам у вип.Имам пријатели од сите 3 мрежи.Нашите 3 броја дома трошеа до сега во ОНЕ до 700 ден.Ме иритира тоа што имаат нереално високи тарифи кон другите мрежи/Последниве 2 месеца поради тоа имам сметки по 1000 ден, само на едниот телефон ѕначи вкупно 1600 ден..А и телефоните што ги нудат за продолжување на договорот се тиква.Какви се условите во ВИП ѕа склучуванје на договор со на пр.2 пост пеид и еден при пеид броеви?И што телефони се нудат?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.181
Ме интересира нешто, сега официјално во претплата не спаѓа ништо како смс и нет?
Попрецизно ме интересира за префрлувањето кредит и донирање на тие бројчињата по 100 денари.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Да прашам некоја база на броеви на ВИП да не знае некој кај да најдам? Ми ѕвонел некој број од ВИП повеќе пати а неам од кај да се jaвам да прашам кој е. Ако некој знае како да го дознаам телефонот, ќе му го пратам бројот по ПП :).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Може ли префрлање од еден пакет на вип ( 3 броја со 600 денари претплата) во пакетот со роаминг(во оној каде има бесплатен роаминг)?
 
С

Спенсер

Гостин
Може ли префрлање од еден пакет на вип ( 3 броја со 600 денари претплата) во пакетот со роаминг(во оној каде има бесплатен роаминг)?
Да те прашам,пошто ти користиш ВИП и комуницираш со странство...

Викаат демек ВИП имал проблеми со мрежата? Демек немало постојано достапна мрежа и сл...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom