напизден, накурчен и уште не знам како се чуствувам откако се вратив од VIP салонот за да се префрлам кај нив. за секој случај неколку пати се информирав што се ми е потребно мене, на моите и на тетка ми од охрид да се префрли на VIP и сето тоа излезе во ред. арно ама во меѓувреме да си ги средиме документите и да платиме последни сметки го изгубивме редот и моравме од почеток да си чекаме. со тоа немавме никаков проблем. гужвата во меѓувреме се зголемува, вработените работат како времето да им застанало. нејсе и тоа. ние и понатаму се чекаме си превртуваме очи меѓу себе и толку...
конечно на крајот дојдовме на ред после едно половина час чекање. вработената вика од родителот мора да дадете два документа за лична идентификација (лична карта (ова си има мајка ми), пасош, возачка дозвола, а можело демек и чекче од пензија). претходно подготвени и консултирани во вработените во салонот (воедно се сменија и вработените после извесно време) на крајот излезе дека НЕ МОЖЕМЕ да земе број од VIP. зошто кога ете имаме чекче од пензија? тоа не важело! а зошто бе тогаш не зафркавате како да сме животни или кучиња прво земи ова, а после пу-пу неважи тоа!!! колку за едно големо потсетување VIP денеска изгубија потенцијални вкупно 6 корисници во наредните две години!!! таму ќе се префрлевме целото семејство ама ако ваков им е односот, тогаш господ знае како работат.
згора на тоа, мајка ми иако е тешко болна морала лично да дојде да аплицира па уште вработената и вика донеси здраствена книшка!? таа нормална е? човек на 67 години така да го шетаат, па не е животно мојот родител!!! мора да се пожалам од односот на вработените во VIP и згора на тоа не ни дозволија да се видиме со шефот или да не упати каде да се пожалиме. на крајот излезе дека не смее да се жалиш!? бог да чува!!!
УШТЕ ЕДНАШ НЕ ВЛЕГУВАМ ВО VIP!!!!