Тука коментираме книги

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Druga kniga koja totalno me osvoila i koja bi sakala da vi ja preporacam dokolku ne ste ja procitale e "pijanistka" od Elfride Elinek
Одлична книга, дефинитивно вреди да се прочита. А и филмот е онака направен баш како во книгата. Елфриде Елинек е доста контроверзна.

Еве краток опис на делото:

„Пијанистка“ е роман богат со значенски слоеви. Во него Јелинек го тематизира односот помеѓу посесивната мајка и нејзината четириесетгодишна ќерка Ерика Кохут. Ерика е професорка по клавир, нејзината кариера на концертен пијанист е одамна и дефинитивно завршена. Ерика нема и немала живот, таа својот „нормален“ живот, по наговор на својата мајка и под нејзина присила, го жртвувала за својата кариера. „Ерика е инсект од килибар, без време, без старост. Ерика нема историја и не создава историја. Овој инсект одамна ја изгубил способноста да ползи“. Во нејзиниот свет се е скаменето, нема чувства, нема нагон, нема страст. Таа е ладнокрвен набљудувач, воајер во сомнителните квартови, чест посетител на кината со порно-филмови. А кога во нејзиниот живот, по многу труд и инсистирање, влегува младиот студент Крамер, се развива уште еден болен однос. Насилството, трпењето болка и нанесувањето болка за Ерика се последните бастиони на нејзината независност, на нејзината автентичност, единствениот начин на кој вистински може да почувствува нешто.

Прочитав дека наводно имало автобиографски елементи во книгата. Инаку Елфриде е добитничка на Нобеловата награда за литература во 2004 година.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
271
Поени од реакции
3
Daj nesto iskomentirajte za 11 minuti od paulo koeljo ja zedov od biblioteka pred 2 sati i nemam pocnato da citam aj barem neka mi kazi nekoj so da ocekuvam
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Daj nesto iskomentirajte za 11 minuti od paulo koeljo ja zedov od biblioteka pred 2 sati i nemam pocnato da citam aj barem neka mi kazi nekoj so da ocekuvam
Очекувај дека ќе ја дочиташ до крај сигурно.Многу е интересна.Не е темата вообичаена за Коељо ама стилот е тој, ако имаш читано друго од него.
 
еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Daj nesto iskomentirajte za 11 minuti od paulo koeljo ja zedov od biblioteka pred 2 sati i nemam pocnato da citam aj barem neka mi kazi nekoj so da ocekuvam
Добра книга, препознатлив е стилот на Коелјо, меѓутоа го држи вниманието од првиот до последниот ред. Искрено, веќе ми беше здосадено од неговите божествени енергии и мајќи божици, добро е што ја прочитав оваа книга, малце повеќе ја задлабочи во мене смислата на животот и сексот, а и потврдува некои мои ставови, па затоа и ми се допадна. Туку ај да не ти ја раскажувам, може да дебатираме од кога ќе ја прочиташ.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
68
Поени од реакции
3
ja procital li nekoj Igraj Igraj Igraj od Haruki Murakami?
jas ne ja cenam bas mnogu mnogu denesnava literatura i retko so mi se dopagja (dodusa mi se svigja ne deka ne, ama ne toa sto intenzivno se preveduva kaj nas):icon_lol: ali Murakami go obozavam.
skoro ja procitav i ovaa pa ako nekoj drug ja ima procitano ili ima procitano bilo so od nego ajde da si poprajme muabet:pipi:
 
M

mistikraptor

Гостин
Ej aj, koa ke zavrshish, da mi kazesh koja e tajnata Ok?:)
Gledam popularen Og Mandino... Se plasham da pocnam da go citam. Ke treba da gi razotkrijam site tajni na zivotot, site prodavaci, site javaci itn... Posle shto ke bide smisla na zivotot?:)

да ти кажам најискрено до ~60 страна сум и не планирам да ја читам натаму .. па вакви self-help self-improvement книги одаааааааамна на нет имам читано и видеа и аудио книги .. ова ти се вика само додај ариел да ми се испере мозоко поубаво, глупости на кило.. цела година да си повторувам јас дека сум еволуција 1 000 год, дека сум најдобар дека нема да се предадам дрн дрн јарино.. ќе си продолжам со коељо, цар е..

Напишано од Викторгг: По грешка ти кликнав измени. Не сум сменил ништо во мислењето. Извини.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
да ти кажам најискрено до ~60 страна сум и не планирам да ја читам натаму .. па вакви self-help self-improvement книги одаааааааамна на нет имам читано и видеа и аудио книги .. ова ти се вика само додај ариел да ми се испере мозоко поубаво, глупости на кило.. цела година да си повторувам јас дека сум еволуција 1 000 год, дека сум најдобар дека нема да се предадам дрн дрн јарино.. ќе си продолжам со коељо, цар е..
А демек Коељо во себе носи некоја огомна поетска вредност без која човештвото нема да може да продолжи кога тој ќе престане да пишува?

Од иста класа се Коељо и Ог Мандино...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

А демек Коељо во себе носи некоја огомна поетска вредност без која човештвото нема да може да продолжи кога тој ќе престане да пишува?

Од иста класа се Коељо и Ог Мандино...
Не можеш да ги споредуваш Пауло и Мандино!
Едниот барем се труди да внесе духовност во своите дела што не е само повторување на мотивациони „реченици“ иако според мене е само бледа копија на Џибран.
Додека Ог Мандино е за луѓе кои што имаат суицидални нагони.
:smiz:
Јас би да ги читам Достоевски и Адел Паркс крајно.:devojce 1:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Не ги споредив. Реков дека се од иста класа... лесна литература за луѓе кои сакаат да имаат “последна прочитана книга“ во портфолио.
 
Член од
16 јули 2006
Мислења
312
Поени од реакции
4
најискрено мислам и дека не вреди куељо да се коментира толку мн. знаеме сите дека тоа е лесна литература, која се седнува, се чита, малце си правиш филм во глава, и готово...
мене ме интересира да ми кажете што мислите за книгите на Венко Андоновски.
мене најискрено како автор ми се допаѓа и по начинот на пишување и по тоа што во неговите книги можеш да сретнеш и симболика, а и знае добро да профилизира карактери.
па кајганаџии, ме интересира вашето мислење за нашиот автор.....
 
J

Johnny Stulic

Гостин
ja procital li nekoj Igraj Igraj Igraj od Haruki Murakami?
jas ne ja cenam bas mnogu mnogu denesnava literatura i retko so mi se dopagja (dodusa mi se svigja ne deka ne, ama ne toa sto intenzivno se preveduva kaj nas):icon_lol: ali Murakami go obozavam.
skoro ja procitav i ovaa pa ako nekoj drug ja ima procitano ili ima procitano bilo so od nego ajde da si poprajme muabet:pipi:

Odlicen e Murakami iskreno ja nemam citano ovaa ama ja imam citano "Juzno od granicata,zapadno od sonceto" taka bi ti doslo vo prevod odlicna kniga bas sega ke vidam na net preporaki za igraj igraj igraj.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
84
Поени од реакции
2
како што Green eye во еден од погорните постови кажа дека не вреди куељо да се коментира толку мн. имам читано најмалку 7 книги од него, не велам дека е лош но тоа е лесна литература која те заинтересира те натера да ја дочиташ до крај, извлечеш некоја поука но сепак се е комерцијала..
 
V

Viktoranius

Гостин
Абе сум пробал да читам вакви книги ама неможам и неможам да ги сватам. Мајка ми читаше една книга пред една недела "Животот на една гејша" мислам дека се викаше, и јас пробав да ја читам ама толку глупа книга до сега не сум почнал да читам.

Некако начинот на пишување, многу ја опишува средината каде што се случува дејството, па усните на некоја девојка како се преливале на сончевата светлина абе иди у пм ...

Повеќе ме влечат книги еве како што кажа Екзотик на пример Хари Потер, или некои слични авантури што можат убаво да се разбират.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389

:eek:ftopic:Се работи за вкусови... Еве и јас не сакам цел роман да биде со што ти ја знам како „светлината се прекршуваше во непознатите сомнежи’’ или тоа како еден тип ги крши сите со пиштол цело време а тие пак и пак се појавуваат. Затоа римјаните се мудри и рекле: De gustus non discutabat"
Он топик.. Ја завршив Исчезнат од Даниела Стил. Препорачателката (членката) беше во право. Убава книга со доста заврзлами, страст, љубов, заговори, судења.... Интересно.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Девојката со портокали
малце ми е досадна книгава:toe:
ниедна книга од Пауло Коељо не ми се свиѓала....тетками ѓи чита тие..незнам како издржува...

па и насловите се глупи како
-Девојката со портокали ...или...
-На реката Педра, седев и плачев...<---е ај сеа...иди читај ја...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom