Светот на Софија - Јустејн Горден... Преубава книга.. На толку убав и интересен начин е раскажана историјата на филозофијата, и воедно те тера да размислуваш за животот и се што се случува околу тебе...
Да се слагам. Но навистина треба многу да ја сакаш филозофијата, за книгава да не ти стане досадна. Искрено, немам ништо против филозофијата, како суштинса страна на животецов, но бидејќи сум тип на човек кој обрнува внимание на конкретните факти на животот, книгата ми беше само убава прошетка на умов низ светската историја, а и ништо не запаметив од истата. Всушност, нема места за кудење, книгата е книга, не мора да ја сфатите, а може да ја доживеете на начин на кој сакате..
Иначе, моментално завршувам со романот Пустина од Абаџиев, ме фасцинира стилот на пишување и внатрешната пустина на измачување и приод кон животот.