Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.404
- Поени од реакции
- 5.957
Одлична книга, дефинитивно вреди да се прочита. А и филмот е онака направен баш како во книгата. Елфриде Елинек е доста контроверзна.Druga kniga koja totalno me osvoila i koja bi sakala da vi ja preporacam dokolku ne ste ja procitale e "pijanistka" od Elfride Elinek
Еве краток опис на делото:
„Пијанистка“ е роман богат со значенски слоеви. Во него Јелинек го тематизира односот помеѓу посесивната мајка и нејзината четириесетгодишна ќерка Ерика Кохут. Ерика е професорка по клавир, нејзината кариера на концертен пијанист е одамна и дефинитивно завршена. Ерика нема и немала живот, таа својот „нормален“ живот, по наговор на својата мајка и под нејзина присила, го жртвувала за својата кариера. „Ерика е инсект од килибар, без време, без старост. Ерика нема историја и не создава историја. Овој инсект одамна ја изгубил способноста да ползи“. Во нејзиниот свет се е скаменето, нема чувства, нема нагон, нема страст. Таа е ладнокрвен набљудувач, воајер во сомнителните квартови, чест посетител на кината со порно-филмови. А кога во нејзиниот живот, по многу труд и инсистирање, влегува младиот студент Крамер, се развива уште еден болен однос. Насилството, трпењето болка и нанесувањето болка за Ерика се последните бастиони на нејзината независност, на нејзината автентичност, единствениот начин на кој вистински може да почувствува нешто.
Прочитав дека наводно имало автобиографски елементи во книгата. Инаку Елфриде е добитничка на Нобеловата награда за литература во 2004 година.