Мажите прашуваат, жените одговараат

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Дали многу паѓате на романтични моменти од типот: Надвор врне, искачате заедно со човекот кој добро го познавате и ви е симпатичен, тој го отвара чадорот. Или друг пример ноќта си идете разочарани од една журка и типов (го знаете и симпатичен ви е :pos: ) ви предложува да идете во природа/парк. Малце ми е лошо формулирано прашањето ама се надевам ме сфативте.

Не е де толку лошо. Јес, паѓам на такви романтични моменти. Ама некако машките се слабо романтични во последно, папучарски било. Добро не сите фала богу.

Кои делови од машкото тело најмногу сакате да ги „фаќате“?

Косата :kesa:

Зошто лажете дека најмногу сакате да го фаќате лицето? :pipi:

Ееее да знаеш... :nenene:

дали ако сте меракливки за миничи, вруќици(секси кратки пантолчиња), дечкото онака ви кажи дека не му е тоа баш по кеиф би престанале да облекувате?

Зависи шо дечко е. Ако вреди типацот и ако стварно ми значи, прво би си распрашала зошто му смета и ако причината држи место можеби и би престанала. Ама ако е за глупост или негов каприц малце потешко. Ама пак ќе речам зависи од типот и како се понаша со мене. Ако е од Финска, ондак да.
 
Доаѓате кај некого дома на гости. Што најмногу би ве запрепастило? Неговата неуредна соба, бањата нечиста, дневната несредена?
И да друго прашање. Истата ситуација идете кај некој дома на гости, што попрво би ви паднало во очи? Сликите закачени на ѕидот, мебелот, прозорите/балконот/терасата?
 
По мачен ден човек сака да ве расположи, која е најефикасната мерка на расположување? :)
 
Неговата нечиста бања дефинитивно. И најпрво би забележала бањата и тоа дефинитивно. Не постои нешто по одвратно од нечиста бања

По мачен ден човек сака да ве расположи, која е најефикасната мерка на расположување? :)
Би ме расположило добро музиче, добар смисол на хумор и секако личноста која ја обожавам само НЕ расположување во стил на лижење неее никако тешко чоекот тогаш
 
сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???
 
можам да одлепам и без екстаза:vozbud:
 
сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???
прво би одбила,зашто ако сум расположена и ми е погодена музиката,можам да ооодлеепаам и без екстази.второ,не би се плеткала со тип на кој не му е забавно со самото тоа што е со мене па мора да конзумира екстази за да се забавува
 
не кажав дека не му е забавно со типот или сличен пример, од радозналост не би ли пробале, да го осетите тој филинг, мн зборуван од страна на тие луѓе што го конзумираат тоа на журките,
јас познавам девојки кој одат на журки и без тоа проаѓаат топ, а има и девојки кој ете екстазата, им е додаден стимул за таа ноќ, и после си се враќа во нормала:vozbud::wink:.
 
По мачен ден човек сака да ве расположи, која е најефикасната мерка на расположување? :)

На вистинската личност...само и е потребно да биде до мене:)

сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???

Не ми требаат екстази за да бидам ко шлапната со мокра чорапа...:idiot:
 
не кажав дека не му е забавно со типот или сличен пример, од радозналост не би ли пробале, да го осетите тој филинг, мн зборуван од страна на тие луѓе што го конзумираат тоа на журките,
јас познавам девојки кој одат на журки и без тоа проаѓаат топ, а има и девојки кој ете екстазата, им е додаден стимул за таа ноќ, и после си се враќа во нормала:vozbud::wink:.

јас баш и не сум радознала да пробам екстаза по би пробала кока :pos:
 
Доаѓате кај некого дома на гости. Што најмногу би ве запрепастило? Неговата неуредна соба, бањата нечиста, дневната несредена?
Се` од горенаведеното.
И да друго прашање. Истата ситуација идете кај некој дома на гости, што попрво би ви паднало во очи? Сликите закачени на ѕидот, мебелот, прозорите/балконот/терасата?
Боите.
сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???
Не сакаме. На журки секако одлепувам, не ми треба такво нешто.
 
Доаѓате кај некого дома на гости. Што најмногу би ве запрепастило? Неговата неуредна соба, бањата нечиста, дневната несредена?
И да друго прашање. Истата ситуација идете кај некој дома на гости, што попрво би ви паднало во очи? Сликите закачени на ѕидот, мебелот, прозорите/балконот/терасата?

Хм...не би ме запрепастило ништо...освен можеби нечиста бања,ама што знам...
Прво ми паѓа во очи распоредот на мебелот.:pipi:

По мачен ден човек сака да ве расположи, која е најефикасната мерка на расположување? :)

Само позитивна енергија и многу смеење.А да и музика не би било лошо.:)

сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???

Во истиот момент се вртам и си одам од дискотеката/локалот.Презирам такви ствари.
 
сакате ли да одлепите на некоја журка и при тоа да сте со дечко , во еден момент ви понудува екстази, и ве прашува дали сакате да му се придружите :) ???
Не одлепувам на журки.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom