Автомобил до 8000€

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Fiat Punto ми е тиња... Општо Fiat не ме асоцира на квалитет.
Јас се мислев помеѓу Chevrolet Aveo (8.700), Opel Corsa (околу 10.000) и Ford Fiesta. Се одлучив за основната верзија на Fiesta (Ambiente). Цената е 8.000 еур., ама знаеш дека возиш квалитетно количе. Башка, месечната рата (со 20% учество) ќе ме фати некои 104 еур. што е прифатливо.

Единствено не ми се допадна односат на продавачите во Ми-Да, кои се понашаат толку лефтерно што мора зборови од уста да им вадиш за да ти ги објаснат спецификациите и опремата... Ама јебига, очигледно они не тепаат пари од обични смртници како нас, туку од шиткање на комбиња на фирми. Исто така, ме разочара тоа што морало да се чека 3 месеци, пошто немале на лагер ниедна од моделите со 3 врати. Ќе чекам ако треба, не е толку итно... Најверојатно утре/задутре ја нарачувам. Црна. :vozbud:
Ај со среќа да си го возиш, си го погодил моментот кога се најевтини пошто во 2008 доаѓа новата фиеста:
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Еј оваа фиеста најверојатно е некој концепт, нема шанси дека волку добро ќе изгледа
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Каков концепт бе... Ова веке е влезено во сериско производство, само прашање на време е кога ке ја има својата официјална промоција. Инаку и јас на тоа мислев... ке гледаат да ги продадат моделите по авто салоните по поевтина цена, за да може да почнат да ја продаваат новата верзија.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.514
Еве една рецензија за Fiesta-та.

Новата Ford Fiesta е солиден и цврст автомобил од пониската класа, кој на повеќето европски пазари котира високо на листата на најпродавани возила. Шестата генерација на Ford Fiesta првпат е претставена на саемот за автомобили во Франкфурт 2001. Оттогаш се продадени скоро 3 милиони примероци.


Иако не е највпечатлив и нема да ве освои на прв поглед, сепак е еден од најпродаваните автомобили во Европа.




Главен адут на овој претставник на пониската класа од Келн е солидната и цврста изведба, која е меѓу најдобрите во класата. Кај неа речиси ништо нема да ви го одземе здивот, почнувајќи од дизајнот, па до перформансите, но затоа нема автомобил од пониската класа со толку високи оцени на сите позиции. Тоа е автомобил кој не создава проблеми и е добро урамнотежен. За тоа зборуваат и статистичките податоци на ADAC, според кој моделите од 99 година имале 10,2 посети на сервисите годишно на 10 000 возила, 2001 6,8 а 2003 7,0 или 0,8 % што е многу добро.

Fiesta нов лифтинг
Најновиот лифтинг на Fiesta и го даде многу потребниот карактер, особено предните светла, така што сега не изгледа како лесно издишан Focus.


Ова треба да го “поправи” процентот на пазарот. Ревидираниот преден браник и маска со раширените предни светла, кои наликуваат на очи на “бубачка”, пошироките сводови над тркалата, новите задни светла ја прават нејзината надворешност повпечатлива.

Функционалност, комфор, модерна и префинета внатрешност
Промените на подобро се очевидни и во ентериерот. Помодерниот и префинет изглед на внатрешноста и помеката пластика оддаваат впечаток на поголем квалитет. Си на си ефектот е јасен, посовремен модел, спремен да се носи со конкуренцијата визуелно, на допир и на пат.


Новата Fiesta е покомфорна од претходната. Сега, сосема слободно можат да седнат тројца возрасни патници на задната клупа со доволно простор и за нозете, што беше главна забелешка на претходниот модел. Предните седишта овозможуваат удобно и пријатно возење. Возачкото седиште како и воланот се подесуваат по висина, што овозможува повеќето возачи да ја најдат својата оптимална позиција при возењето, но повисоките возачи можат да имаат проблем поради тоа што не постои можност за подесување на позицијата на воланот по должина, централната конзола го зазема просторот за колената. Со цел да се обезбеди поголем багажен простор, задната суспензија е дизајнирана нејзините компоненти да не завземаат од багажниот простор. Како резултат на тоа, новата Fiesta може да се пофали со најголем багажен простор во класата. Имајќи го предвид тоа што, на овој начин посебен акцент се става на повеќенаменската употреба, останува нејасно зошто во Ford и понатаму се одлучија да ја задржат едноделната задна клупа и да се откажат од предностите на деливата задна клупа.



Управливост и возни својства
Претходните модели на Fiesta се етаблираа како возила со одлична управливост и однесување на патот во различни услови, а тоа е случај и со новиот модел. Сепак, ограничените перформанси на некои од моторите кои се нудат можат да го нарушат ваквиот впечаток.


Скромни основни модели, гласни, но економични дизелски, а 2.0 ST изведбата е брза но скапа

Понудата на мотори ја сочинуваат бензински и дизелски мотори со зафатнина од 1,3 до 1,6 l. Изборот на мотори е ограничен кога ќе се спореди со конкурентите. Основниот бензински мотор овозможува само скромни перформанси, додека помоќниот, со зафатнина од 1,4 l звучи грубо кога ќе се стисне агресивно на педалата за гас, а 1,6 литарскиот мотор кој го носи Zetec-S изведбата, сепак обезбедува само млаки перформанси кога ќе се спореди со конкуренцијата. TDCI моторите се гласни, но сепак ефикасни, а особено 1,6 литарскиот. Најбрзата ST изведба е сепак прескапа во споредба со ривалите.

Сигурност

Сигурносниот пакет на Ford Fiesta вклучува воздушни перничиња за возачот и совозачот, странични воздушни перничиња напред и воздушни завеси како стандарни. Заштитата на патниците ја обезбедуваат и заштитните појаси и цврстата и ригидна структура на каросеријата. За посигурно и побезбедно сопирање на возилото вградени се ABS и EBD. Интелигентниот заштитен систем го определува нивото на заштита, зависно од тежината на ударот.



Заклучок
Евтините делови и сервисирање ја прават Fiesta одличен модел за наши услови, особено со некој од дизелските мотори.
Како и сите фордови така и Ford Fiesta има квалитетна лимарија и цврсто подвозје, што е добра препорака при купувањето и знак на долговечност.



Со нејзината храбра надворешност и со уште поголемиот избор на бои, новата Fiesta внесува страст во секое патување. Импресивната технологија и големиот избор на напредни мотори и сигурносен систем, се предности кои може да ги имате.
Едноставно, новата Ford Fiesta го покрива целиот спектар.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Ај со среќа да си го возиш, си го погодил моментот кога се најевтини пошто во 2008 доаѓа новата фиеста:
Хмм...Уште од сега си кажувам дека сегашната Фиеста, ја менувам со оваа :) Башка, и истата боја ја имам и сега

Освен у меѓувреме ако не докачам некој SUV :wink:
 

LoveAshlee

I dont have a plan..thats the point
Член од
27 мај 2007
Мислења
475
Поени од реакции
2
Ај со среќа да си го возиш, си го погодил моментот кога се најевтини пошто во 2008 доаѓа новата фиеста:
Преубаво количе... Да не знае некој кога точно ќе стигне кај нас и по која почетна цена ќе биде ?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Да не сакаш и месечна рата да ти кажеме?

Тоа тек кога ќе искочи...
 

Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Ај со среќа да си го возиш, си го погодил моментот кога се најевтини пошто во 2008 доаѓа новата фиеста:
Kolicevo e extra,sigurno ke ima interesna cena i ke go ima sekoj vtor,kako so e so noviot Seat Leon:)
 

kpbKENGUR

Devil's Advocate
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.132
Поени од реакции
201
фиестата би требало да е почетна околу 10000 -)
иначе бомбона е, нема додирна точка со претходнава(сегашната де)
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Kolicevo e extra,sigurno ke ima interesna cena i ke go ima sekoj vtor,kako so e so noviot Seat Leon:)
Леонот е класа погоре, цената основна би требало да биде околу 10000 евра или јурци како што би кажал еден мој другар.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Леонот е класа погоре, цената основна би требало да биде околу 10000 евра или јурци како што би кажал еден мој другар.
Повеќе...

Незнам колку е основната, ама чим другар ми го фати околу 16.000, каква и да имало опрема во неговата, основната цена не би била 10.000, туку повеќе по секоја логика, барем 12.000-13.000


Па баш секој втор не може да си дозволи толку.
 

Alek_Sk

If you wanna learn something, bring your mothers!
Член од
14 септември 2007
Мислења
614
Поени од реакции
18
Повеќе...

Незнам колку е основната, ама чим другар ми го фати околу 16.000, каква и да имало опрема во неговата, основната цена не би била 10.000, туку повеќе по секоја логика, барем 12.000-13.000


Па баш секој втор не може да си дозволи толку.
Mislam deka e okolu 13.000 osnovnata verzija,ja ima "sekoj vtor" zatoa sto ja zemaat na rati so krediti so odplakanje na 5 godini...ja bev da ja gledam u salon,epten mi prai merak od nadvor,samo taa so e od 13.000 evra vnatre e :kesa: za nikade,epten mizerno,kako i da e ne mi igrase toa golema uloga,ke mu stais dobar CD player ke smeni lik,iskreno mi e za toa sto ja ima mnogu niz gradov,koga ke vozis obrati na toa vnimanie,mn gi ima.Inaku kolata e super,ja epten bev zagrean za nea,se mislev za boja i sakav crna i toj so prodava mi vika zemi si be siva poredki se,crnava epten ja ima:)se mislam za mn koli od taa klasa,za Toyota Auris,sea go gledav Mitsubishi Lancer interesen mi e,Peugeot 308 treba da odam da go vidam u salon,samo cekam da vidam so ke bide so uvozov na polovni avtomobili,Audi TT staroto mi e u srce:)Inaku za Seat Leon mislam deka e extra kola samo da mozev da ja zemam zolta ili podobro Cupra:)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ова е прототипот на Тата и Фиат? Вака изгледа интересно количе, сега ке видиме по која цена ке се продава и кој квалитет ке го нудат...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom