Г-ѓа Даловеј- Вирџинија Вулф
Книгата е многу тешко да се најде на македонски, а на ангилски ми рекоа дека е многу тешка за читање. како и да е, од Вулф има нешто друго по книжарите, а стилот и е неверојатен. Пишува многу спонтано, баш како што мислите и одат, се префрла од дејство на дејство од лик на лик нагло, но многу спонтано.
Искрено сите кои ја знаеја книгата не ми препорачаа да ја читам, така да најверојатно книгата не е за секој. Јас фасцинирана од Вулф како лик во "Часови" едвај најдов некое издание од 1960та.
Се опишува дејство од еден ден, така да не е воопшто важно дејството туку односот меѓу ликовите. Во книгата многу добро е опишан снобизмот, екстризничните цели и како Г-ѓа Dаловеј го губи својот потенцијал и живост во нив, нешто што е многу карактеристично и за луѓето денес.