U
UniqueGirl
Гостин
Сакам да прочитам некоја добра книга од Амели Нотомб, последна ја прочитав Страв и трепет..некоја препорака?
пред 5 минути ја дочитав и морам да признам дека книгата е одлична, му ја препорачвам на секој , посебно на тие шо треба да научат за вредностите во животот. Книгата не е голема , има 120 страни а остава огромен впечаток. Прочитајте ја :smir:дома налетав на „Дар на ѕвездата Акабар„ од Ог Мандино и Бади Кеј , па ме интересира дали некој од форумџите ја прочитал ?
инаку претпоставувам дека е добра (само заради Ог Мандино) само нејќам да почнам со читање дури некој не ми потврди .
па ако некој ја има читано нека ме „просветли“
Овие две книги и јас би ги препорачала (всушност, не умеам баш да селектирам кога се работи за Достоевски...сите негови дела ги сметам за must read).Ф.М. Достоевски-Браќата Карамазови
Последното и најкапитално дело на Достоевски навлегува во самите синапси на мозоците на тројцата браќа: расипикуќникот, лудиот и асалниот. Дијалогот на Иван со ѓаволот е еден од најзен моментите на кој што сум наишол.
Ф. М. Достоевски-Демони
Достоевски си има посебен стил, и начин на пишување еден белег по кој е препознатлив. Освен кај оваа книга. Оваа е различна од се друго останато. Како да не е од него пишувана. Прво освртот е повеќе на полтичките случувања во тоа време за разлика од човечката психологија и освртот кон обичните луѓе и дијалози. Пишувана е во малку документарен стил иако со истата таа тежина типична за него. И убаво го разоткрива зародишот на комунизмот.