Книги кои би ги препорачале

U

UniqueGirl

Гостин
Сакам да прочитам некоја добра книга од Амели Нотомб, последна ја прочитав Страв и трепет..некоја препорака?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.791
Поени од реакции
12.273
Една интересна ми падна во раце случајно-инаку ретко читам, но вакви книги се интересни од повеќе апсекти

Love in a torn land или
Љубов во ранетата земја од Џин Сасон

Накратко се работи за животот и проблемите на курдите во Ирак, вистинска приказна за Џоана чие село е бомбардирано од Садам Хусеин и нејзините маки и бегство од ирачките злосторници.

Од оваа авторка би ја препорачал (иако не сум ги читал, верувам дека е добра) и трилогијата за принцезата Султана.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Последна која ја прочитав е „Норвешка шума“- Харуки Мураками. Ми се допаѓа писателов. Ова не е некоја тешка литература, ама има занимлив стил и ствара интересна слика за Јапонија во 60тите години.
Топло ја препорачувам.
 
Член од
9 јули 2009
Мислења
6
Поени од реакции
1
Iljada neverojatni sonca - Kaled Hoseini
Frla slika na poslednite 30 dena od avganistanskata istorija.
Istoriski roman koj go odzema zdivot ...Definitivno prekrasen ...
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
,,Дамата со камелии,, - Александар Дима-синот
,,Порака во шише,, - Николас Спаркс
,,Крвна врска,, - Сидни Шелдон
,,Идиот,, - Ф. М. Достоевски
,,Тунел,, - Петре М. Андреевски
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
дома налетав на „Дар на ѕвездата Акабар„ од Ог Мандино и Бади Кеј , па ме интересира дали некој од форумџите ја прочитал ?
инаку претпоставувам дека е добра (само заради Ог Мандино) само нејќам да почнам со читање дури некој не ми потврди :).
па ако некој ја има читано нека ме „просветли“ :)
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
дома налетав на „Дар на ѕвездата Акабар„ од Ог Мандино и Бади Кеј , па ме интересира дали некој од форумџите ја прочитал ?
инаку претпоставувам дека е добра (само заради Ог Мандино) само нејќам да почнам со читање дури некој не ми потврди :).
па ако некој ја има читано нека ме „просветли“ :)
пред 5 минути ја дочитав и морам да признам дека книгата е одлична, му ја препорачвам на секој , посебно на тие шо треба да научат за вредностите во животот. Книгата не е голема , има 120 страни а остава огромен впечаток. Прочитајте ја :smir:
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Here we go again...

Надница за страв - Жорж Арно

Книга. Се работи за социјална тематика. Дејството е во недефинирано градче на очајот во Јужна Америка каде група тотални десперадоси живуркаат во сенката на големата рударско-хемиска корпорација која ебе се живо и диво наоколу.
Еден усран ден се случува несреќа...експлозија...има затрупани долу...за да се расчисти патот треба експлозив.Одат да земат динамит во едно друго место...арно ама динамитот е стар и со поминат рок и нема чаре...освен неколку боци со нитроглицерин...кој има незгодна навика да експлодира на најмал потрес...
Два камиони.Многу кандидати.Солидна пара...пат од 200 км по макадам,кал и џунгла...ај да не го раскажувам вториот дел...

Десперадоси,очај,меланхолични курви,надеж дека еден убав ден сонцето конечно ќе изгрее во нивните очи...

Не...нема хепиенд...

Сува Гиљотина - Рене Белбеноа

Книга. Жанр - коњски нерви/социјала
Сите знаете што е гиљотина.Е зошто сува? Затоа што биле потребни работници во новата просперитетна француска колонија Гијана.Значи некои кои биле за влажна гиљотина во замена добиле доживотна робија на Ѓаволскиот остров или Кајена...симпатични местенца каде поимите колера,маларија,мочуришта,ајкули и работа до смрт биле вообичаен вокабулар.Затоа сува гиљотина.
На такво тропско место еден ден пристигнува и Рене Белбеноа...ууупс...робијаш број
46635.Меѓу маката,обидите за бегство,самицата и другите црнила Рене наоѓа сила да пиши автобиографија...која на некој начин го спасува откога подоцна ќе...

Не...ова не е романот према кој е снимен Папијон...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
ajde preporacajte mi nesto od Borges ili Markes!
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Бродот на Смртта - Б.Травен

Книга. Писател со псевдоним. Вистински идентитет непознат. Борец во две три револуции и жанровски колега на Арно и Белбеноа.
Темата е вечното проклетство на зачараниот круг на бирократијата...зачинето со патротизам (болест,барем према Травен) и експлоатација.
Значи има еден морнар кој е заглавен во Антверпен поради тоа што му ги украле сите документи...од тој момент сите пристаништа во светот ги затвараат портите за него.Да,тој е човечко суштество,вреден и понекогаш наивно верува во чест,слобода,љубов и достоинство.Но тие работи не постојат во како ставка во светот на бирократијата така да Џерард останува бројка и лута како Проклетиот Холанѓанец и Евреинот луталица по светот...до кога? Прочитајте...

Бунтот на обесените (Б.Травен)

Книга која зборува како една група индиоси од јужно Мексико заборава на пословицата
која гласи `наведната глава - сабја не ја сече` со која мудрост биле задоени генерации и генерации локално население (звучи познато?) кое робувало на плантажите на латифундистите.Еден дождлив ден илузиите паднале долу а главата на управникот отишла горе.
Книга за луѓе кои дошле до дното на мизеријата и понижувањето и кои немале веќе илузии за подобар живот,туку за гол опстанок.На кој начин читнете сами...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.096
Поени од реакции
25.370
Николо Макијавели-Владетелот

Иако има опишано еден куп историски моменти како и методи коишто се неадекватни за 21 век суштината на книгата и паралелата што може да се направи со денешно време е незаменлива. До крај реалистична, книгата навлегува до сржта на човековите размислувања и тенденции особено во областа на политиката и владеењето. Добро служи на полиња кога ќе треба да се натпреварувате на било кое поле.

Сун Цу-Уметноста на војувањето

Нешто слично како претходната, само тука акцентот е ставен на типови на непријатели и типот на замјиштето на војување и каква стратегија е адекватна при каква ситуација. Иако е напишана пред неколку векови сржта што може да се пренесе и во денешни ситуации нормално во преносна смисла преовладува и денес. Се изучува во врвни универзитети и колеџи по политика, менаџмент и стратегија.

Џек Лондон-Кралот Алкохол

Ја опишува релевантноста на алкохолот како социјален феномен. Тука Лондон темелно ги гледа двете страни на паричката и го дава во алкохолот во неговата цела смисла и од позитивната и од негативната страна и секако ја опишува огромнта моќ што алкохолот ја има.

Ф.М. Достоевски-Браќата Карамазови

Последното и најкапитално дело на Достоевски навлегува во самите синапси на мозоците на тројцата браќа: расипикуќникот, лудиот и асалниот. Дијалогот на Иван со ѓаволот е еден од најзен моментите на кој што сум наишол.

Ф. М. Достоевски-Демони

Достоевски си има посебен стил, и начин на пишување еден белег по кој е препознатлив. Освен кај оваа книга. Оваа е различна од се друго останато. Како да не е од него пишувана. Прво освртот е повеќе на полтичките случувања во тоа време за разлика од човечката психологија и освртот кон обичните луѓе и дијалози. Пишувана е во малку документарен стил иако со истата таа тежина типична за него. И убаво го разоткрива зародишот на комунизмот.

Л.Н. Толстој-Војна и мир

Ова епохално дело што е секаде сметано меѓу најдобрите во историјата на книжевноста заслужено си го носи приматот. Аспектите што ги отвара книгава се многубројни. Од историски збиднувања, преку животот во тогашна Русија а особено аристократската, па се до психологијата на луѓето, нивните особини, карактери и размислувања. Завршниот епилог на книгата каде што детално се објаснети формата и содржината можат да се опишат само со еден збор-безвременски.

Франц Кафка-Процес

Ваква будала се раѓа еднаш и тоа строго во држава каде што врне 362 дена во годината. Само лудак може да напише вакво дело. Книгата може да се толкува на милион начини почнувајќи од оној буквалниот односно судскиот систем во една држава па се дур работи фантазијата. Постхумно кога веќе комунизмот завладува во источна Европа комунистичките книжевници на посебни седници дискутирале за Кафка незнаејќи дали треба да се објават неговите дела или забранат од чиста збунетост дали се штетни или корисни за тоа општествено уредување. Е до таму стигнала работата. Едно е сигурно. Голготата на Јозеф К. продолжува и денес.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ф.М. Достоевски-Браќата Карамазови

Последното и најкапитално дело на Достоевски навлегува во самите синапси на мозоците на тројцата браќа: расипикуќникот, лудиот и асалниот. Дијалогот на Иван со ѓаволот е еден од најзен моментите на кој што сум наишол.

Ф. М. Достоевски-Демони

Достоевски си има посебен стил, и начин на пишување еден белег по кој е препознатлив. Освен кај оваа книга. Оваа е различна од се друго останато. Како да не е од него пишувана. Прво освртот е повеќе на полтичките случувања во тоа време за разлика од човечката психологија и освртот кон обичните луѓе и дијалози. Пишувана е во малку документарен стил иако со истата таа тежина типична за него. И убаво го разоткрива зародишот на комунизмот.
Овие две книги и јас би ги препорачала (всушност, не умеам баш да селектирам кога се работи за Достоевски...сите негови дела ги сметам за must read).

Како и да е, Браќа Карамазови е нешто грандиозно како дело. Збир на "сецирани души" (да, чистата есенција на ликовите, која просто мислиш дека можеш да ја допреш). Таков веродостоен дисплеј на најситните психолошки/когнитивни механизми, немам видено досега.

А делот кога Иван го раскажува својот расказ...Нешто кое сублимира и понира во суштината на векови и векови дискусии околу црквата/верата/човекот.

И уште едно дело од него...Збирката раскази "Бели ноќи". Ова дело и како форма и како содржина, сериозно отскокнува од стилот на Достоевски кој е познат, а сепак е нешто, повторно, феноменално.
Докажува дека Достоевски може одлично да се снајде и во раскази, па згора на тоа и да биде неверојатно духовит.
Се на се, и ова дело е едноставно wow и право уживање да се чита.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
`1984` - Џорџ Орвел

Тешко е да се објасни значењето на 1984. Опишани се сите механизми кои го движат едно општество без разлика на идеолошко-економската амбалажа под која се крие.
Се работи за книга од жанрот антиутопија (дистопија).

Хех,не ми текнува што да напишам а сакав да напишам многу работи за 1984...очигледно не сум дораснат на задачата...
Тешко е да се опише...језива книга...

Книга која предизвикува киселини во стомакот и грутка во грлото...
Но има и афтершок...кога некои работи кои сте ги сметале за нејасни и недефинирани во животот ви стануваат јасни...

Да...се она кое го предвидува Орвел...станува реалност...прочитајте ја 1984 на време...
 
S

smart ass

Гостин
farmakologija,IMdevices.NHB protection,bakarnata kniga,gospoga bovari,stranecot za kogo bijat kambanite aj ko ke mi tekne ponatamu

a da i osnovacot na filozofskiot pravec scientology(ne religija) deloto se vika logicko filozofski traktat-maestralno tuka e sekako i Al gazali eden od najdobrite islamski filozofi spored mene
 

Kajgana Shop

На врв Bottom