Добро стварно атмосферата не беше како што треба на сала со 7.000 седишта мора и може да биде многу подобра. Да не претерам ама во Велес најчесто се играа репрезентативни натпревари во ракомет дури и пријателски и се правеше многу подобра атмосфера едноставно во сала цело време се навиваше цел натпревар, дури и кога беше јуниор лигата Снупи кога играше правевме подобра атмосфера отколку што имаше воопшто на сите 4 утакмици на нашава репрезентација во кошарка.
И се гледа дека фали барем една навивачка група која што ќе дојде со македонски знамиња, шалови и слично а не со нивни друго е кога цела утакмица ќе има навивачка група со тапани и слични работи да ја води утакмицата, пак ќе речам не прајте споредба со Србија и Гробари зошто вториве се болни по клубот и како што знам не навиваат организирано за репрезентација.
И немора како мршојадци да се нафрлате на членот што рече дека не е тоа навивање какво што треба да биде, не беше лошо ама треба многу подобро со дигитални апарати на утакмица и со пиење сокови и јадење чипс не се навива видете ги снимките од преносот колку такви има .. инаку секоја чест за оние што искрено навиваат а не како на наптреварот со Босна седнал зад мене еден шминкер ја навивам ми вика полека малце неможам да гледам нека пушат .!. таквите ..
Зошто си кењатор ? Може да објасниш барем ?
Зашо вие од провинција се праите дека сте подобри од нас Скопјаништата и ред други работи. Како кај нас немало атмосфера, не сме знаеле да напраиме. Ете вие пошто сте многу јаки, организирани што не дојдовте? Ви забрани некој? Собери се од твое маало дојди зафати еден дел од трибината стани и певај кој ти брани. Најлесно е дома да се седи и да се кења, сите стручњаци. Да се ежиш на секој кош и секоја песна и скандирање не е мала работа. Ти од дома пифцето прчинела и кењанела, најлесно е.
Еве ти како многу упатен човек во работите, ајде те молам просветли ме што е нејасно во делот со чипсот, сладоледот, соковите и дигиталките ?
Си бил ли во друга држава на натпревар некаков ? Не мора ни да си бил, на телевзија ќе забележиш. Ако не па да умреме ние таму 4 саата у сала за тебе да ти изгледа убаво на телевизија може ? Сум излегол од дома у 6 саат за да стигнам у сала у 7 саат за да влезам да фатам место. Што сме ние офци у натре ? Ма дај молимте, разбуди се, соземи се, отрезни се што сакаш праи само немој вакви коментари молимте.
Ние не сме чинеле вие просветители.
Не ни мора да има навивачка група. Се знае кој се песните 2-3 песни и се вртат цело време и крај. Не може некој да ми се качи на шипка да ми го дрви што да пеам и кога. Ако идам за клуб да пеам ако сум у некоја група ок, ама вака не мора сум отишол баскет да гледам. Не се сите фанови на Македонија у салата.