Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам што зборите за Грин. Типот ги измести буквално сите, даде многу добри топки, повлече многу добри акции, му залепи банана на еден. Мене лично многу пријатно ме изненади. Антич одлична игра, мада на почетокот не му идеше прецизноста. Гечевски на почеток се префорсира он да ги даде кошевите, ама потоа се поправи и одлично изигра. Едно големо браво за нашите кошаркари и за публиката. Не очекував да видам толку полна сала. Само краевите на источна и на западна беа празни и пола од јужна. Другото беше фул.

Ма-ке-донија! :oeoeoe:
 
Реално гледано во групава сега со тешката победа на Босна над Украина на домашен терен борбата мислам дека ќе биде помеѓу нас и Британија. Босна е млада екипа плус има тешко гостување во Унгарија. Ако таму кикснат Македонија и да загуби од ВБ на гости во недела пак ќе треба само на наш терен да освоиме бодови бидејќи Босна и со Украина на нивни терен ќе се мачи и мислам дека и таму ќе киксне.
 
Ако некој го видел само резултатот ке каже дека сме изиграле перфектно, но не.Треба да се исправат уште многу работи да не сутираме од 10 метри ( како Антич), да не играме со глава низ ѕид (како во некои ситуации Гечевски).Но сепак нека ни е честито големата победа :)

П.С Овој Караџовски за во репрезентација е ? :tapp:
 
Грин е ѕвер, не шутира ама затоа е перфектен тимски играч.

Иначе атмосферата нула, само аплауз и ууу. Тоа е, 200 ден. карта и идат само тие што имаат да дадат толку, а оние што навиваат си седат дома.
 
За ценава висока е и треба да се намали ама како и да е на следните четири мечеви дома салата ќе биде полна. Со Босна на 14 Август сигурен сум дека ќе има можеби и најдобра атмосфера.
 
како бе 200 денари скапо ?????????????? за РАБОТНИЧКИ-ЛИВЕРПУЛ беше 300...ливерпул со шкљ состав ни дојде...20 000 публика ?? за работнички и за ливерпул со непознати имиња може да се дадат 300 денари а за МАКЕДОНИЈА 200 неможете да оделите е*ати навивачите...е*бати македонците !!!!!!! за репрезентација 300 денари скапо ??? О.о ме оставивте без коментар !!!!!!!!!
 
како бе 200 денари скапо ?????????????? за РАБОТНИЧКИ-ЛИВЕРПУЛ беше 300...ливерпул со шкљ состав ни дојде...20 000 публика ?? за работнички и за ливерпул со непознати имиња може да се дадат 300 денари а за МАКЕДОНИЈА 200 неможете да оделите е*ати навивачите...е*бати македонците !!!!!!! за репрезентација 300 денари скапо ??? О.о ме оставивте без коментар !!!!!!!!!

Ливерпул доаѓа еднаш, а на Македонија овој циклус има 4 утакмици по 200 денари 800 и нормално не сум будалетинка да одам сам и да дремам ко мисир, мора да дое некое другарче, роднина со мене. Значи за двајца да отидат на 4 утакмици е 1600 денари што за наш стандард е ипак многу. Да беше една утакмица не викам не, би било багатела. ;)
 
Она Унгарцине појќе ми личеа на набилдани стапови за чукање ораси отколку на кошаркари.
Далеку од мерилио за силината на нашава селекција.
Добро е што без многу напор нашиве ги исцепија,второ полувреме скоро цело го изигравме со 2ра петорка,без Антич Гечевски Грин.....
Мираковски и Чековски најслаби убедливо кај нас,посебно првиот.
Почна на нерви веќе да ми идат она шутевине на Антич од 10 метра !

Публика имаше повеќе од што очекував,атмосфера прилично лоша ( штета што не е организирано за навивачите посебно на некое место да бидат,позади кошот на пример,тогаш дефинитивно ќе има и кој да ја понесе целата публика ).
 
И според мене за да има навијање и атмосфера во салата гледам се жалите дека немало, тогач мкф треба да им даде на комити или било која навијачка група еден дел од трибината или 300 - 400 карти и така ќе има кој да ја прави атмосферата во салата. Но мкф за вакви работи изгледа не им фаќа акалот но ете нека им пише некој можеби ќе им текне да поканат навијачка група да прави атмосфера.
 
Znachi prezadovolen sum od igrata na nashata reprezentacija..Atmosferata beshe normalna bidejki nema koj da ja ponese publikata..2-3 pati probav viknav prv da pocne publikata da pee ali nebiva nishto..dajte nekoj email od mkf da im pisham edno porache mozhe kje im doe pametot :))
 
И според мене за да има навијање и атмосфера во салата гледам се жалите дека немало, тогач мкф треба да им даде на комити или било која навијачка група еден дел од трибината или 300 - 400 карти и така ќе има кој да ја прави атмосферата во салата. Но мкф за вакви работи изгледа не им фаќа акалот но ете нека им пише некој можеби ќе им текне да поканат навијачка група да прави атмосфера.
Не да даде брат.
Треба да се заборави тоа време на гага влез со навијачите.
Ја па мислам дека Комити ( или некоја друга навивачка група безразлика )се тие што треба да испратат барање до МКФ за да се резервира дел од трибинскиот простор,само за тие што мислат цел натпревар да ја бодрат репрезентацијата непрестано.
 
Унгарциве не се некое мерило за моменталната наша силина, но сепак сум задоволен од одиграното.

Во одбрана нашите играа добро, не дозволуваа многу лесни и чисти шутеви, во нападот имаше неколку расположени кошаркари и имаше добри акции.

Најдобри на теренот беа Гечевски, Антич и Соколов, а ме разочара Мираковски кој одигра очајно, не погоди ништо, а и постојано некако заглавуваше. Грин одлично ги разигруваше соиграчите, но мора повеќе да шутира, на загревањето имаше доста добра прецизност.

Од Самарџиски очиогледно не бива ништо, и дефинитивно никогаш нема да се научи да ја искористи висината и градбата.

Познавајќи ги нашите мислам дека тешко може да слават во Англија, но сепак со сите победи на домашен терен, и евентуалин 2 гостински порази (со подобар меѓусебен скор) може да се надеваме на ЕП.
 
А што ќе беше ако не ги земавме црнците...несакам ни да помислам
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom