Кошаркарска репрезентација на Македонија

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.768
Поени од реакции
6.735
Боже мој и Драгич играл, Јака Лакович, Сани Бечирович, Боштјан Начбар, Брезец и ние ги тепаме без моментално најдобрите наши 2ца Перо Антиќ, Ристе Стефанов ... :O
До тренерот е! А не оној килавиот Арсиќ, абе оди таму....
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Денес мислам дека играме уште една со словенија, ќе ја имаа оваа на еуроспорт 2?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Мислам дека нема да ја има.
 
Член од
11 март 2008
Мислења
144
Поени од реакции
60
Боже мој и Драгич играл, Јака Лакович, Сани Бечирович, Боштјан Начбар, Брезец и ние ги тепаме без моментално најдобрите наши 2ца Перо Антиќ, Ристе Стефанов ... :O
Не е Горан Драгич. Зоран Драгич е.
 
Член од
4 април 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Луѓе, знаете ли во колку саат ќе биде мечов со Словенија вечер? Иначе, ова за Словенија бил прв натпревар од подготовките, затоа и не треба да чуди многу победава.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Словенциве не победиле, и тоа со многу кошеви разлика :(
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Подготовкиве некако слабо одат. На последниов меч сме загубиле 95-68 од Словенија. Да не се заборави дека имаме тешка група и со Велика Британија и Босна ќе биде тешко да се дојде до второ место.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.984
Поени од реакции
5.600
Со Велика Британија нема да биде тешко, оти нејзините NBA играчи нема да играат во овие квалификации, барем засега такви се најавите. Мислам дека Босна ќе ни биде најтежок противник, но и тие не играат добро во подготовките, мислам дека досега ги загубија сите мечеви.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
http://sportal.rs/news.php?id=32071
И на КФМ има.
Ако е ова вистина тогаш немам коментар,Бо е играч што сам може да тепа екипи во Евролига,огромееен плус за нас !
 
Член од
23 февруари 2008
Мислења
59
Поени од реакции
2
http://sportal.rs/news.php?id=32071
И на КФМ има.
Ако е ова вистина тогаш немам коментар,Бо е играч што сам може да тепа екипи во Евролига,огромееен плус за нас !
Потврдено од повеќе извори.Него од Барса му бараат европски пасош за да потпише за нив,а нас очајно ни треба плеј,а плус и не ни е првпат.Како и да е,сигурно еден од најдобрите плејмејкери кој моментално играат во европа.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.491
Супер ,супер и пак супер.....Се надевам дека ќе идеме на Европско
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.491
Бо МекКејлеб и Грин прифатија да играат за Македонија
Двајцата врвни плејмејкери во рок од 24 часа ќе се стават на располагање на селекторот Докузовски, се бара помош од надлежните државни органи за издавање на државјанства и патни исправи во најкус можен рок.
Најдобриот плејмејкер во Евролига изминатата сезона, Лестер Бо Меккејлеб од Партизан и еден од најдобрите бекови во италијанскот првенство, Маркиз Грин од Скаволини, дадоа согласност да настапуваат за репрезентацијата на Македонија. Оваа нивна одлука доаѓа по неколкунеделните потраги за засилувања на, во моментов најдефицитарната, плејмејкерската позиција во сениорскиот национален тим.
Лестер Бо МекКејлеб е одлично познат на нашата јавност низ настапите за Партизан во Евролига, каде беше избран за најдобар плејмејкер и во најдобриот тим сезонава. МекКејлеб успеа да го однесе Партизан на Ф4 на Евролигата во Париз, а со тимот од Белград ги освои Јадранската Лига, титулата во првенството на Србија, како и Купот и Суперкупот на нашиот северен сосед. Атрактивниот МекКејлеб има 25 години, доаѓа од Лујзиана каде имаше импресивна колеџ кариера. Првата своја европска сезона ја одигра во турскиот Мерсин, каде имаше просек од 17,4 поени и 4,6 асистенции по натпревар, а со 2,7 украдени топки беше најдобар во оваа категорија во лигата на Турција. Минатата година направи вистинска експлозија со своите настапи за Партизан, кого го предводеше до една од најуспешните сезони во историјата, не само заради просекот од 13,4 поени, 3,4 асистенции и 2 украдени топки, туку заради борбеноста и енергијата која ја пренесуваше на играчите и ја воодушевуваше публиката низ Европа.

Лестер Бо МекКејлеб на Евролига Ф4 во Париз
Маркиз Грин има 28 години и зад себе има извонредни настапи во првенствата на Франција, Турција и пред се во Италија, каде важи за еден од најдобрите разигрувачи во последнава деценија. Го носеше дресот на француските евролигаши Нанси и Роан, настапуваше за италијанските евролигаши Скаволини и Авелино, како и за турскиот и европски гигант Фенербахче Улкер. Грин е играч кој се одликува со извонредни разигрувачки квалитети, во своите настапи во Евролига за Авелино имаше одлични 7 асистенции по натпревар, на кои придодава и 13,3 поени и одлични за бек, 4 скока по натпревар. Освен во споменатите екипи во Европа, настапувал за Бонавентура колеџот во САД, каде има просек од 21,3 поени, 8 асистенции и 3,7 скока по натпревар.

Маркиз Грин во дресот на Фенербахче Улкер
Американските играчи веќе денес и утре ќе се приклучат на селекцијата и најверојатно ќе настапат на турнирот во Охрид. Грин на скопскиот аеродром ќе слета во исто време со нашата експедиција од Љубљана, додека доаѓањето на МекКејлеб се очекува во наредните 24 часа. Со оглед на правилата на ФИБА Европа, нашиот стручен штаб може да ги менува натурализираните играчи на секој настап, што дава одлични можности за комбинирање во зависност од противникот. По пеховите кои ги имавме во подготовките, отсуствата и повредите на накеолку клучни играчи, пред се на плејмејкерската позиција, но и заради повредите на неколку други репрезентативци, согласноста за настап за Македонија на овие двајца играчи доаѓа во вистинско време пред квалификациите кои зпочнуваат на 2 Август. Со вакви врвни засилувања шансите за пласман на ЕП во Литванија драстично се зголемуваат, а единствено останува на надлежните државни органи да и помогнат на нашата најдобра репрезентација и да се забрза процедурата за кошаркарите во најкус можен рок да добијат државјанства и патни исправи за да се регулира и нивната регистрација во ФИБА Европа.

Потврда од официјалната:vozbud:

--- надополнето ---

БСК го откажала учеството на трофеј Македонија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom