Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Во моментов нема подобра опција
 
Неможе некој да се натурализира набрзина ???
 
Неможе некој да се натурализира набрзина ???

Некој црнец што е трета класа, ама битно американец е и ајде да игра за Македонија, против натурализирање на такви играчи.

Според мене минимални се шансите за пласман на ЕП во Литванија, пласман на ЕП ќе биди изненадување, барем до сеа што прикажаа игра не ме задоволија. А и немаме капацитет.
 
Што збориш брее... Па сите противници со кои игравме досега се за класа до две подобри од нашите противници во квалификациите. Со исклучок на мечот со Италија нашите репрезентативци мечот го загубија во последните пет-шест минути, а со оглед на тоа што на некои тоа им беа први мечеви по месец-два додека дојде време за играње квалификации ќе ја темпираме формата како што треба. А за натурализираните третокласни американци... Да не очекуваш Леброн и Вејд да ти играат за репрезентација? Тие не сакаат да играат за нивната, камоли за некоја друга :pos: Мејси и Вашингтон воопшто не се второкласни играчи, патем Вашингтон гарантирам дека е еден од најдобрите бекови во Европа.
 
На 25 Јули во Охрид започнува силен кошаркарски турнир

ТРОФЕЈ МАКЕДОНИЈА 2010 СО ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛНА КОШАРКА

Покрај учеството на нашата селекција, Охриѓани и сите што престојуваат во нашето летувалиште ќе имаат несекојдневна можност да гледаат во живо настапи на селекции од Африка и Азија. Ќе настапи и силната селекција на Црна Гора, предводена од Душан Вујошевиќ и составена од плејада НБА и Евролигашки ѕвезди.
Селекцијата на Брегот на Слоновата Коска е репрезентација која ќе учествува на претстојното Светско Првенство во Турција, додека Катар е една од најдобрите селекции од Азија, редовен учесник на завршниците на континенталните првенства.
За Македонија ова ќе бидат последни тест средби пред почетокот на квалификациите, односно до мечот со Украина на 2 Август во Јужни.
 
Не требаше да играме со Словенија деновиве пред турнирот во Охрид?!
 
^ Денеска е првата утакмица.чД
Moже и завршила веќе :)
 
На Еуроспорт 2 ја има, нерешено е на пет минути до крај.
 
Водиме 2 на минута до крај!

--- надополнето ---

Победа со 1 разлика! :vozbud:
 
Леле судиите колку им помагаа... :pos:
Добро е, победивме квалитетна репрезентација, последните пет минути ги гледав, игравме со петорка Мираковски, Соколов, Војдан (Дамјан), Чековски, Гечевски, изгледа Антиќ и Самарџиски немаа играно многу. Солидно. Според коментаторот Војдан имал доста добри потези на овој меч.
 
Антиќ и Ристе Стефанов не играле ич.
По тоа што слушнав на алфа вестите,прво полувреме сме го добиле со 6 разлика,после сме имале и до 9 поена предност.
Не треба многу да залажува резулатов,сепак Словенците се во почетна фаза на подготовки.
И да,Ефтим Богоев е повикан за утакмиците во Охрид.
 
Точно, резултатот не треба да не залажува, ама Антиќ не играл воопшто, а и Самарџиски играл многу малце, а многу е јасно дека тоа ќе бидат нашите главни играчи под обрачите. Сме губеле и ние со 8-9 разлика, ама сме направиле серија од 11-0 во која главниот збор го имал Војдан Стојановски со две постигнати тројки.
 
Статистика има некој?

Словенија - Македонија 69:70 (20:17, 13:22, 20:19, 16:12)

- Брезец 17, Удрих 11, Видмар 10, Лакович 9, Јагодник 7, Слокар 5, Бечирович 5, Начбар 3, Драгич 2.
- Гечевски 15, Војдан Стојановски 11, Караџовски 9, Мираковски 5, Соколов 5, Дамјан Стојановски 7, Чековски 5, Самарџиски 5, Костовски 2 и Гоцевски 2.
 
Боже мој и Драгич играл, Јака Лакович, Сани Бечирович, Боштјан Начбар, Брезец и ние ги тепаме без моментално најдобрите наши 2ца Перо Антиќ, Ристе Стефанов ... :O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom