Мојот сума сумарум би изгледал одприлика вака:
Одигравме 4 добри натпревари, 1 во којшто бевме многу блиску до победата и 1 во кој што се обрукавме најмногу поради основаните сомневња дека мечот беше продаден. Доволно за 1 место во најлесната група, во којашто доколку навистина бевме репрезентација од европска класа, ќе остваревме максимален скор од 6 победи. Не дека не сме кадарни или доволно квалитетни за тоа,туку се уште сме си, ајде да не кажам "сељачка" репрезентација.(претпоставувам дека сваќате што сакам да кажам).
Сепак, сепак, конечно после 10 години и наша химна да се свири на едно европско, и тоа е најосновно од целава оваа ситуација.
Но не смееме да се задоволиме само со тоа, бидејќи квалитет имаме и за да се носиме и со најдобрите во европа, па така, повторување на она 14 место од пред 10 години нема да биде никаков успех.Девизата: Важно е да се учествува,мора веќе еднаш да ја одтргнеме од нашите глави, и да бараме нешто повеќе од само формално свирење на нашата химна во салите ширум Полска.
А за тоа ќе мора да се направат некои промени.
Како прво класични статисти како Гоцевски и Стојановски викнати колку да пополнат бројка,во Полска нема ни требаат. На местото на првиот под итно треба да се повика Чековски, а за местото на вториот конкурираат повеќе кошаркари како Ѓуров, Тачи, Александар Антиќ и сл.
Истотака сметам дека за во Полска ќе треба да се направи еден поширок ростер (во кој слободно може да влезат и Гоцевски и Стојановски),каде пред се ќе биде проширена бековската линија (по моја желба пред се со Александар Костовски)
Toa e тоа, отидовме на европско,ама таму ќе мора да прикажеме многу повеќе одколку во квалификацииве.