Ај еден добар преглед
Група A
1. Србија 6-1
2. Италија 4-4
3. Бугарија 4-3
4. Финска 2-5
5. Унгарија 2-5
Група B
1. Летонија 4-1
2. Македонија 3-2
3. Португалија 2-3
4. Естонија 1-4
Група C
1. Турција 5-0
2. Франција 3-2
3. Украина 1-4
4. Белгија 1-4
Група D
1. Велика Британија 4-1
2. Чешка 2-3
3. Израел 2-3
4. БиХ
Од овие тимови досега се пласирани Србија, Летонија, Турција и Велика Британија. Има уште три места +1 од дополнителниот турнир. Ние и да изгубиме од Естонија (што сум сигурен дека нема да се случи) ќе се пласираме на ЕП затоа што имаме одлична разлика кај поените од +40. Најверојатно понатака продолжуваат Македонија, Бугарија и Франција, а на дополнителниот турнир очекувам Италија да обезбеди место.
Ако завршиме на втората позиција (а искрено се надевам дека ќе бидеме први) тогаш шеширите би биле вакви:
1 Шешир: Русија, Шпанија, Литванија, Грција
2 Шешир: Германија, Хрватска, Словенија, Полска би ја сместил како домаќин
3 Шешир: Србија, Турција, Летонија, Велика Британија
4 Шешир: Македонија, Бугарија, Италија, Франција
Доколку бидеме први во групата тогаш би требало да ги замениме местата со Летонија.
Искрено, мислам дека повеќе ни одговара во четврт шешир, затоа што повеќе стравувам од Франција и Италија, отколку од Турција, Летонија и Велика Британија.
Од првиот шешир ги посакувам Русија или Грција
Од вториот најдобро би ни било со Полска
Од третиот сите освен Србија, иако не би било лошо да ја избегнеме и Турција затоа што мислам дека сме далеку поквалитетни од Летонија и Велика Британија.
Грција, Полска, Велика Британија, Македонија, тоа би било група за мерак. И доста се препуцаваме, стварно би бил прекрасен успех повторно да играме на ЕП во Кошарка.
Добро ни тргна, прво на ЕП во ракомет жени од 2 до 14 декември 2008 кај нас, потоа СП во ракомет мажи од 16 јануари до 1 февруари 2009 во Хрватска, па здравје боже и кошаркарите од 7 до 20 септември 2009 во Полска. Мислам дека наредно треба да биде пласман на СП 2010 во Јужноафриканската Република
