Македонски специјални единици (полициски и воени)

С

Спенсер

Гостин
Му реплицирав на членот погоре, дека има разлика од маскирни и шарени. Тие можат да облечат секаква шарена облека.
немам сега време,би ставил слики од неколку униоформи кои ги поседуваат ЕБР/ЕСЗ... а и АРМ...
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Единицата за специјални задачи при МВР на РМ - ТИГАР

Оваа единица е формирана далечната 1981 година во рамките на тогашниот Републички секретаријат за внатрешни работи на СР Македонија. Нејзина примарна цел при формирањето била посебни задачи од типот, обезбедување на јавни личности, справување со кризи, специјални задачи за кои не била подготвена тогашната милиција, а подоцна за антитероризам, специјални задачи од типот диверзантски акции, инфилтрирање позади линијата на непријателот, обезбедување на терен, подготовка на терен за воени дејствија на останати воени државни структури, приведување и апсење на криминалци или личности барани од законот, нуркање, извлекување на давеници, затрупани во лавини, експлозиви, и кучиња трагачи, обезбедување на лица од витално значење. Во поново време единицата беше надградена со воена метода за решавање на воени конфликти надвор од урбана средина.
Нејзиното борбено крштевање се случи во 2001 година во војната во Република Македонија. Од тој момент па се до денес се надградува единицата на секое поле. До денешен ден единицата е вброена во ТОП 10 Специјални полициски единици.
И Рангирана е како трета единица во делот на снајперизам во светски рамки.

Оваа единица даде 12 припадници од своите редови, и исто така имаше над 30 повредени во воениот конфликт во Р.Македонија во 2001 година.

Нејзини најуспешни акции се елиминацијата на командант Тели во 2001 година, Извлекување на полициската смена во с.Радуша во 2001 година, Ослободување на неколку тетовски окупирани маала во 2001, заедничката акција со армиската специјална единица Волци во Арачиново 2001 година. И постојано присуство во сите воени дејствија во 2001 година, координирано со АРМ или самостојно.
А во последно време 2007 година случајот Бродец, каде елиминира 8 терористи припадници на поранешната Она, и приведување на 7 исто така припадници на ОНА.
Во 2010 единицата беше повикана за акцијата на Скопска Црна Гора каде беше пронајдена и разбиена паравоена формација и запленето поголемо количество на оружје, како и во акција кај селата Рашче и Радуша при што елиминира 4 униформирани лица, припадници на паравоена криминална формација и притоа заплени поголемо количество на оружје.

Обуката за приправниците на оваа единица е со времетраење од 18 месеци, при што во тој период следат исцрпувачки селекции на кандидатите. Започнува со исцрпувачки 120 км. марш на единицата при тоа изведувајќи кондициони и борбени обуки.
Обуката е распоредена во 3 етапи. Прва елиминациона етапа во времетраење од 6 месеци. Тука е најголемата елиминација на недоволно подготвените. Исцрпувачки маршови и физички подготовки.
Втората етапа подразбира со запознавање на задачите кои единицата ги извршува и нивно имплементирање, како и организација по тимови кои подоцна ќе го претставуваат костурот на самите водови.
Третата елиминациона етапа е најтешка при што во неа се последните филтри каде што доаѓа до израз максималната физичка и психичка подготвеност на кандидатот...Се изведуваат сите претходно имплементирани вежби, маршови, борбени задачи, при што најслабите кандидати се отфрлаат.
Обуката и самата поставеност во единицата е по теркот на најпознатите светски полициски специјални единици, а како дополнително се имплементирани и елементи од Американските морнарички Фоки, Американските Ренџери и Делта одред, како и елементи од Руската Спец Наз и британска САС...
Сето ова комбинирано дава една крајна цел... безмилосна машина која е спремна да настапи и да ги исполни сите зададени задачи...

Дел од историјата на Тигрите,нивното ангажирање,обука,селекција
 
С

Спенсер

Гостин
^- браво,одличен текст... само да поправам,за загинатите,мислам дека во 2001ва беа само 2ца загинати,и 13тина ранети... а вкупно се 7 загинати... и над 30тина потешко и полесно работи... сепак,ова е многу ризична работа :vozbud:
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
фала,да додадем дека еден беше убиен во Автокоманда,и еден за жал убиен во кафан од страна на ЕБР
 
С

Спенсер

Гостин
фала,да додадем дека еден беше убиен во Автокоманда,и еден за жал убиен во кафан од страна на ЕБР
зависи како ке ги сметаме,дали додека биле на задача (и во 2001) или пак како цивили,али нема врска... Слава им на починатите
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
^- браво,одличен текст... само да поправам,за загинатите,мислам дека во 2001ва беа само 2ца загинати,и 13тина ранети... а вкупно се 7 загинати... и над 30тина потешко и полесно работи... сепак,ова е многу ризична работа :vozbud:

Нема потреба во ваков пост таква емоција што ти стои на крајот од постот:uvo:
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
Се изначитав многу детски и безвезни коментари до кај 20-та страна од темава .. и едноставно немам воља понатаму да читам ..

Пошто се трескаат многу глупости од страна на деца . . .
 
С

Спенсер

Гостин
Нема потреба во ваков пост таква емоција што ти стои на крајот од постот:uvo:
навика,ама касно видов... неможам да едитирам.

Се изначитав многу детски и безвезни коментари до кај 20-та страна од темава .. и едноставно немам воља понатаму да читам ..

Пошто се трескаат многу глупости од страна на деца . . .
епа ајде исправи ги глупостите... пиши што знаеш,инфо ова она... зашто умира темава,полека но сигурно...
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
Па видов едночудо глупави информации изнесени и ‘‘факти‘‘ коишто држат вода само на хартија ..

Инаку .. имам познавање од темава од фактот што татко ми е долги години припадник на вооружените сили а во конфликтот во 2001ва учествуваше со Посебната единица при МВР .. беше во Радуша и сите други кризни реони - ранет во Арачиново , за среќа полесно .

Прво да почнеме со коментарите за Лавовите .. тие не беа посебна единица .. тоа беше микс од криминалци - така наречени патриоти и по некој обичен полицаец .. и што очекувате од таква единица ? ?

Милион пати ги доведувале во непријатни ситуации другите единици како Тигрите , Волците и посебната на МВР поради нивното непознавање и нестручност .

Второ баш гледајќи ја темава имаше прашање дали кон Тигрите и Волците може да пристапи цивил . Одговорот е ДА иако НЕВЕРОЈАТНО тешко поради тоа што се бара невидена спремност и ОДЛИЧНО познавање на некоја боречка вештина , додека пак за пристапување кон Посебната Единица на МВР има секоја година тестирање , но потребен е минимум 2 години стаж .

Ова за сеа е доволно ..
 
вака...

во темава,во неколку наврати имам пишувано за лавовите и нивната спремност. можеби не беа ептен криминалци,не беа спремни и обучени,не беа "специјална единица" како што некои обожаваат да ги наречат,речиси и ништо добро да не направија. но ок,се пријавиле сепак,имале срце...

друго,незнам колку си во право за тоа дека цивил може да пристапи во Тигрите... имаше цивилен конкурс во 2001ва,тогаш можеше цивили... а сега се интерни,од полицијата,ЕБР,ПЕП, кој е подготвен се пријавува,иде на проверки и слично... цивил мислам нема шанси...

а за ПЕП,мислаам дека еднаш ми рекоа минимум 5 години стаж во полиција,и строги биле стандардите за ПЕП... секако,пишувај понатаму :)
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
100
Поени од реакции
7
За ПЕП се 2 години стаж .. можно е и да се сменило нешто .. инаку сега брзо пред месец два имаа проверки ..

Во врска со Тигрите .. затоа реков дека е особено тешко .. мислам дека сеуште Тони им е петпоставен таму ..

За лавовите неќам да коментирам .. кажи ми ти , доколку си осуден 20 години затвор и имаш опција затвор ( кој впрочем дефинитивно ќе значи крај на твојот живот затоашто после 20 години затвор .. не застануваш на нозе како човек дефинитивно ) или пак учество во некој конфликт после кој можеш да си отидеш слободен , жив и да бидеш ‘‘херој‘‘ .. Што би одбрал ? :)
 
секако,конфликт... тоа е тоа,ама па и затоа не траеа долго време... направија глупости,пола оние што беа малце посредени останаа во ЕБР,а другтие гитла...

дап,мандар им е сеуште командант на тигрите...

и прашај уште еднаш ако можеш,дека неможе од цивил да влезеш во ЕБР/ЕСЗ... мора прво барем еден ден полицаец...
 
Член од
20 февруари 2007
Мислења
77
Поени од реакции
8
и прашај уште еднаш ако можеш,дека неможе од цивил да влезеш во ЕБР/ЕСЗ... мора прво барем еден ден полицаец...
да прашај за тоа и мене ме интересира.
 
Row-Corp

hasta la victoria siempre
Член од
1 јуни 2010
Мислења
51
Поени од реакции
25
Цивил во ЕБР и ЕСЗ не може да влезеш единиците се пополнуваат со посебна селекција на припадниците на плавата полиција .
УСТЕ ЕДНА ЦИВИЛ НЕ МОЖЕ 100% сигурно

--- надополнето ---

ЕБР до 2008год.се водесе како специјална единица односно како СЕБР исто како и ЕСЗ но наводно поради усогласување со европските закони според кои не можело да има две специјални полициски единици во една држава одстранетет е предзнакот специјална полиција од амблемите на ЕБР.И сега дали со тоа тие се помалку специјални од што биле предходно?
Инаку во состав на ЕБР постојат!Чета за изведување операции во рурални средини(позната како анти теротистичка),Чета за ЈРМ и Оклопна Чета.
Што се однесува до подготвеноста и стручноста на ЕБР во однос на ЕСЗ не постои ама баш никаква разлика,повторувам никаква,и во многу нешта двете единици се надополнуваат.
За сите што се сомневаат во специјалноста на ЕБР само ке напоменам дека акцијата ПЛАНИНСКА БУРА во селото Бродец во целост беше изведена од нивна страна и видовте каков епилог имаше.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom