05.05.2010 Одбележување на 7 Мај денот на македонската полиција
Чествувањето започнува со традиционалната крводарителна акција
Со утрешната (06.05) посета на министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска, заедно со првиот човек на Бирото за јавна безбедност м-р Љупчо Тодоровски, на касарната “Ѓорче Петров“ во 11.00 часот, каде што традиционално ќе се одржи крводарителна акција од страна на припадниците на МВР, ќе започне годинашново одбележување на 7 Мај Денот на македонската полиција.
Централниот дел од одбележување на празникот, задутре (07.05) во кругот на МВР, ќе започне со положувањето цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР што ќе се одржи во 10,30 часот од страна на челните луѓе на МВР предводени од министерката Гордана Јанкулоска, како и од страна на претставници на здружението, на семејствата на загинатите бранители и на Македонскиот полициски синдикат. Исто така во 10,45 часот пред споменикот пред зградата на Граничната полиција ќе биде положено цвеќе од страна на делегација на МВР и на МПС.
Во 11,00 часот во присуство на министри на Владата на РМ, како и на голем број поканети гости, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации, на здруженија на борци и на граѓани и вработени во МВР, со постројувањето на почесниот вод, интонирањето на националната химна, пред присутните свое пригодно обраќање ќе има министерката Јанкулоска. По ова за присутните гости во зградата на граничната полиција ќе биде организиран пригоден коктел.
мвр.гов.мк ... сега за сега само ова е објавено на сајтот на МВР... незнам дали ке има отворен ден... ај ке прашам...