ке видиме... сепак,муабет си прајме...
не се заедно,Тигрите се во илинден, ЕБР се во ѓорче... понекогаш заедно дејствуаат само
http://www.morm.gov.mk/morm/mk/pr/news/otvoren-den-na-polkot-za-specijalni-operacii-na-arm.html
Утре,отворен ден на пСО!!
Вејце - наш непребол
Денеска се навршуваат девет години од масакрот во Вејце, каде што на 28 април 2001 година од заседа беа убиени, масакрирани и живи запалени осум врвни специјалци, припадници на безбедносните сили на Република Македонија, „волците“: постариот водник Роберт Петковски од с. Бунарџик-Скопско, водникот Бобан Трајковски од Куманово, водникот Игор Костески од Кисела Вода-Скопје и водникот Миле Јаневски од Македонска Каменица, како и „тигрите“: Марјан Божиновски од Битола, Илче Стојановски од с. Породин, Кире Костадиновски од с. Г. Оризари и Бошко Најдоски од с. Д. Оризари - Битолско.
Ние, како родители, никогаш не ќе можеме својата загуба, жал, судбина, своето како гламја изгорено срце да ги исплачеме. Чувствуваме од ден на ден како здравјето не напушта, како да не сме дел од реалниот свет. Некој како да ни го одзеде одот - чекориме без цел, талкаме во место, беспомошно тонеме во животната бездна. Кога ги прегрнувавме лимените сандаци, наместо со последен бакнеж да се простиме од нашите чеда, претставниците на власта не тешеа и ни велеа дека за нас во секое време ќе бидат отворени вратите на сите институции. И од претходната и од оваа власт, не само што наидовме на заблиндирани врати, туку доживеавме и безброј понижувања, провоцирања и навреди.
Како сенки што се движат, секој 28-ми во месецот и секоја сабота, во спомен на денот на загинувањето на нашите чеда, како и секој празник, ќе не најдете покрај гранитните гробници каде што почиваат нашите рожби. Некои родители, баби и дедовци не издржаа и го напуштија овој свет, а на останатите низ коските и душата ни се всадува страв дека и ние нема да издржиме, да истраеме во осамената потрага и борба за вистината во откривањето на предавниците и убијците на нашите чеда.
Овие осум наши херои од Вејце беа најдоброто тогаш од Македонија, тие несебично ги положија своите животи. Застанувајќи на браникот на татковината во одбрана на нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, ќе останат во сеќавањето на Македонецот како сведоштво, парадигма и доказ за храброста на идните генерации.
Требаше да се порача или да се случи масакрот кај Вејце, по кој крвав настан се презедоа државнички чекори за прекин на неколкумесечната војна. Објавените фотографии со масакрираните и живи изгорени тела на осумте херои од Вејце, ја размрдаа и ја вознемирија совеста на македонската и на меѓународната јавност. Уште наредниот ден по ужасот, се собраа претседателите на партиите од власта и од опозицијата на состанок со врвните лица од власта и безбедносните сили, кога падна договорот за формирање проширена коалициска влада, која покрај другото, ќе работи на прекин на воениот судир и на почнување преговори помеѓу завојуваните страни. За жал, од потпишувањето на договорот за прекин на огнот, до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, се случија оружени инциденти, во кои загинаа најголем број припадници на безбедносните сили на Македонија, под неразјаснети околности.
Вистината за Вејце до денес останува енигма и освен безуспешниот обид на нас, родителите на загинатите, никој не се обиде да го расветли случајот, иако некои и по службена должност беа обврзани да го сторат тоа. Дури и ја лажат јавноста дека досието е комплетирано и се чека момент судски да се активира. Пред секои нови избори, партиските јуришници, за маркетиншки цели, ги потсетуваат гласачите да не го заборават Вејце. Ние тоа го доживуваме како безобѕирност, лицемерство и срамен чин на манипулација со нашите чувства и загуба. Како поинаку да ги сфатиме поставените прашања од собраниската говорница од оние на кои, кога беа на власт, им се случи Вејце и ништо не направија случајот да се расветли и виновниците да бидат соодветно казнети. Бараат одговор од оние што тогаш беа на другата борбена страна, а сега се во власта. Една е вистината за Вејце, која ја знаат двете страни. Но можеби им требаат време и смелост да и ја соопштат на македонската јавност. Дотогаш, за масакрот во Вејце многумина совеста ќе ги пече и ќе ги разорува.
Ние нема да дозволиме крвавиот настан да избледи, да се ревидира или да остане незабележан во историјата на македонскиот народ.
Државата не направи ништо од војната во 2001 година да воздигне свои вредносни системи, битки и херои и да им подигне достојни споменични обележја, а ликот и делото на загинатите трајно да го одбележи со печатени публикации, филмски записи и др. Се уште не било време да се дефинираат со вистинско име настаните од 2001 година, поточно да се соочиме со реалноста што и се случи таа година на Македонија и како тие настани ќе бидат претставени во учебниците по историја. Конфликт или војна беше и кој против кого и за што војуваше? Кој беше победник, а кој поразен? Од тоа ќе произлезе, односно законски ќе се дефинира статусот на загинатите, ранетите и на другите учесници во војната. Да се надеваме дека до одбележувањето на петгодишнината од масакрот во Вејце, овие дилеми ќе се расчистат, во интерес на соживотот, меѓусебната толеранција и изградба на посреќна европска Македонија.
:violent1::violent1::violent1::violent1: Никогаш да не се заборави ова!!!:violent1::violent1::violent1::violent1: а оние кои го направиле ова,сега се смешкаат од удобните пратенички столчиња:nerv::nerv::nerv::nerv:
како и да е