Не се плашам од инсекти,ниту пак сум нешто посебно импресиониран или заинтригиран од нив баш затоа и ми е чудно зошто толку често имам такви сонови,инаку не споменав дека инсектите не се баш "нормални",значи станува збор за...незнам..пајаци со ненормално многу нозе,бубачки со човечка кожа,екстремно долги дебели нозе,џиновска големина итн,значи најбизарни појави,форми и што уште не.Најчесто се многу бавни,и се симнуваат по ѕидовите и таваните на просторијата во која се наоѓам во сонот(доколку сонувам дека сум во некоја просторија),и затоа баш ми е чудно што сака потсвеста да ми сугерира преку нив.Инаку за сонот со мувите,кога бев во сонот не бев нешто посебно исплашен или вознемирен,повеќе бев аналитички настроен кон таа појава и толку не ми беше чудно зошто се тие муви на моето тело,туку од каде толку во таква бројност.Во врска со толкувањето,сум запознаен со астрални,енергетски тела,таа тема ми е доста интересна иии...незнам,доколку е точно ова што го викаш тогаш тоа е доста вознемирувачко,најчесто сам си ги толкувам соновите и за овој очекував малку поинаков одговор,но сепак благодарам!