Сонови, толкување на сонови

Член од
30 април 2009
Мислења
107
Поени од реакции
1
Е дали знае некој што значи да јадеш срце на сон ? :)
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Сонував дека сум била шишана кратко (како рекетар), а иначе имам долга коса и во сонот ми беше криво за косата.Што значи?
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Е сонував дека сонувам :) Многу чудна работа, прв пат ми се случува.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.708
Поени од реакции
19.795
Сонував дека сум била шишана кратко (како рекетар), а иначе имам долга коса и во сонот ми беше криво за косата.Што значи?

Ќе си олесниш некоја грижа, или некој проблем ќе го решиш/совладаш.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
многу често ми се случува да го сонувам ова ама не е баш како сон туку кога ќе легнам да спијам не сум заспал уште и наеднаш почнува да ми станува ладно и ми трпнат нозете и се чуствувам како да паѓам...
и секогаш коа паѓам изгледа како бунар и кога ќе почнам да паѓам пред мене има голема бела светлина и малце по малце се намалува...
и на крај коа ќе стигнам до крај скоро да нема светлина секогаш срипувам од кревет и одма ми завршува сонот...никогаш не сум стигнал до крајот...
често ми се случува ова да го сонувам и тоа секогаш истото...
да не знае некој што значи ова?
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.708
Поени од реакции
19.795
И мене ми се случувало тоа, особено кога си преморен и ако имаш низок притисок.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
И мене ми се случувало тоа, особено кога си преморен и ако имаш низок притисок.
абе може од премореност ама ептен чешто ми се случува не ми се верува да е само од премореност...
а иначе ретко сонувам а и ако уопште сонувам тоа го сонувам...
никако да протолкувам што значи
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
2 Ноќи по ред сонувам ист сон па ај да го споделам....Сонувам како се женам млад...(на овие години што сум сеа) и сите се нешо среќни а ја цело време бегам...а масите кај шо седеа гостите беа празни.....отидов кај мама и реков ја нема да се женам...и она ми рече не прај вака ако е неаме пари да ставиме јадење на масата не е срамота сепак жени се...и коа им го кажав тоа и на останатите дека не се женам...сите ми беа лути нешо..и ме зборуеше некој нешо али не се секјаам..и сите си заминаа....баш ме занима што сон ќе е
 
Си се куртулил машко, ако си се оженел ништо добро немаше да ти се деси така да сеа свиркај си :)
 
Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.360
Поени од реакции
4.883
Еден другар мој сонваше како сме седеле на училиште и наеднаш целосно ми ја пресекол главата и таа паднала на земја...моја другарка седнала до него и го тешела нешто да не плачи и кога ја видела мојата глава почнала да вришти...баш ме интересира покрај добро хорор сценарио, што би значело ова?
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.708
Поени од реакции
19.795
Еден другар мој сонваше како сме седеле на училиште и наеднаш целосно ми ја пресекол главата и таа паднала на земја...моја другарка седнала до него и го тешела нешто да не плачи и кога ја видела мојата глава почнала да вришти...баш ме интересира покрај добро хорор сценарио, што би значело ова?
Или ќе се разочара од другарка ви, или е само обичен кошмар.
 
Член од
2 август 2008
Мислења
743
Поени од реакции
460
ај некој ако може да помогне, сонував дека сум се гушкала со едно машко кое шо никогаш ништо не ми било. ни дечко, само се знаеме онака, и прво ме крена и летнавме и застанавме високо на една зграда и само се гушкавме ама онака силно силно.... не се бакнувавме, само се гушкавме.
што значи ова ? ако може некој да ми каже ?

и друг сон ... сонував дека сум купувала бела блуза, и си ја купив :)
шо значи и ова
 
ZS_

Член од
26 јули 2008
Мислења
5.156
Поени од реакции
211
Сонував како сум направил тешка собраќајка, али сум преживеал. Сум пробал тоа да го сокријам, али сепак на крај од сонот таткоми дознава.

Може некој што стварно ги прати овие работи да ми каже што всушност може ова да биде...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom