Сонови, толкување на сонови

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Се наогам во кревет цел у крв со единствената жена што сум ја сакал.
 

110%ЗеленоБел

Слобода за навивачите!
Член од
26 декември 2009
Мислења
638
Поени од реакции
33
Сонвав нешто кај шо ми се запали станот, гореше... шо можи да значи ова? :)
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Се наогам во кревет цел у крв со единствената жена што сум ја сакал.
крв е глас а некаде се толкува како материјална добивка, само да не се поврзете повеќе од што сте, на пример новороденче....

--- надополнето ---

Сонвав нешто кај шо ми се запали станот, гореше... шо можи да значи ова? :)
убаво е ако огнот е чист без дим тогаш е некоја среќа, љубов.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Сонувам како сум пред една зграда и со другарка ми сакаме да запалиме цигари(не пушам цигари)и кога сакам да го запалам кибритот и да ја запалам цигарата ми се гаси постојано...додека на другарка ми се запали:toe:
 
Член од
26 септември 2007
Мислења
10
Поени од реакции
0
Вчера сонував како седам во двор и одеднаш се појавува змија, ја фаќам змијата и пробувам да ја држам за глава и во тој момент ме касна за прст и ја утепав. На 4-5 метри од мене стоеше огромна змија исправена и ништо не правеше само набљудуваше.

Денес сонував како во дискотека сум се бакнувал со некоја девојка.

Ако може да ми протолкуваш. :)

Поздрав
 
Член од
28 мај 2010
Мислења
201
Поени од реакции
25
Ја пред 1 година сонував на едно напуштен остров или што беше нз , и така една просторија без прозори отворена онака , напуштена и еден нож лета према мене , и ме убодува , го вадам го фрлам , тој пак се враќа па у мене иде . lol :D
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Сонував дека ми биле расклатени забите и без никаква болка сум го извадила кецот, и сум се чудела.Потоа двојката скоро сама си падна и јас пробував да ги наместам пак на нивните места ама се` ми паѓаа не сакаа да се наместат и почнав да плачам и да се нервирам:/.Некое значење има сонов?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонувам како сум пред една зграда и со другарка ми сакаме да запалиме цигари(не пушам цигари)и кога сакам да го запалам кибритот и да ја запалам цигарата ми се гаси постојано...додека на другарка ми се запали:toe:
пушењето цигари е знак дека се трудиш нешто да промениш на себе или во животот, да се видиш себе си во поинакво светло но некако не ти оди.

пушење цигари според соновниците се толкува како материјална штета, загуба.

--- надополнето ---

Вчера сонував како седам во двор и одеднаш се појавува змија, ја фаќам змијата и пробувам да ја држам за глава и во тој момент ме касна за прст и ја утепав. На 4-5 метри од мене стоеше огромна змија исправена и ништо не правеше само набљудуваше.

Денес сонував како во дискотека сум се бакнувал со некоја девојка.

Ако може да ми протолкуваш. :)

Поздрав
епа змија е душманка обично се поврзува со женска некоја другарка и сл. според твојот сон ќе претрпиш некаква штета од таа личност, а бидејќи си ја утепал ќе извојуваш успех, победа, но од друга страна пак те демнее друга која сега засега не е опасна за тебе но не е со добри намери.

инаку во соновниците змијата се толкува исто како душман или непријатели но да те касне змија значи прекинување на некое долго пријателство заради озборување а некаде пак се толкува како пролазна болест, да убиеш смија е спас од непријателите или некој успех.

вториот сон со девојката и бакнувањето се толкува како настинка а некаде како љубовни игри но јас мислам е само наплив на страст.





--- надополнето ---

Ја пред 1 година сонував на едно напуштен остров или што беше нз , и така една просторија без прозори отворена онака , напуштена и еден нож лета према мене , и ме убодува , го вадам го фрлам , тој пак се враќа па у мене иде . lol :D
остров е самотија, а ножот е глас некој, кој очигледно те погодува длабоко или некоја тага.

островот ако е пуст уште се толкува како загуба некоја или ќе те напуштата пријателите или саканата личност, а ножот како некоја опасност или тага.

--- надополнето ---

Сонував дека ми биле расклатени забите и без никаква болка сум го извадила кецот, и сум се чудела.Потоа двојката скоро сама си падна и јас пробував да ги наместам пак на нивните места ама се` ми паѓаа не сакаа да се наместат и почнав да плачам и да се нервирам:/.Некое значење има сонов?
има но според народните верувања забите се нашите блиски и далечни сродници во зависност од кој заб се сонува, предните заби се родителите, бабите и дедовците, браќа сестри, вторите заби или очници како ги викаат се поблиски роднини, останатите заби се пријатели и познаници, инаку на сон да паѓаат заби се толкува како смрт во семејството. Јас мислам ако не те болеле забите додека паѓале тогаш најверојатно не се работи за некој близок и викаш си плачела на сон нешто ќе се радуваш.

Евентуално опаѓањето на забите може да е знак на недостаток на енергија, за нешто си вложила сили и труд, а што на крај би требало да се исплати и да биде успешно.
 
Член од
2 јуни 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Овој сон ќе го паметам за секогаш: Сум била во дворот и сум погледнала на небото, глетката беше мноогу убава се гледаа сите планети сите ѕвезди некако од близу и тогаш планетите почнаа да се мрдатм се правеа нешто како соѕвездија од нив, се вртеа.. И потоа се почна да се тресе и стана многу страшно.. И наеднаш се појавив на друго место (и имаше некако старо желзо) и сите се криеа и некој погледа на во небото и рече - се случува. а јас само стоев поткачена на нешто и онака ладна и си гледав на небото. ... сонов е крај а што би значел :toe: .. многу е смешно како можело сето ова да го сонувам :smeshko:
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Денес сонував тепачка ми се пуштиле тројца ама добро се снаоѓав, ги млатев...
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Денес сонував тепачка ми се пуштиле тројца ама добро се снаоѓав, ги млатев...
непријатна ситуација на јаве од која успешно ќе излезеш или сонот ти укажува на некаков потиснат гнев кон некого.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Овој сон ќе го паметам за секогаш: Сум била во дворот и сум погледнала на небото, глетката беше мноогу убава се гледаа сите планети сите ѕвезди некако од близу и тогаш планетите почнаа да се мрдатм се правеа нешто како соѕвездија од нив, се вртеа.. И потоа се почна да се тресе и стана многу страшно.. И наеднаш се појавив на друго место (и имаше некако старо желзо) и сите се криеа и некој погледа на во небото и рече - се случува. а јас само стоев поткачена на нешто и онака ладна и си гледав на небото. ... сонов е крај а што би значел :toe: .. многу е смешно како можело сето ова да го сонувам :smeshko:
според мое мислење имаш високи амбиции, целиш многу високо, но нешто те приземјува или имаш таинствена желба за слава или да бидеш дел од некое славно друштво, но животот те сопнува и спречува да ги оствариш своите желби, но и покрај се упорна си во своите намери, што мислам на крај ќе ти се остварат.

инаку небо со ѕвезди и планети се толкува како богаство, бистро небо поволни настани во блиска иднина, железо пак се толкува како љубов.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Сонот: Во сонот сонувам и се будам во сонот , сфакам дека тоа било сон и потоа се будам вистински (во сонот една школска како ме масира) . Без врска. Зар ме сфати некој ?
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
сонував дека ми паднал забот преден и се растурил на ситни делчиња... што значи ова?
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
сонував дека ми паднал забот преден и се растурил на ситни делчиња... што значи ова?
според народните верувања забите се нашите блиски и далечни сродници во зависност од кој заб се сонува, предните заби се родителите, бабите и дедовците, браќа сестри, вторите заби или очници како ги викаат се поблиски роднини, останатите заби се пријатели и познаници, инаку на сон да паѓаат заби се толкува како смрт во семејството.

Евентуално опаѓањето на забите може да е знак на недостаток на енергија.

--- надополнето ---

Сонот: Во сонот сонувам и се будам во сонот , сфакам дека тоа било сон и потоа се будам вистински (во сонот една школска како ме масира) . Без врска. Зар ме сфати некој ?
епа ете си претчувствувал дека ќе се разбудиш а инаку се толкува како лажни надежи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom