Сонови, толкување на сонови

Marko vojvoda

Archduke - Archangel
Член од
31 јули 2008
Мислења
70
Поени од реакции
5
Во антиката соновите биле сваќани многу сериозно заради нив биле почнувани војни и биле уништувани многу империи...
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.857
Поени од реакции
2.748
Сум сонувал како сум се тепал со некој(незз кој поточно) и од страна имало други момци и тие ни се пуштиле на нас 2ца да не тепаат и сме почнале да бегаме.Шо значи сеа ова?!
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229

тоа значи дека нешто си лут и бесен на некого или гневен, евентуално некоја непријатна ситуација на јаве.
 
Член од
21 март 2009
Мислења
166
Поени од реакции
2
sonuvav jak kako sedam vo bolnica kaj zabolekar i ke mi pravile zabi nekoj sum ja otvarala cela usta i site zabi mi se gledaa ???
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
sonuvav jak kako sedam vo bolnica kaj zabolekar i ke mi pravile zabi nekoj sum ja otvarala cela usta i site zabi mi se gledaa ???
расипани заби велат недостаток на енергија, исцрпеност, настинка итн, поправање заби опоравување! ништо страшно
 
Член од
21 декември 2009
Мислења
131
Поени од реакции
26
Сонував дека било маскембал... Сегде имало полиција,затоа што меѓу маскираните имало убијци... вниманието цело време ми било на неекое дете со скршена рака...
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Сонував дека било маскембал... Сегде имало полиција,затоа што меѓу маскираните имало убијци... вниманието цело време ми било на неекое дете со скршена рака...
маскембал и маскирани лица ме асоцираат на лажни луѓем лажни индентитети, неискреност, лицемерие, некој не се прикажува кон тебе во правилно светло, убијци ... дури може некој е опасен меѓу тие луѓе, човек со деструктивни намери кон тебе, дете се проблеми, скршена рака нешто ќе те онерасположи, онеспособи физички или психички...или недостаток на енергија, нешто ти се ускратило.

инаку според соновниците, маскембал и маски значат исто, маскембал лажни пријатели, а маска е сплетки во товјот живот, а убиец се толкува како добри вести а некаде долг живот, хмм како викаат она што не ме убива ме прави посилен... хаха, дете пак некаде се толкува како среќа а некаде како проблеми, скрешена рака се непријатности во животот.
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
Возможно ли е да се сонува еден сон повеќе пати ? Или јас само мислам дека сум го сонувал два пати ?
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Возможно ли е да се сонува еден сон повеќе пати ? Или јас само мислам дека сум го сонувал два пати ?
многу возможно и е некој значаен сон штом ти се повторува, означува нешто значајно низ кое поминуваш или допрва треба да биде.
 
El 'Borracho

Riot Maker
Член од
18 јули 2009
Мислења
822
Поени од реакции
238
ајде молам објаснување на сонов(иве). Ретко сонувам. Скоро никогаш. Али кога ќе сонам нешто цел живот ме мачи. Ова беше последно.

Сонувам како седам кај еден другар дома и сме сами. Тој излезе и јас останав сам во собава. Наеднаш до мене седи мојот брат ( кој инаку е одамна починат, 6 години пред јас да сум роден ) и јас почнувам да правам муабет со него. Набрзо се враќа другаров и ме прашува со кого прам муабет. Јас му викам со брат ми. Тогаш свајќам дека тој не го гледа. Излегов надвор со духов и продолжив да правам муабет за тешки теми. Наеднаш го прашав дали навистина во Ноември ќе има војна.... и тој ми се насмеа само и се разбудив....

Наредната вечер сонувам градов мој ( Прилеп ) како е распаднат ( по се изгледа како да поминал низ војна или елементарна непогода ).... и знаеш јас си одам во мојава зграда која има три влеза. Мојот е насредина, а вратите од другите два влеза не се гледаат меѓу себв но можат да гледаат во мојот влез. Јас одам накај мојот влез кога гледам пред еден од од соседниве два влез стои доста голем човек, со брада, чудна облека и камшик. Јас се исплашив и почнав да бегам, кога ме одри со камшикот мислам дека уште ме боли на грб. Ме удри и ми вика "Застани! Само сакам нешто да те прашам.." . Јас во сон онолку се немав преплашено и знаеш одам накај него. Кога кај другиов влез гледам ист како него само ова со синџир и ми покажува знаци како демек да не одам кај овај со камшиков. Веќе незнаев шо да прам и овај со синџирот ме врза и ме тргна накај него. Го прашувам целиот возбуден кој се тие двајца, шо сакаат од мене, шо се случува... тој сами ми се насмеа и таман почна да зборува се разбудив....

Еве има можи 3-4 месеци ништо немам сонувано.... еднино ова го имам сонувано во цела година и би сакал ако има некој стварно шо се разбира од сонови да ми ги протолкува. Благодарам однапред
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
6
Поени од реакции
0
Aј ве молам објаснување за сонов.Некаде пред Велигден сонувам како идам да берам грозје.До нивата имаше црвен комбајн.Беше ноќ.Одеднаш на сред ноќ од запад се појави сонце.Ми го објаснувале многу луѓе на никој не верувам( сонот мислам го сонував на 12 години сега сум 15,уште го памтам лол).
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
многу возможно и е некој значаен сон штом ти се повторува, означува нешто значајно низ кое поминуваш или допрва треба да биде.
Во сонот еден огромен камен брка две кокошки :) Мора да е значаен =)
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Во сонот еден огромен камен брка две кокошки :) Мора да е значаен =)
ххаха смешно, но кокошки се озборувачки, кавга, лоши зборови, камен некоја тежина.

инаку соновницитие каменот го толкуваат како предавство а кокошка озборување.

--- надополнето ---

Aј ве молам објаснување за сонов.Некаде пред Велигден сонувам како идам да берам грозје.До нивата имаше црвен комбајн.Беше ноќ.Одеднаш на сред ноќ од запад се појави сонце.Ми го објаснувале многу луѓе на никој не верувам( сонот мислам го сонував на 12 години сега сум 15,уште го памтам лол).
грозје да береш е некоја добивка, според мене е убаво посебно ако е црвено грозје но и белото е добро, да сонуваш дека се разденува односно преоѓање од темнина на светлина е излегување од некоја тешка ситуација или разочарување кое те депримира и означува нов почеток нови успеси и остварувања на желбите.

инаку според соноовниците да береш грозје е разделба од некој, додека преминување од темница кон светлина или разденување е остварување на некои желби.

--- надополнето ---

ајде молам објаснување на сонов(иве). Ретко сонувам. Скоро никогаш. Али кога ќе сонам нешто цел живот ме мачи. Ова беше последно.

Сонувам како седам кај еден другар дома и сме сами. Тој излезе и јас останав сам во собава. Наеднаш до мене седи мојот брат ( кој инаку е одамна починат, 6 години пред јас да сум роден ) и јас почнувам да правам муабет со него. Набрзо се враќа другаров и ме прашува со кого прам муабет. Јас му викам со брат ми. Тогаш свајќам дека тој не го гледа. Излегов надвор со духов и продолжив да правам муабет за тешки теми. Наеднаш го прашав дали навистина во Ноември ќе има војна.... и тој ми се насмеа само и се разбудив....

Наредната вечер сонувам градов мој ( Прилеп ) како е распаднат ( по се изгледа како да поминал низ војна или елементарна непогода ).... и знаеш јас си одам во мојава зграда која има три влеза. Мојот е насредина, а вратите од другите два влеза не се гледаат меѓу себв но можат да гледаат во мојот влез. Јас одам накај мојот влез кога гледам пред еден од од соседниве два влез стои доста голем човек, со брада, чудна облека и камшик. Јас се исплашив и почнав да бегам, кога ме одри со камшикот мислам дека уште ме боли на грб. Ме удри и ми вика "Застани! Само сакам нешто да те прашам.." . Јас во сон онолку се немав преплашено и знаеш одам накај него. Кога кај другиов влез гледам ист како него само ова со синџир и ми покажува знаци како демек да не одам кај овај со камшиков. Веќе незнаев шо да прам и овај со синџирот ме врза и ме тргна накај него. Го прашувам целиот возбуден кој се тие двајца, шо сакаат од мене, шо се случува... тој сами ми се насмеа и таман почна да зборува се разбудив....

Еве има можи 3-4 месеци ништо немам сонувано.... еднино ова го имам сонувано во цела година и би сакал ако има некој стварно шо се разбира од сонови да ми ги протолкува. Благодарам однапред
првиот дел од сонот значи дека твојот покоен брат те чува и пази на тебе, евентуално може нешто си мислел на него или потсвесно посакуваш да го запознаеш, но како и да е сите починати роднини јас верувам дека се нашите заштитници, инаку дух според соновниците значи прекинување на некоја врска со некого.

вториот сон распаднат град ме асоцира на пропаднати планови, желби и сл, камшикување е казнување, измачување, нешто се чувствуваш казнет и измачен, или самиот се казнуваш за нешто, што те прави да се чувствуаш заробен на што укажува другиот човек со синџирот, синџир ме асоцира на заробеништво,

во соновниците камшикувањето се поврзува со некој срам кој ќе ти биде нанесен, викаш си почувствувал болка на сон која ден денешен ја чувствуваш, тогаш тоа е белегот кој ќе го носиш длабоко во себе можеби цел живот... синџирот пак се толкува како осаменост или тоа е некоја работа, потфат кој нема да успее, ако синџирот е златен тогаш е свадба.
 
G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.790
Често сонувам како ми паѓа косата... Онака, ја прочепкувам косата, и рацете ми се полни со вланка, а главата секако, проќелавена :Ѕ И скоро секогаш, одма во истиот момент почнувам да плачам и да пиштам... Anyone? :toe:
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Често сонувам како ми паѓа косата... Онака, ја прочепкувам косата, и рацете ми се полни со вланка, а главата секако, проќелавена :Ѕ И скоро секогаш, одма во истиот момент почнувам да плачам и да пиштам... Anyone? :toe:
сонот е позитивен, косопаст е ослободување од маките како и шишањето, а да ти порасне нова коса тоа се нови гриши и потешкотии, а штом си плачел и пиштел тогаш те очекува некоја среќа, среќно решение на проблемите најверојатно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom