Сонови, толкување на сонови

Mason_Petrarka

Servant of Morgoth
Член од
19 декември 2009
Мислења
157
Поени од реакции
23
има некое значење ако сонвам нонстоп црно-бело шо и да е??

иначе најчесто сонвам дека го кршам огледалото од веце-то и се сечам на лицето.. то ми е најчест сон последниве 2 години..
и плус уште една работа шо ме чуди мене.. значи ко ќе задремам.. се будам нешто на 5 секунци и одма заспивам ама заспивам со сликата на то шо ќе го видам последно.. денес на пример почнаф да летам а се гледаф кај шо спијам :S и после почнаф да пропаѓам в постела, сакаф да мрднам ама нема.. и насилно некако се будам срцето чука премногу и после едно 2-3 сати немом да заспијам.. а инау свесен сум ко ќе сакам да се помрднам да се разбудам некако :S и секој пат си велам.. аман бе, пак??... ако знајте нешто кажвите одма ако не секој со здравјето :toe:
 
Член од
25 ноември 2009
Мислења
692
Поени од реакции
191
Скоро секој викедн го сонувам мојот бивши партнер...Разделени сме скоро 5 месеци.На почетокот не го сонував но некако овој месец премногу секој викенд со некоја нова сторија незнам зошто..Како да ме прогонува на сонот и како да се што ми се случува во соновите ми се како некоја иднина..Ужас...Последно го сонував како цело време се заедно но неможе да дојде до ништо повеќе од муабет затоа што и на сонот се сонувам на болката која ми ја зададе во животот.правиме муабет и вака тажен е на сонот со наведната глава и јас често зборувам...Имам сонувано каде и повторно сме заедно во летен ден и јас во сонот се запрашувам повторно што барам со него, како е тоа можно...
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Oгномет шо значи да сонуваш???????
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
последните неколку дена секоја вечер сонувам како ми умира некој близок:icon_conf:icon_conf:icon_conf
се будам преплашена и ми е страв да заспијам... у цела недела 10 саати немам спиено:(
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
последните неколку дена секоја вечер сонувам како ми умира некој близок:icon_conf:icon_conf:icon_conf
се будам преплашена и ми е страв да заспијам... у цела недела 10 саати немам спиено:(
Тоа значи дека се спасиле од нешто лошо, убав сон не се плаши.
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Не знам дали се рачуна сонов затоа што го сонував во пладневна дремка ама еве ќе ви го раскажам...
Не знам во сонот дали се стемнуваше или се разденуваше и седев на клупа во гратски парк (баш на клупата кај 8 чешмички) и имаше нешто журка али со малку луѓе и не бев со никој познат, седев со друштво што никогаш не сум го видела. Поминаа едни луѓе што ги имам гледано, знам за кои се работи али не ги знам лично и едниот од нив пиеше нешто од шише ама шишето беше завиткано во пластична ќеса и не се гледаше убаво.После тоа во сонот одеднаш се префрлив во некоја канцеларија на огромна маса се одржуваше некаков состанок (исто и тие луѓе не ги знаев) нешто како секта беше и после при крајот на сонот дознав дека тој што пиеше од шишето-го пиел ракот(болеста) на сестра му. А за човекот уопште не ни знам дали има сестра.
Ако знае некој молам нека ми протолкува што значи дека стварно ме растевожи сонот, посебно тоа последното.
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Што значи да сонуваш како бркаш кокошка?
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Само што станав испотресена. Сонував како дечко ми (сегашен) ме изневерува и тоа во присуство на мојот најдобар другар. Во сонов мене никој не ми кажува дека ме изневерува туку го фаќам сама на дело. Што значи ова ?
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Само што станав испотресена. Сонував како дечко ми (сегашен) ме изневерува и тоа во присуство на мојот најдобар другар. Во сонов мене никој не ми кажува дека ме изневерува туку го фаќам сама на дело. Што значи ова ?
се плашиш да не те заебе некој од нив , а тоа пак значи дека не ги сакаш ни двајцата.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Шо значи тоа во сон - се излапав со дете шо појма немам кое е, пониско од мене, бушава коса.И знам нешто се испраќавме мене ме чекаше автобус. Ама така го залапав ?!?!?! Се будам и си викам кој к-рац ќе беше оваа :nesvest:
наплива на страст ништо повеќе.

инаку во соновниците бакнување со непознат се толкува како настинка...

У задно време скоро исти ситуации сањам како треба на некој кој што се во невоља да им помогнам а неам сила за такво нешто и ништо не правам само стојам и гледам као се мачат ?????
ако сонот бил многу живописен односно си чувствувал дека немаш сила може да е како резултат на исцрпеност или велат си се укочил во сонот.

убаво е да спасуваш на сон секогаш носи среќа посебно кога некого ти спасуваш,

во твојот сон тебе ти поснемува сила а сакаш некого да спасиш, може да те мачи некој проблем кој сакаш да го решиш а неможеш... или се наоѓаш во некаква ситуација која те исцрпува...

Вака сега..Многу чуден ми е сонов, особено овој период. Јез да си се стаив самиот под притисок да направам добро на колоквиумите, али немогуче да е сонов поради тој притисок. Редовно сонувам како на мобилен ми се јавува некој средновечен човек Ѓорѓи. Работата е што не ми кажувал ни што работи, ни што сака туку само ќе ми се јави 10 секунди и спушта. И сега во овој сон требаше да се најдеме со тој Ѓорѓи во едно кафуле во мое маало(кафулето ми е изменето во сонот и како такво и него го сонувам во повеќето сонови), но Ѓорѓи не дојде. И веќе преку глава ми беше од него, му се јавив и дознав дека е всушност инспектор и дека примил дојава за кражба за еден бивши мој добар другар.(кој навистина си беше таков во минатото, сега не сум сигурен) И тогаш се најдовме, направивме долг моабет и на крај се расчисти се со инспекторов, со предупредување од него да не слушнел некоја дојава за мене. Во сонот добив идеја да не случајно сум местен од сестра ми и зет ми, бидејќи они цело време го знаеа, а пред да се видам со Ѓорѓи се видов со зет ми, а по средбата со сестра ми и они знаеа за што се работи. Уште еден детал, може небитен е тоа што во сонов ја испраќав женската накај дома со автобус, а во живо живее на 5-10 мин од мене.

Само што се разбудив и поради тоа ги знам повеќето детали од сонот.

Предходно Wild Dolphin ми кажа дека да се заврши нешто во сонот, е знак дека нешто ќе се заврши во реалноста, ама што би можело да значи сонов...
знаеш може те бие лош глас, дојава е глас или вести а инспектор или полицаец кога се јавува во сон тоа значи дека нешто си згрешил си постапилнешто неправилно.


Уште еден детал, може небитен е тоа што во сонов ја испраќав женската накај дома со автобус, а во живо живее на 5-10 мин од мене.
ова со женска ти да не мислиш нешто привремено да се разделиш од неа штом ја праќаш некаде со автобус да си оди? така ми звучи....

Сонував како летам со падобран :toe: што значи ова?
епа падобранец значело настинка, болест..

и по некоја логика на нештата самото паѓање асоцира на некаков неуспех или разочаурвање. пад, потфрлување во нешто...

Еве по трет пат го сонувам сонов, како се запознавам со некој дечко во дискотека и двајцата пијани и се договараме да се земеме за 2 недели. Јас си одам дома и почнуваат подготовки за свадба сите се спремаат, и доага денот на свадбата, а јас немам што да облечам, и плус дечкото никаде го нема, па му се јавувам и он онака изненаден ми вика, ма каква свадба и тука мене ме фака паника и хаос. А во една варијанта на сонот дечкото се појави, али јас си викам зар за овој да се омазам и ме пука депрасија. Значи ли ова нешто?
по некоја логика ти сакаш да се мажиш но не си спремна бидејќи во сонот решаваш да се мажиш што укажува на твојата желба да се омажиш, друго во сонот ти немаш што да облечеш што е знак дека не си спремна бидејќи се уште не чувствуаш дека си ја пронашла правата личност а на тоа укажува превртливиот дечко во сонот.

Ако навистина очекувате некој да ви ги протолкува соновите и тоа да биде вистина - грешите.
Соновите се производ на нашиот мозок и како некој без поголема психолошка анализа на вашето однесување, навики и состојба може да знае што сте мислеле и која е последицата баш таква конструкција на настани да направи вашиот мозок.

Тоа народно толкување е бабини деветини и нема ни ронка вистина, се разбира бидејќи се заснова на фактот дека соновите ја предвидуваат иднината :vozbud:.
А толкувањето на соновите, па дури и од психоаналитичар сметам дека нема многу да ви помогне да ги решите проблемите во реалниот живот.
Како и да е, мозокот е многу повеќе активен додека сонува, отколку кога е буден, мора да има причина зошто е тоа така.
Тоа народно толкување е бабини деветини и нема ни ронка вистина,
за ова делумно се сложувам со тебе и јас не верувам во се што толкува народниот толкувач но некои толкувања се покажале точни како на пример она со забите, змиите, огнот, дрва и сл има еден икс случаи кога таквите симболи на јаве се покажуваат вистинити барем јас имам некое такво искуство.

А толкувањето на соновите, па дури и од психоаналитичар сметам дека нема многу да ви помогне да ги решите проблемите во реалниот живот.
за ова не си во право прочепкај малку по нетот ќе видиш колку психоаначитичарите им помогнале на луѓето да го одгатнат сонот се разбира дека психоаналитичарот сонот ќе ти го протолкува чисто од психолошки аспект бидејќи сите случки и проблеми од секојдневието ги апсорбира нашата психа и тоа после се манифестира преку сонот.

мозокот е многу повеќе активен додека сонува, отколку кога е буден, мора да има причина зошто е тоа така.
за ова не се знае зашто е така но знаем еден податок што верувам дека е вистина бидејќи јас лично го приметив, имено кога сонуваме посебно ако е тоа често значи дека нашата совест не е чиста или човекот е незадоволен од својот живот или го мачи нешто, а кога човекот е со мирна совест и има исполнет живот поретко сонува или не сонува воопшто тогаш потонува во длабок сон...

Сонував како мајка ми била бремена, и се пораѓала. А татко ми го немало никаде. јас седам до мама и некако ладнокрвно, некако како да ми е сеедно.?
некоја тежина ја мачи мајка ти некој проблем, но бидејќи се пораѓала тоа значи среќно ќе се отараси и ќе се среди, во тоа очигледно не ма да учествува таткоти, најверојатно се работи за нејзин личен проблем а ти најверојатно ќе и бидеш поддршка но нема да можеш да и помогнеш.

има некое значење ако сонвам нонстоп црно-бело шо и да е??

иначе најчесто сонвам дека го кршам огледалото од веце-то и се сечам на лицето.. то ми е најчест сон последниве 2 години..
и плус уште една работа шо ме чуди мене.. значи ко ќе задремам.. се будам нешто на 5 секунци и одма заспивам ама заспивам со сликата на то шо ќе го видам последно.. денес на пример почнаф да летам а се гледаф кај шо спијам :S и после почнаф да пропаѓам в постела, сакаф да мрднам ама нема.. и насилно некако се будам срцето чука премногу и после едно 2-3 сати немом да заспијам.. а инау свесен сум ко ќе сакам да се помрднам да се разбудам некако :S и секој пат си велам.. аман бе, пак??... ако знајте нешто кажвите одма ако не секој со здравјето :toe:
некаде читав дека луѓето кои сонуваат во црно бела варијанта малку потешко ги решаваат своите проблеми во животот и се наоѓаат во некоја комплицирана ситуација.

оглдеало на сон да скршиш се толува као несреќа во љубовта, но според западните толкувачи на соништа пак огледалото се толкува како тајна врска или тајна љубов која ти очигледно ќе ја прекинеш или уништиш.

да сонуваш како леташ велат ќе се заљубиш, но кај тебе летањето ми делува како луциден сон да не си бил полубуден?

Скоро секој викедн го сонувам мојот бивши партнер...Разделени сме скоро 5 месеци.На почетокот не го сонував но некако овој месец премногу секој викенд со некоја нова сторија незнам зошто..Како да ме прогонува на сонот и како да се што ми се случува во соновите ми се како некоја иднина..Ужас...Последно го сонував како цело време се заедно но неможе да дојде до ништо повеќе од муабет затоа што и на сонот се сонувам на болката која ми ја зададе во животот.правиме муабет и вака Тажен е на сонот со наведната глава и јас често зборувам...Имам сонувано каде и повторно сме заедно во летен ден и јас во сонот се запрашувам повторно што барам со него, како е тоа можно...
види вака сонот твој е потсетување на твојот бивши и на врската со него, тоа што тој во сонот е Тажен најверојатно се кае за тоа што ти го направил или ти потсвесно сакаш да го видиш Тажен и несреќен заради тоа што ти го направил.

тоа што сте во сонот заедно може да дојде до некое помирување и измазнвуање на односите помеѓу вас односно да се сведе на некое познанство.

Oгномет шо значи да сонуваш???????
убаво е некоја прослава, забава...

последните неколку дена секоја вечер сонувам како ми умира некој близок:icon_conf:icon_conf:icon_conf
се будам преплашена и ми е страв да заспијам... у цела недела 10 саати немам спиено:(
уживај никој нема да умре се е добро, Фала Богу!

Што значи да сонуваш како бркаш кокошка?
кокошка знаеш дека асоцира на кокодакање и провоцирање или гласови и озборувања може некоја кокошка ( озборувачка) од твојот живот ќе истераш или ќе спречиш некои лоши гласови кои се шират за тебе.

Само што станав испотресена. Сонував како дечко ми (сегашен) ме изневерува и тоа во присуство на мојот најдобар другар. Во сонов мене никој не ми кажува дека ме изневерува туку го фаќам сама на дело. Што значи ова ?
дека ти е верен а ти се сомневаш во него!

Не знам дали се рачуна сонов затоа што го сонував во пладневна дремка ама еве ќе ви го раскажам...
Не знам во сонот дали се стемнуваше или се разденуваше и седев на клупа во гратски парк (баш на клупата кај 8 чешмички) и имаше нешто журка али со малку луѓе и не бев со никој познат, седев со друштво што никогаш не сум го видела. Поминаа едни луѓе што ги имам гледано, знам за кои се работи али не ги знам лично и едниот од нив пиеше нешто од шише ама шишето беше завиткано во пластична ќеса и не се гледаше убаво.После тоа во сонот одеднаш се префрлив во некоја канцеларија на огромна маса се одржуваше некаков состанок (исто и тие луѓе не ги знаев) нешто како секта беше и после при крајот на сонот дознав дека тој што пиеше од шишето-го пиел ракот(болеста) на сестра му. А за човекот уопште не ни знам дали има сестра.
Ако знае некој молам нека ми протолкува што значи дека стварно ме растевожи сонот, посебно тоа последното.
малку чуден сон но ќе пробам нешто да извлечам...

непознати луѓе најверјоатно ќе стекнеш некои нови познанства кои ќе бидат угледни луѓе а покрај нив и ти може ќе стекнеш некаков углед или ќе почнеш да градиш некаква кариера бидејќи канцеларија на мене на тоа ме асоцира.

инаку

соновниците канцеларијата ја толкуваат како непријатности а да работиш во канцеларија грижи или трошење пари, луѓе непознати е некоја добивка а лоши луѓе се грижи,
најверојатно те обземаат некакви грижи но може во иднина те очекува некоја добивка која за нешто ќе ја потрошиш...
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
291
jas 2 dena po red sonuvav loshi sonovi.Prvo sonuvav kako ima vulkan vo mojot grad, ama jas bas togas sum se kacil na avtobus i sum zaminal, znaci ne me fatil mene, a vtoriot sum se bajnal u more i pokraj mene minala kobra ama ne me kasnala.Ako moze da mi kaze nekoj so znaci toa ?
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.910
Поени од реакции
1.552
Цел сон ми беше фрка, ми се пуштија четворица да ме тепаат ме збуфтаа, али незнам од кај ми се најде штрафцигер у рука и го збрцав едниот и почнав да бегам. Бегањето значи траеше до бесконечност. :)
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
22
Двапати сум го сонувал овој сон и двапати сум се будел од него. Ноќеска ја погледнувам сестра ми и се е нормално, но кога повторно ке ја погледнам косата и е избелена и ме гледа со ококорени очи,одеднаш станува, доаѓа кај мене и почнува да ме дави:nesum:
 
S

StereoLove

Гостин
Јас сонував како спијам и одеднаж се будам и гледам како некој сака да ја отвори вратата во собата кај што спијам но не може да ја отвори,станувам ја отварам вратата и гледам светло во ходникот и едно мало девојче кое гледа во витрината полна со чаши

Се исплашив ептен бе:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom