Сонов е многу стар- го сонував пред околу 6 години и сеуште ги помнам сите детали. Сега ми текна на него, па ако може некој да ми каже што значел. Ептен одамна беше, ама многу посебен сон за мене за кој сум кажала на многу малку луѓе. Пред околу 6 години почина вујко ми- многу млад. Многу бев приврзана за него, секој ден го гледав. Сонов го сонував после неколку месеци, 2-3 можеби. Во сонот бев со брат ми, шетавме низ градот, на познато место за нас. Се појави од некаде тој- вујко ми и ни се придружи. Јас се сепнав во сонот, ми текна дека е умрен и се укочив цела, ама продолжив напред. Одевме и зборувавме нешто, ме прашуваше како сте дома, дали сте добри, што има ново... се понуди да ни купи крофни мене и на брат ми како што понекогаш правеше додека беше жив... и стигнавме на едно место каде што се делат улиците и од едната страна се иде за дома (инаку во иста куќа живеевме со вујко ми). И тргнавме со брат ми натаму, а тој продолжи напред и јас приметив дека не доаѓа со нас и се свртив да го прашам... а тој како да знаеше што ќе го прашам и само ми рече дека не може да дојде со нас и да им кажам на сите дека му е убаво "таму" и да ја поздравам баба ми (баба ми во тој период многу тагуваше и секој ден се молеше да го сонува). Потоа ние продолживме со брат ми, тој продолжи на другата страна... и кога пак се свртив него веќе го немаше.
Можеби е глупаво што прашувам за толку стар сон и можеби ќе помисли некој дека сум се уфилмала, ама стварно ме погоди сонов и го помнам секој детал. И не сум кажала дома на никого за сонов зашто стари луѓе знаете како е- ќе кажат нешто по нивно, а најмногу заради баба ми не кажав зашто многу ми беше жал кога плачеше и не сакав да ја тревожам. Ама навистина сакам да знам какво значење има. Ако може некој да ми каже...