Македонија го пречекува Камерун на 9. февруари
Камерун доаѓа во Скопје. Македонија и Камерун договорија пријателски натпревар кој ќе се одигра на 9. февруари на Филип II Арената.
Познат е противникот на Македонија за терминот во февруари. Камерун доаѓа во Скопје.
Фудбалската Федерација на Македонија и Камерунската Фудбалска Федерација постигнаа согласност за пријателски натпревар.
ФФМ сеуште не потврдила официјално, но тоа го направи Камерунската Фудбалска Федерација.
Натпреварот ќе се одигра на 9. февруари на Националната Арена Филип II Македонски, а интересен ќе биде дуелот помеѓу двајцата напаѓачи на Интер, нашиот Горан Пандев и Самуел Ето.
Извор:
www.macedonianfootball.com