- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
Моето размислување е истото кое што го кажав претходно дека само на контра ќе имаме шанси. Мислам дека Словачка ќе има далеку поголем посед на топка и секако повеќе шанси. На тоа ние стандард ќе мора да се затвориме бункер и да чекаме контранапади. Ќе мора многу трчање и големо залагање и верувајте дека се е отворено. Словаците дојдоа од Јужна Африка со страшен резултат резултат што ние нема во наредниве 30 години да го постигнеме па се надевам дека и потценувањето ќе биде на наша страна ама од друга страна првиот меч е секогаш најтежок па може е подобро што играме на гости отколку дома бидејќи дома мислам дека ќе беа поголеми шансите за кикс. За играчиве не сакам да коментирам мислам дека си ја знаат работата и се надевам дека ќе има од нив залагање и борба како никогаш до сега.