Македонска фудбалска репрезентација

Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Македонија со оваа политика на калење млади играчи, политика на избор на играчи што играат во националниот дрес никогаш...ама никогаш нема да стигне на големо натпреварување, грото од играчите шо играат играат веќе добри 10 години..некои си 3-4 квалификациони циклуси се дрва невидени(ЗАЛУДНО ПОТРОШЕНИ ГОДИНИ), не го бива тимот 2 циклуса..БРКАЈ СВЕ... се мислеше дека нема стручњак тренер..па ајде Сантрач..не им чинеше..па ајде Катанец пак не им чинеше...а не сваќаат дека овој тим (СО ИСКЛУЧОК) на поединци НЕМА КВАЛИТЕТ за големо натпреварување тоа е факт со кој мора да се помириме...да имаа трпение со Сантрач...до сега ќе имаше тим од млади играчи и тимот ќе беше многу поквалитетен... Јонуз е квалитетен тренер..ама нема одврзани раце за да работи како шо сака, со неговото доаѓање се отвори шанса на многу млади играчи...не знам дали се сеќавате кога Катанец не го повика Седлоски за утакмица( не ми замеравајте не се сеќавам за која беше) се дигна таква непотребна фама..исто како Дунга да не го земе Кака сеа за Светско..ајде притисоци од ваму од таму..па го вратија дедото у игра..мислам БЕЗ ВРСКА кој КУР е Седлоски на 35 години да има загарантирано место у тим...на 70% од тие шо играат не им е местото во првиот тим....значи не е до противниците во групата со кои сме паднати, не е до тренерот, до играчите е....за пример ви се Босанците...пред 3 години која екипа беше Босна никаква..ама со прогресивна политика чистење на ѓубрето од тимот и нормално Чиро Блажевич..Босна за 2 години направи тим КОНКУРЕНТЕН ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО.... да не споменуваме за поединци кои се носители на игра во солидни тимови низ Европа...ние тапкаме во место и се тешиме ајде следниот пат ќе биде боље...НИКАТ НЕМА ДА БИДЕ БОЉЕ ако продолжат по овој курс..
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392

Се согласувам,но има една маана нема кој да ги замени.
Треба едни промени,да се има барем некоја некаква лига која не е тиња како нашата,да имаме барем еден клуб кој редовно ако не во фази по групи бар до 3 коло во квалификации да стига на ЛШ и Лига Европа и во тој клуб да се работи добро со младите играчи.Да се скаутува дијаспората,да нема веќе играње во први постави на татини синови без трошка талент итн.....
Треба да направиме доста голема промена.На Босанците реално им се потрефи добра генерација која има рано излезено во странство,а во блиска иднина на нас нема таква генерација да ни се потрефи.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Клучна работа што треба да се смени во овие квалификации ако сакаме ЕП е играта на гостински терен и пред се ефикасноста. Едноставно не може да се надеваш на пласман ако немаш победа во гости (не рачунам екипи како Андора) и ако постигнуваш по 7 - 8 гола во цел циклус.

Реално во последниве 2 циклуса сме имале шанси за дупло повеќе постигнати голови но реализацијата ни е 0. Сепак тоа се должи и на упорноста на нашите селектори да ги форсираат истите напаѓачи.

Стојков нема излезено од прв тим 2 циклуса по ред, од 100 шанси дал 2 гола. Кога ќе го видам Илчо од време на време како крилен напаѓач ми се превртува стомакот.

Треба повеќе шанса да се даде на Ристиќ, Ивановски, Ибраими или многу попросто да не се игра со 3ца напаѓачи кога ги немаме доволно квалитетни.

И зошто не соберат некој Бразилец, ко Хрвативе што го задигаа Едуардо:) Во сите спортови земаме по некој странец за да го засилиме тимот, а фудбал немаме ниеден.
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Се согласувам,но има една маана нема кој да ги замени.
Треба едни промени,да се има барем некоја некаква лига која не е тиња како нашата,да имаме барем еден клуб кој редовно ако не во фази по групи бар до 3 коло во квалификации да стига на ЛШ и Лига Европа и во тој клуб да се работи добро со младите играчи.Да се скаутува дијаспората,да нема веќе играње во први постави на татини синови без трошка талент итн.....
Треба да направиме доста голема промена.На Босанците реално им се потрефи добра генерација која има рано излезено во странство,а во блиска иднина на нас нема таква генерација да ни се потрефи.
Баш во блиска иднина..би требало да ни се потфати...ако би почнале чистка во тимот во овие квалифаикации..има многу потенцијални играчи кои би биле сосема добри за да се гради тим околу Пандев..кој за 2 до 3 години би требало да го достигне врвот на кариерата..
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Баш во блиска иднина..би требало да ни се потфати...ако би почнале чистка во тимот во овие квалифаикации..има многу потенцијални играчи кои би биле сосема добри за да се гради тим околу Пандев..кој за 2 до 3 години би требало да го достигне врвот на кариерата..
Кои се тие играчи?
Во одбраната да не се повредува Васевски и да игра заедно со Митревски,Попов(тој од Херенвен) го бива,доста добар е и то е то.Ако Ибраими нешто почне да игра во Шалке треба да се повика и друг кој?Тие ни се единствени саглам играчи.Да го ставам и Наумовски еве во групава на саглам играчи,други нема.
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Кои се тие играчи?
Во одбраната да не се повредува Васевски и да игра заедно со Митревски,Попов(тој од Херенвен) го бива,доста добар е и то е то.Ако Ибраими нешто почне да игра во Шалке треба да се повика и друг кој?Тие ни се единствени саглам играчи.Да го ставам и Наумовски еве во групава на саглам играчи,други нема.
Море да видиш како има..Славковски, Мојсов..Ибраими..Дарко Тофиловски(ГОЛМАНИШТЕ) Илија Несторовски од Победа зимава отиде во Словачко мислам...Ивановски од Ѕвезда...има и уште деца по дијаспорава за кој треба да си потегнеме конци да си играат за Макдеонија ..ако се насочат по тој курс да ја тераат политиката верувај ќе има играчи..
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Море да видиш како има..Славковски, Мојсов..Ибраими..Дарко Тофиловски(ГОЛМАНИШТЕ) Илија Несторовски од Победа зимава отиде во Словачко мислам...Ивановски од Ѕвезда...има и уште деца по дијаспорава за кој треба да си потегнеме конци да си играат за Макдеонија ..ако се насочат по тој курс да ја тераат политиката верувај ќе има играчи..
Овие другиве се ок,али Славковски е завршена приказна,си остана он само ''голем талент''.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
За нас во оваа група,поточно во овие квалификации главна цел треба да ни биде што подобар пласман и наредните да стартуваме од 3 шешир.Така се напредува не од 4 шешир директно на ЕП.Моја проценка и да ја запаметите е дека ќе имаме на крајот точно 12 бода.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
И зошто не соберат некој Бразилец, ко Хрвативе што го задигаа Едуардо:) Во сите спортови земаме по некој странец за да го засилиме тимот, а фудбал немаме ниеден.
Сакаше Катанец да го земи Вашингтон од Ѓорче Петров... ама тој замина во Партизан и ништо од тоа.
Кои се тие играчи?
Во одбраната да не се повредува Васевски и да игра заедно со Митревски,Попов(тој од Херенвен) го бива,доста добар е и то е то.Ако Ибраими нешто почне да игра во Шалке треба да се повика и друг кој?Тие ни се единствени саглам играчи.Да го ставам и Наумовски еве во групава на саглам играчи,други нема.
Агим Ибраими што игра за младата репрезентација е доста добар... Ејупи... Лазевски... Еве и Славковски е во Бохум (засега ќе игра за вториот тим), па ќе видиме што ќе биде од него. Син му на Бобан Бабунски за три-четири години би требало да биде повикан за репрезентација, иако ќе има 18-19 години. Мислам дека редно е да ја средат работата со пасошот на Марио Ѓуровски. Редно време е и Александар Вртески да се проба за сениорите, барем на пријателски натпревар. Еден Албанец што играше за Лацио (и младата репрезентација на Швајцарија)...
 
Steve Ray

Texas Huriccane
Член од
24 ноември 2007
Мислења
1.131
Поени од реакции
182
Овие другиве се ок,али Славковски е завршена приказна,си остана он само ''голем талент''.
Ќе видиме како ќе игра за Бохум сега..јас па мислам дека ќе биде добар
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.468
Поени од реакции
8.606
Сите ве читам на назад и сите сте до некаде во право но најважното за нашата реперзентација го заборавите а тоа е дека ни треба како и во секоја друга наша национална селекција ПСИХОЛОГ ние во фудбалот можиме да игарме со било која друга држава едно 60 -70 минути за кондицини мислам амам ако сме психолохки спремни лесно можиме да ги издржиме последните 20 минути со ситни прекини и се додека имаме поделби во реперзентацијата на прилепски и струмички кланови нема да има ништо а и селектор без никаков претходен резултат и стеф фудбалски единствено тоа што бил 10 години селектор на малда реперзентација па го дарувале да игараат некој играчи сега пак се влечкаат на негов грб а за хари шо да пишам топка нема шутнато во животот ако не беше шурата негов ацуле немаше да биди тука какде што е сега ама ај да не замарам по многу значи најважно е добар психолог и тоа ако можи некој од странство што има работено со јаки екипи и реперзентации а не од некое село донесен оти како можеше тениската реперзентација да прави успеси пред две три години така и тука ќе може :smir:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

Психолог тереба да биде самиот Селектор, Горан......
Значи тој е тој што треба да го извади максумумот од играчите!

А за промените.....ДА и јас сум за тоа, за да се проверат децата кои веке години наназад некако ги избегнуваме од ИКС причини!:toe:
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Психолог треба да биде и селекторот, ама треба да имаат и специјален психолог, каков што имаа ракометарите за светското првенство. Што се однесува до проверка на нови играчи и јас се сложувам со вас, на пријателските мечеви мора да се пробаат најмалце 7-8 нови играчи. Ако веќе ја усереме работата во квалификациите, тогаш мораат да направат подмладување на репрезентацијата, друго не гледам.
 
I

InF3cTeD

Гостин
Па не знам што друго да ти кажам... Сакаме пласман на ЕП? Сакаме... Епа ако сакаме мора да одиме на 20-ка и нагоре, нема друг избор... Ако не веруваме дека можеме да направиме нешто тогаш за џабе ќе се мачиме да играме фудбал. Доста беше 4-то место, мора промени. Србите викаат дека Италјанците ќе им гледаат во грб... па зошто нам да не ни гледаат Словаците и Ирците... Искрено, во последните квалификации заслуживме бараж, далеку подобри бевме од Шкотска и Норвешка.
Види вака,кога ќе се навратиш години наназад,ние на секој квалификации бараме и посакуваме пласмани,баражи на Македонија,однапред планираме "сигурни бодови" ама на крајот ништо од сето тоа.Ги спомнуваш Србија,па статистички гледано Србија е многу пред нас и тоа од х причини,има далеку поквалитетно и постабилно првенство,90% од играчите им играат во јаки екипи во Европа и нормално дека имаат успеси и резултати,а ние со никакво првенство,играчи кои настапуваат во Европа од кои пола не добиваат шанса или играат во слаби екипи неможе да се рамниме со Србија.Па ќе кажам,ние на секои квалификации заслужуваме бараж,ама резултатите и табелите не го покажуваат тоа,туку покажуваат дека сеуште сме недораснати за сето тоа.
 
Stoichkov

Царево Село/Делчево
Член од
9 февруари 2010
Мислења
204
Поени од реакции
60
Драги Коцев -Пирин Благоевград :helou:
Шо стана со Бен Кантаровски ,ке може ли да игра за МК ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom