Јас досега за 8 години откако знам дека постои скиентологијата во Македонија не сум имал никакви проблеми со луѓето
Сум имал убави искуства, и сум се дружел и сеуште повремено се дружам со некои од тие луѓе (хех, сите се веќе бифши членови, вклучувајќи ме и мене).
Мене ме однесе во ХЦДС мојата професорка по Англиски од основно, најдобрата професорка по англиски што досега ја имам видено.
Би се вратил само за да направам една работа. Purification Rundown, или процес за прочистување на телото од сите отрови и штетни материи кои се насобрале во телото за време на овој живот. На времето чинеше 1200 марки, сега не знам колку е, но сите што го направиле викаат дека вреди. Полесно дишат, имаат повеќе енергија. Имам видено како на луѓе им исчезнуваат некои чудни флеки од телото (кафеави или црвени дамки по кожата, „од раѓање“). Оние со кои највеќе се дружев после Пјуриф со помалку алкохол ги фаќало (дел од парите веднаш им се враќаат на тој начин, ЉОЉ).
Организациската структура е доведена до совршенство. Точно се знае кој што треба да работи и колку треба да сработи, и на кого поднесува извештај итн.
Од филозофска гледна точка, во скиентологијата Л.Р.Хабард ги собрал сите оние работи кои ги научил од источните филозофии и ги подредил по некој редослед и со свој речник подоцна сето тоа го спакувал како една единствена филозофија.
Инаку системот за извлекување на финансиски или човечки ресурси е усовршуван со текот на годините додека Хабард бил жив, но и понатаму се модофицира од следбениците во горниот ешалон.
Под нив се членовите на Saint Hill .... ух забораиф што беше уште во СХ, ме мрзи да гуглам и SeaOrg. Тоа е всушност столбот на Скиентологијата. Си Орг настанал откако борбата за протерување на Хабард од УСА била во силен замав и тој отпловил по Атлантикот за да се консолидира. Постојат многу написи по нет за што се случувало и што се „случувало“ на тој брод, но денес СиОрг поседува цела флота во која главен е бродот FreeWings.
Копнени центри има низ целиот свет, најблизок е тој во Будимпешта. Таму и требаше да одам се додека не се предомислиф во последен момент.
Инаку во центрите фунционираат како манастирите во христијанството, малку модифицирано.
Членовите работат многу, има дрес код, хмм што друго...
Право на стапување во брак имаат откако ќе станат ОТ2. Пред тоа немаат право на никаков сексуален однос.
Кога сум веќе кај ОТ степените. Тие следнат откако тетанот (единката) ќе стaне Clear. Или единка без аберации (ги отстранила целосно од себе). Прв клир во Македонија е сестрата на Мони Дамевски, човекот кој ја донесе во Македонија скиентологијата и близок соработник на Милчо Манчевски.
Македон4е наместо да си зјапал во јаката женска да си ги разгледал сликите од страна ќе си видел слика од Мони со Џон Траволта.
Е сега ОТ степените не ги разбирам баш, посебно не знам зошто се 15 кога има 8 динамици на човековото опстојување (првично биле 5).
1 динамик - тетанот (единката, егото, како сакате викајте се
)
2 динамик - сексуални партнери и потомците
3 динамик - луѓето кои ве опкружуваат
4 динамик - човештвото општо
5 динамик - целокупниот жив свет на планетата
6 и 7 динамик не ми текнува баш конкретно на што се однесуваа,
8 динамик - божество, или бесконечност, претставен преку легната 8ца.
И за крај да го оставам најдоброто, Скиентолошкиот аудитинг. Процес кога тетанот се враќа назад на временската лента на која се запишани сите сеќавања, најчесто на некој немил настан. Процесот го насочува обучен аудитор кој ја тера единката да се соочи со настанот повторно и повторно се додека не се отстранат сите негативни емоции во врска со тој настан.
Некој погоре имаше напишано дека е процес на поставување на глупави прашања кои ги одговараш со затворени очи притоа држејќи лименки во рацете поврзани за некоја чудна машина.
Но ова е навистина корисна работа. Ми отсрани страв од пешачење ноќе (којшто го стекнаф после една опасна тепачка).
За жал ова е прилично скапо. Јас го добив беспари по сплет на околности.
И втората добра работа која никако да фатам пак да ја правам се асистите, или помагање на повредено лице преку соодветна масажа.
Забрзува опоравување од повреди, лечи акутен замор. Девојките со кои се дружев ги имаа научено дечковците да го прават тоа за кога им е циклусот да немаат ПМС и болки.
Толку сега за сега, ако ми текна уште нешто ќе допишам.
п.с. Мистичен, никогаш не отидоф во Нарконон, така да не можам ништо да кажам. Само знам дека по кажување на Васил имаат прилично строг режим на функционирање со пациентите. Така да не би ме изненадило некое размазено детиште да се жали за ова или она. Такво момче во ЈНА најверојатно би имало барем еден обид за самоубивство, ама ова е веќе друга тема.