Дијанетика и Скиентологија

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.833
Поени од реакции
23.356
pa vaka, poso imam kniga dijanetika i skientologija doma... i e bogami teska za citanje... a i soooznam... iskreno nemam predrasudi okolu ovaa "religija" ali ne mi smeta... imaat nekoi za nas "cudni" pravila, a mozda i ne se, znaete kako vikaat na pr: TOJ E LUD
nekoj ke kaze nekoja misla, sfakjanje, fakt, otkritie bilo sto i ako poveke od polovinata go prifatat znaci deka ne e ludost, ako nekoj isto takvo nesto kaze i poveke od polovinata ne go prifatat toa, odnosno poveketo ke se prilkucat na protivnoto mislenje na nekolku licnosti... onda toa e ludost i toj e LUD.... bidejki ne go prifakjaat...
e taka e i so ova... poveketo luge ne go prifakaat ova ucenje za zivotot i covekovoto telo i um i go smetaat za ludost, a tie sto ne go smetaat za ludost ke treba da molcat ili ne, ako se hrabri .
sepak, dali e pogresna ovaa nauka, religija, sto i da e.. ili ne e ke pokaze vremeto

a inaku toa deka covekot e samo duh i um i telo se soglasuvam... se soglasuvam i so toa so nekade go procitav deka duhot prodolzuva da zivee vo koja dimenzija ne znam.. ali da ne begame od temava...

znaci.. ne mi smeta dijanetikata i skientologijata.... iako ne sum del od seto toa
Секој верува во тоа што сака да верува. Една работа е да оформиш црква како верска институција каде што секој има право да ти се приклучи или не. Сосем друга работа е да се претставуваш како психолошко советувалиште каде што "професионалци" ќе ти помогнат и советуваат за твојот живот, стрес, стравови итн. Они така се претставуваат како советувалиште на почетокот, а не како секта што всушност и се. Прв доказ за подмуклоста. После тоа за тие терапии ти земаат брдо пари. И трето ти наложуваат што да правиш а што не во животот. Односно животот ти го контролира сектата. При тоа многу добра тактика што се користи е максималното зближување на членовите на сектата каде што водачите секојдневно им кажуваат дека тие се избраните од Бога и слични срања прават да се чувствуваш дека сектата е секогаш тука зад тебе, те сака кога ти е најтешко, не те отрла и сл. Потребата за припадност и афекција кај луѓето е моќен елемент преку којшто може да се манипулираат индивидуите и групите.
И немој да мислиш дека е којзнае колку тешка книгата. Треба само да си кадарен да го користиш пишаниот збор преку тежок вокабулар, и начин на врзување на речениците што ќе делува генијално а ако го протолкуваш е купче булшит.
Иначе пари користени во религиозни институции и хуманитарни цели не се оданочуваат во многу земји. Повеќето гласноговорници и пророци на Бога го знаат тој факт.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Одлично организирана организација и добро продаден бизнис, ај маст сеј.
Како... „Крај на стресот и нервозата. За неверојатни 1576564641,99 денари купи ја прекрасната книга која ќе ти го промени животот и бла бла“.
Перењето мозок е можеби одлика на секоја секта, ама овде скапо го плаќаш:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Да разјасниме скиентологијата не е секта тоа е религија секта е религиозна група која се отцепила од некој главна религија (јеховните сведочиња на пр) а тоа дека се стварно на платен список и на процент верувајте е вистина но и тоа дека за секој совет бараат пари а советот обично е дека треба да ја читнеш дијанетиката која пак е околу 600 денари а потоа за работите кои ќе ти останат нејасни потоа а ќе останат :) да одиш на семинар кој пак чини околу 1500 - 1600 денари за 2 часа а потоа ако пак уште имаш нејаснотии ќе имаш курс кој пак се плаќа ( е ова е доста поскапо - незнам колку :tapp: :tapp:) а пак ако сакаш да ја примиш религијата за која на почеток категорично тврдат дека не е религија :vozbud: си плаќаш месечна членарина и горенаведените семинари и курсеви ти се задолжителни - срања со пари. :drk: :drk: :drk:
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
По која дефиниција секта е рел грпа одделена од главната религија?
Ако заклучоков го донесе од тоа дека Протестантизмот се смета за секта зашто не е признаен од Ватикан и од Цариград - не си во право.
Секта, во некоја поширока традиционална смисла би било секое религиозно движење неприфатено од поголемите светски религии.
Океј, јас сум рисјанка и можда малку ова строго звучи, ама по нас - Папата би требало да се смета за еретик:)
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Бидејќи си имааат сопствен бог различни верувања и обичаи поразлични од останатите религии - што по теолошка деф. е религија.
п.с а папата ствано е секташ како само е облечен :pos2:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Единствената "РЕЛИГИЈА"(СЕКТА) која ти помага да се подобриш со тоа што месечно ке си плакаш од преку 1.000 евра и тоа со цел на дознака ДОНАЦИЈА.А ако пак уште повеќе сакаш да си помогнеш да се подобриш и да станеш корисен за општеството ке требе како нетокму да ги убедуваш сите дека тоа е она вистиското.
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Јас најдов нешто за скиентологијата, поточно за скиентолошката црква , за терминот, учењето и сл. (од криминологија и психијатрија).

Црквата на скиентологијата важи за една од поагресивните секти, која според својата организација и функција нема ништо заедничко со црквата. Терминот е позајмен за да ги заблуди новите приврзаници, таа е всушност меѓународна организација која има за цел да ги мие мозоците на своите членови во одредени цели. Тој систем на заблуди е дело на ЛАФАЈЕТ РОН ХАБАРД создавач, раководител и неспорен папа на сектата, чија организациона и функционална машина достигала свое совршенство. Учењето на оваа секта е мешавина од идеи повлечени од будизмот, индуизмот и кабалата, често замаскирани под некоја мистична терминологија. сектата е формирана 1947 по втората светска војна, кога општествата и луѓето биле економски, психолошки и физички исцрпени. Во тие услови Хабард скромен и сиромашен писател доаѓа до идеа да создаде нова религија која ке му овозможи моќ и богатство, дотоганото пишување на сценаријата за научно фантастични филмови му изгледале смешно и неисплатливо. Користејки го своето познавање на психологијата и хипнозата, наумил да создаде нова наука за менталниот живот која на луѓето ке им ја претстави како вистинска наука. Во 1949 ја издава книгата Дианетика која претставува столб на целокупното скиентолошко учење. За да придобие луѓе тој си присвоил многу универзитетски титули, со кои парадирал меѓу луѓето. Во 1950 ги создал првите контури на сектата. Во своите книги го убедува народот дека лекува секакви заболувања и тоа преку ослободување на духот од неговите заблуди. Според него филмот на менталното се формира во секоја индивидуа, а се развива милијарда години. Ако некој сака да го види тој филм потребно е само да го разголи своето минато пред некој искусен скиентолог, држејќи во рацете две метални кутии сврзани со проводник, низ кој минува слаба струја, која кќе го детектира мисловното. За да му даде научни димензии на свооето псевдоучење создава свој јазик со кој ќе комуницира сектата. Јазикот се состои од единаесет илјади зборови, собрани во мал речник, кој претставува како буквар на скиентологот. Во текот на учењето учениците поминуваат низ секојдневен строг режим на прочистување во сауна. Така истоштен новиот поклоник на да расудува со својот ум и да реагира соодветно на здравиот разум. Потпирајќи се на неговото предходно искуство во научната фантастика, тој им проповедал на луѓето дека треба да се борат со невидливи животинчиња кои дошле од некоја друга планета и дека борбата треба да биде упорна и долготрајна. Едукацијата трае со месеци и добро се плаќа. Едукацијата е во осум степени, нарекувајќи ги ОТ (кое асоцира со способно човечко суштество). Кандидатите за скиентологот треба да ги минат сите нивоа и тоа е страшна мамка за богатство на сектата.

1. Првото ниво ОТ-1 се состои во реализирање под контрола на набљудување на се она што се случува на јавните места.

2. Второто ниво ОТ-2 се карактеризира со предизвикување на реакција спрема имиња, предмети и дејствија, согласно комплексната езотерична теорија.

3. Третото ниво ОТ-3 веќе влегува во водите на научната фантастика, бидејќи кандидатите веќе можат да допрат до корените на заблудите на нашата вселена и да ја преминат огнената карпа.

Откога ќе го помине третото ниво приврзаникот треба да докаже дека во него се отстранети сите страшила. Само оние кои се подготвени многу да платат можат да дојдат до осмото ниво.

Основното правило на сектата е строга дициплина и хиерархија. Работи во сеанси за прочистување за да може следбеникот да стане поодговорен да учествува во изградбата на еден поусовршен свет. Приврзаниците се учат да не контактираат со луѓе кои непријателски се настроени кон сектата или го критикуваат нејзиното учење. Се шири со прозелитизам по улиците, покана за бесплатен психолошки тест на личноста. Нивна официјална библија е Дианетиката современа наука за менталното здравје, а воедно издаваат и периодично издание на француски јазик праведливост.

Мене ова ми личи на психопатска работа!
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Не за џабе ја викаат религијата на богатите. Се зачленуваш и крвариш пари накај нив ко луд. А шо фини техники имаат за да те ќарат.
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Да разјасниме скиентологијата не е секта тоа е религија секта е религиозна група која се отцепила од некој главна религија (јеховните сведочиња на пр)

Ne se slagam zasto skologijata e sekta i ne e proizlezena od nekoja glavna religija, tuku mu teknalo na nekoj pisatel da napravi nesho novo i so toa sto pisuval knigi so naucna fantastika covekot si napravil sekta veruvanje nekoe koe go prezentiral na lugeto.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Браво мраФка.Тоа е тоа.Ама мислам дека пред да станат ОТ имаат уште нешто што треба да поминат.Во секој случај добро објаснување.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Како што прочитав пред некој ден, Германија се подготвува и официјално да ја забрани Скиентологијата во оваа земја, по цели 10 години истрага.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
395
Поени од реакции
6
Како што прочитав пред некој ден, Германија се подготвува и официјално да ја забрани Скиентологијата во оваа земја, по цели 10 години истрага.
Мислам дека таму е веке забранета ама не сум сигурен.Во повеке држави низ европа е забранета и тоа во поголем дел завршуваат и во затвор.
 

iis

Mraf4i
Член од
12 септември 2007
Мислења
432
Поени од реакции
16
Како што прочитав пред некој ден, Германија се подготвува и официјално да ја забрани Скиентологијата во оваа земја, по цели 10 години истрага.
I treba da se ukine toa e psihopatska rabota izivljavanje so narodot.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.397
Поени од реакции
7.654
I treba da se ukine toa e psihopatska rabota izivljavanje so narodot.
Моментално немам време за опширен пост, па ќе ти пишам едно кратко за ова цитираново.
Нарконон огранокот на Скиентолошката црква е техника за лечење на зависноста од наркотици која има многу висок процент на успешност, за разлика од традиционалните методи со метадон и слични „држвани“ дроги.
Лично сум сведок на неколку луѓе на кои ова им помогнало.

Кога ќе имам време ќе ти напишам пост кој ќе биде одговор на твојот опширен пост погоре.

Браво за твојот труд да го најдеш и преведеш сето тоа.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Моментално немам време за опширен пост, па ќе ти пишам едно кратко за ова цитираново.
Нарконон огранокот на Скиентолошката црква е техника за лечење на зависноста од наркотици која има многу висок процент на успешност, за разлика од традиционалните методи со метадон и слични „држвани“ дроги.
Лично сум сведок на неколку луѓе на кои ова им помогнало.

Кога ќе имам време ќе ти напишам пост кој ќе биде одговор на твојот опширен пост погоре.

Браво за твојот труд да го најдеш и преведеш сето тоа.
Баш ме интересира дали по излекувањето (се разбира, доколку е вистина), тие луѓе станале зависни од нешто друго - во превод, дали сега и робуваат на Скиентологијата и нејзиното ширење, или си живеат среќно и независно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom