F.A. Premier League

Кој е најдобар англиски клуб?


  • Вкупно гласачи
    600
Статус
Затворена за нови мислења.

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Ливерпул-Манчестер 2-1 :je::je::je::je:
Дали Манчестер се слаби или Ливерпул се многу јаки?:icon_lol::icon_lol:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Помина дербито Ливерпул - Јунајтед, можда и најривалските тимови во Англија.
Одличен старт на Јунајтед, но добра игра само 25-30 минути. ПРЕМАЛКУ! Останатио дел, Ливерпул беше поконкретен. Не толку до крајо на полувремето, во кое дадоа гол по една мизерна реакција на Ван Дер Сар и несреќниот Браун кој се најде на погрешно место во погрешно време, туку особено во второто полувреме. Многу подобра претстава на Ливерпул отколку на Јунајтед. Заслужена победа на Ливерпул (иако помило че ми беше да биди нерешено).

Судијата одличен. Наметна критериум, додуша тој критериум дозволуваше доста оштра игра, ама остана доследен на него. За црвенио картон на Видич, можеше за двата старта поединечно да заработи црвен. Кин тргна накај голо сам, Видич отиде директно на ногата на Кин. Второ, директен лакт во лицето на противнички играч.

Околу тимовите, не коментирам ништо, оти и кај двете екипи не играа главните напаѓачки настроени играчи, Торес и Роналдо и сметам дека во тој поглед ниеден од тимовите не беше во полоша или подобра ситуација.


Сеа одиме на Блекбурн - Арсенал, па Сити - Челзи. :tv:
Ливерпул не зависи толку од Торес, колку што Манчестер зависи од Роналдо.
 
F

fantomX

Гостин
Ливерпул не зависи толку од Торес, колку што Манчестер зависи од Роналдо.
То шо го напишав го мислев пред почетоко на утакмицата, а ова шо ти го велиш се покажа на утакмицата (колку и некои „фанови“ да не признаваат).

:violent1::violent1::violent1::violent1::violent1::violent1:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.690
Поени од реакции
11.482
Денешните натпревари:

Ливерпул 2-1 Манчестер Јунајтед :kesa:
Блекбурн 0-4 Арсенал
Фулам 2-1 Болтон
Њукасл 1-2 Хал :vozbud:
Портсмут 2-1 Мидлзбро
ВБА 3-2 В.Хем
Виган 1-1 Сандерленд
Ман.Сити 1-3 Челзи
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
Денешните натпревари:

Ливерпул 2-1 Манчестер Јунајтед :kesa:
Блекбурн 0-4 Арсенал
Фулам 2-1 Болтон
Њукасл 1-2 Хал :vozbud:
Портсмут 2-1 Мидлзбро
ВБА 3-2 В.Хем
Виган 1-1 Сандерленд
Ман.Сити 1-3 Челзи
+ стоук - евертон - 2 : 3

им честитам на сите ! убаво коло на сите мечеви голови браво !
утре ќе го комплетираат колото евреите - вила !
 
В

Вори

Гостин
Тој Делап од Стоук од пола терен аут изведуваше право во шеснаесетник.Југо викаше подобро фудбалерите на Евертон да ја шутнат топката во корна него во аут:pos2:
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.690
Поени од реакции
11.482
Ќе им пуштам порака на А1 наредната недела да не го стават него за коментатор на натпреварот Челзи - Ман.Јунајтед. :violent1:
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Ќе им пуштам порака на А1 наредната недела да не го стават него за коментатор на натпреварот Челзи - Ман.Јунајтед. :violent1:
На кого ќе кажеш кога спортската редакција сама си одредува кој ќе коментира т.е. на Југо му пишуваш порака за да не се стави сам.


И сега видов на ЕРА даваат реклама ќе давале ФА Куп
 
G

Gray Foxx

Гостин
Работата е што Југо го ставаат на јаките утакмици т.е. дерби утакмици затоа што он е премногу глуп да ги знае имињата на фудбалерите на послабите екипи. И не е никаков малер оти е премногу глуп да биде малер. :)
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Новиот прволигаш Хул во Њукасл допатува само со една комбинација на дресови и се најде во проблеми. Домаќинот истрча во црно-бели маички и црни гаќички, а по нив играчите на Хул во темно сиви дресови, нивните резервни, бидејќи првата комбинација им е во црно-жолти риги. Меѓутоа, судијата поради сличните бои им нареди на гостите да ги сменат барем гаќичките. Бидејќи немаа други, а Њукасл сакаше да игра чесно, за да се разликуваат на теренот, играчите на Хул од домаќинот добија бели гаќички. Во знак на благодарност гостите на Њукасл му "возвратија" со два гола и ги освоија трите бода.:pos2::pos2::pos2:
 
F

fantomX

Гостин
Шо ви смета бе толку Југо? :)
Гледајте и концентрирајте се на играта, шо ви е гајле кој (и шо) коментира...:tv:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Шо бунете бе за Југата, он и онака е навивач на Манчестер Јунајтед
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.690
Поени од реакции
11.482
Сега баш гледам Преглед на колото, и забележав дека на Вест Хем на дресовите, таму кај местото кај што треба да стои логото на спонзорот, е покриено. Дали некој знае зошто ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom