Кризата што ја има фатено нашиот фудбал ќе помине еден ден.
Таман до тогаш и P-S-G ќе излезе од пубертетот.
Муабетот за Балканска лига не е за утре или за после еден месец. Јас како оптимист мислам дека и нашиот фудбал ќе тргне по нагорна линија. Тогаш работите ќе бидат појасни и ќе имаме сериозни кандидати за влез во таа лига.
Една паралела со кошарката. НЛБ-лигата го покани Работничи Ф. На знам по кои критериуми организаторите одлучиле за тоа, ама Работнички Ф доби покана. Таа покана клубот ја одби од добро познати причини. Слаб квалитет, слаба финансиска подлога.
Во фудбалот. Утре, да се формира Балканска лига и СИТЕ екипи од Македонија да добијат покана,
јас мислам дека по примерот на Работнички Ф. сите клубови ќе се повлечат. Можеби два или три клуба (Македонија ГП, Ренова, Работнички) нема да се повлечат одма, ќе мислат дека може да играат, ама откако ќе направат убава математика ќе видат дека сега не е моментот за играње во таква лига.
Во оној момент, кога ќе заживее традиционалното фудбалско ривалство во Мак фудбалот, тогаш може да се надеваме на Балканска лига во Македонија. Не мора претставници во БЛ да бидат добро познатите клубови што играле и порано во Југославија, Пелистер, Победа, Беласица, Брегалница, Вардар, Работнички .... може тое да биде и некој од останатите клубови
(Ренова, Милано, Македонја ЃП, Турново ...). Факт е дека во Македонија ќе се подигне квалитетот само кога ќе се врати ривалството помеѓу клубовите Пелистер, Победа, Беласица, Брегалница, Вардар, Работнички. Оној клуб што во таква конкуренција ќе успее да биде прв, втор или трет, тогаш заслужено ќе ја претставува Македонија. Тогаш изборот нема да биде ниту со стара слава, ниту со преголеми и нереални амбиции.
П.С. Мала реплика надвор од темата.
Мислам дека моментално во Металург има токму таков инвеститор. Металург е далеку од вештачки клуб, ама во споредба со останатите клубови од Македонија може да се рече дека е клуб без навивачи.
Која е целта и амбициите на спонзорот .... во некоја друга тема.