Книги што сте ги прочитале и коишто ви оставиле впечаток?

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Вест напиша:
Романот "За мојата малечка" од Тони Парсонс во издание на "Матица Македонска" се занимава со вечната тема на љубовта. Делото е сага за осаменоста, за човечката потреба за љубов и за нејзиното вистинско лице. Приказната се плете околу ликот на младиот писател во бетонската џунгла на Хонгконг кој живее со сознанието дека ја изгубил љубовта на својот живот. Раскажана во прво лице приказната има интимен и исповеднички тон, но ни трага од патетика. Без големи мисли, дефиниции и егзалтации Парсонс сепак топло и искрено проговорува за желбата и потребата на современиот човек за она што во лудата трка на животот луѓето го подзаборавиле и се навикнале на блокирана комуникација, на едновечерни врски и на љубов без љубов.
Солидно романче, ми се допаѓа и тематиката што ја обработува и како тоа е доловено и прикажано. Оценка 7,5/10.
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Осаменици oд Петар Шегедин. Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков ,несто по хард кор Жустине или не даче крепости МАРКИЗ ДЕ САД.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.982
Поени од реакции
12.614
-Така зборуваше Заратустра
-Политеа(за државата)
-Раџа Јога
-Тајна Доктрина
-8 лекции за Јога
-Трансцендентална Магика
-Кундалини Тантра
-Мултиоргазмичен Маж
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Вештица на Венко Андоновски, дефинитивно. Само што ја дочитав и мислам дека под импресии ќе сум дур не најдам подобра книга.
Овој роман не се чита, овој роман се живее...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Две книги, и двете од Влада Урошевиќ - „Подземна палата“ (1987) и „Демони и галаксии“ (1988). Не ми се прочитани скоро, но повторно ги разгледував пред некое време. Се работи за есеи во кои предмет на интерес се фантастичната и научно фантастичната книжевност, како и авторите кои се занимаваат со нив.
Во „Демони и галаксии“ Урошевиќ се труди и главно успева да даде што поширок осврт (или преглед) кон историјата на овој дел од книжевноста, но и за испреплетеноста на фантастиката и научната фантастика, како меѓу нив самите така и меѓу нив и религијата, митологијата, окултизмот, науката и тн. Сепак, покрај многуте спомнати автори од овие жанрови, авторот пропуштил и неколку мошне значајни имиња како Стивен Кинг, Френк Херберт, Клајв Баркер и други, поради што книгата, која инаку не е лоша, изгледа нецелосна, недовршена.
„Подземна палата“ се занимава исклучиво со фантастиката во делата на неколкумина писатели (Булгаков, Толкин, Лавкрафт, Борхес, Цепенков :) и уште по некој друг. Ако добро се сеќавам за наведените писатели имаше и биографски информации, што и не е премногу битно.
Мене ми се допаднаа книгиве, сметам дека се добар вовед (водич) во фантастичниот и научнофантастичниот жанр. Има пропусти и недоречености, но во целина се работи за интересни книги. Ги зедов пред неколку години за никакви цени и двете беа по 50 ден. Дали ги има и денес не знам. Препорачувам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
"It" е прилично обемен роман на Стивен Кинг, според кој е снимен истоимениот филм од 1990 година. Кинг обработува некои од своите омилени теми - детството и неговата магија, носталгичноста кон американскиот живот во минатото (во случајов тоа се педесеттите години на 20. век) и затворот, кој во различни облици и форми го има во поголемиот дел од неговиот опус.
Се работи за група деца кои успешно му се спротивставуваат на еден крвожеден ентитет. Дваесет и кусур години подоцна како возрасни луѓе се решаваат за конечна пресметка со него. Двата текови на приказната се одвиваат паралелно. Мислам дека се работи за интересна приказна која е убаво напишана, со многу емоции и вештина. Можеби требало да биде помала и некои делови се непотребни, но генерално се работи за врвно остварување на хорор жанрот.

Речиси истата приказна, со неколку различности, е раскажана од Ден Симонс во „Summer of night“(баш би сакал соодветен превод на насловов на македонски :smir:). Објавена е во 1991 година, неколку години по „It“. Ова дело е еден прекрасен пример за тоа дека повторливоста не една приказна не мора да значи недостаток на имагинација и оригиналност. Барем јас мислам така. Значи, не се работи за плагијат, туку за еден поинаков пристап кон иста тема, кој не е помалку квалитетен и интересен. Напротив.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
,,Во постела со демонот,, од Ерика Јонг
Најверојатно годините и искуството си го направиле своето затоа што оваа жена знае запрепастувачки добро да ја сервира вистината. Во некои моменти и описи станува малку здодевна и знае да се повторува за некои работи но во целост одличен роман.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Не знам кој колку го читал Александар Дима или колку му се с е допаѓа неговиот стил но лично мене триологијата Тројцата мускетари многу ми се допадна.Стилот на пишување не може да се спореди со стиловите на писателите кои пишуваат сега,прекрасен начин на опис на ликови и места ,а притоа успева да ве заинтригира да продолжите да читате.
 

NIght_Elf

High Priestess
Член од
15 јуни 2007
Мислења
479
Поени од реакции
13
Не знам кој колку го читал Александар Дима или колку му се с е допаѓа неговиот стил но лично мене триологијата Тројцата мускетари многу ми се допадна.Стилот на пишување не може да се спореди со стиловите на писателите кои пишуваат сега,прекрасен начин на опис на ликови и места ,а притоа успева да ве заинтригира да продолжите да читате.

Баш сега ја прочитав Бартоломејска ноќ. Еден одличен историски роман, навистина добро е прикажан масакарот за време на Бартоломејската ноќ. Исто така многу ми се допадна како се претставени ликовите. Овој роман на Александар Дима е еден од оние кои би можела да ги читам повторно и повторно..
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Баш сега ја прочитав Бартоломејска ноќ. Еден одличен историски роман, навистина добро е прикажан масакарот за време на Бартоломејската ноќ. Исто така многу ми се допадна како се претставени ликовите. Овој роман на Александар Дима е еден од оние кои би можела да ги читам повторно и повторно..
Е ова негово дело го немам прочитано...ќе го сметам за препорака:helou:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Др. Петар Поповски, “Ѓорѓија Кастриот - Искендер’’.

Прекрасна книга за нашата средновековна историја.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
„Името на розата“ од Умберто Еко. Прекрасен роман, со повеќеслојно значење. Приказната се одвива во еден средновековен манастир на бенедиктинскиот монашки ред на Апенинскиот Полуостров, каде што по игра на случајноста се присутни еден францискански духовник со неговиот ученик. Тие ќе бидат замешани во серија мистериозни настани кои го вознемируваат свештенството. Романот, во кој мошне реално е доловен временскиот период во кој се одвива дествието (се работи значи, за историски роман) истовремено е интересна детективска приказна, теолошка расправа и психолошки трилер.
Според делото во 1986 година е снимен и филм, со Шон Конери и Кристијан Слејтер во главните улоги. Филмот воопшто не е лош, но книгата за мене барем, е далеку подобра.
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
-Така зборуваше Заратустра
Не се викаше таа ,,така беседеше заратусра‘‘? Ако збориме за истата, од Ниче!?

Мене речиси сите книги што сум ги читал (а биле многу) ми оставаат некаков впечаток, а сега кога го видов насловот на темата еве ми текна на ,,Игра во ‘ржта‘‘ од Селинџер! Ја прочитав книгата, историјата на книгата и животниот пат на авторот, и се е така некако магично! Дури се вели дека книгата се користи за влијание врз да речам плитко-морални личности, пример истата книга е најдена во џебот на Ли Освалд - убиецот на Кенеди и во џебот на убиецот на Џон Ленон, што е малку збунувачко. Покрај ова и многу други занимливости, а и самиот роман е совршено напиша, и мислам дека би се допаднала секому кој би ја прочитал, затоа и топло ја препорачувам на оние што уште не го направиле тоа:wink:

..Странецот‘‘ на нобеловецот Албер Ками! Три пати сум ја прочитал и со секое читање добивам нови впечатоци од книгава. Мислам дека сторијата не е којзнае колку интересна и богата со настани, темата е слична на ,,Процес‘‘ на Франц Кафка и ,,Злосторство и казна‘‘, само што е далеку помала со букви, ликови и настани, но самиот стил на Ками, самиот начин на опишување на предмети, ликови, настани дури чувства и т.н. те тера да уживаш во секој прочитан збор и да несакаш да престанеш со читање!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom