Мое мислење е дека денес мултивитаминот како бодибилдинг суплемент е малку потценет и добар дел не го сфаќаат сериозно и целосно не ја согледуваат важноста и потребата токму на овој суплемент во арсеналот на секој билдер и сериозен вежбач, затоа ќе пишам еден краток текст за оние кои спаѓаат во горенаведената категорија.
Секој пат кога ќе се споменат суплементите секогаш на прво место ни се протеините, креатинот, топачи на масти или суплементите за зголемен перформанс. До некаде и разбирливо бидејќи сите компании кои ги произведуваат главно се фокусираат на нивна реклама и поголема промоција во однос на другите. Но, се поставува едно прашање и тоа дали сакате поголема виталност, дали сакате оптимално функционирање на вашиот метаболизам, епа тогаш сигурно тоа нема да го постигнете без витамини и минерали. Најпрво морам да спомнам дека кога говорам за овој суплемент, пред се мислам на оние мултивитамини наменети за вежбачи. Вие можете да земете и некој Мулти од Тинекс или Веро, ама тој едноставно не е доволен и ни од блиску ги нема потребните состојки во онаа количина која на вам ви е потребна. Тие се наменети за оние лица кои воопшто немаат зголемена физичка активност во текот на денот.
Прво малку поблиску да ги објасниме мултивитамините кои всушност се збир од витамини, минерали и антиоксиданти. Витамините се органски и послежени за разлика од минералите. Тие се состојки кои се есенцијални за организмот за неговото функционирање. Нам познати ни се Витамините Ц и Б (кои не мораме да ги внесеме во нашето тело преку исхраната) И витамините А, Д, Е и К кои нашето тело природно ги создава. Витаминот А е корисен за видот, коските, забите и го подобруваат имунитетот кај човекот. Витаминот Б е корисен за нервниот систем, кожата, како и за дигестивниот систем, витамините Ц, Д, Е и К се корисни од повеќе аспекти и тоа за зголемена апсорбција на цинкот (кој е пак чувар на имуниот систем кај човекот) и дејствуваат како моќни антиоксиданти.
За разлика од нив минералите се наоѓаат во попроста хемиска форма од витамините. Најчесто во суплементите можеме да ги најдеме Боронот, Калциум (за силни и здрави коски), Хром, Јод (за зголемена синтеза на Тириодниот хормон), Железо, Лутеин (за подобра функција на сетилото за вид), Мгнезиум, Манган, Никел, Потасиум, Селениум, Ванадиум и други. Освен за наведените користи кои ги имаме од нив, тука се и подршката на здравиот холестерол, активатори на разни ензими, здрава кожа и коскена структура, подобрена работа на срцето и мозочните функции.
Доколку се решите да го надополните вашиот арсенал со Мuлтивитамин, најчесто ќе го најдете во форма на таблети. Јас лично препорачувам да се набави Мулти каде витамините и минералите ни се поделени во различни таблети, нешто како кај Animal Pak-от и иако таму имате 11 големи пилули кои некогаш е навистина тешко да ги проголтате, сепак нивната апсорбција ќе биде поголема и вашето тело ќе искористи повеќе од нив отколку кај оној суплемент каде треба да конзумирате само две пилули, каде всушност имате микс од сите состојки кои се наоѓаат внатре.
Како време кога треба да се конзумираат е веднаш наутро, бидејќи тогаш му најпотребни на организмот или веднаш после првиот оброк. Некои препорачуваат тие да се конзумираат после интензивен тренинг, сепак мое мислење е дека поголема ефективност ќе имаат доколку се земат како што пишав претходно.